Author: dino

Фудбалерот на германскиот состав Лајпциг, Дани Олмо, заработи потешка повреда на рамото на вчерашниот меч со Келн во Бундес лигата и ќе мора да отсуствува од терените одреден период. Тоа на средбата со новинарите го потврди тренерот на Лајпциг, Марко Росе, кој верува дека играчот од средниот ред повторно ќе отсуствува подолго време. „Ситуацијата не изгледа добро, тој беше одведен во болница. Нешто не е во ред со неговото рамо“ – изјави Росе.

Read More

Фудбалерот на Реал Мадрид, Чуамени, вчера заработил потешка повреда на дербито со Барселона и ќе мора да оди на подолг период на рехабилитација. Французинот по мечот се пожалил на болка во ногата по што било утврдено дека има фрактура на коската на левото стапало. Според весникот – „Марка“, црномурестиот играч ќе биде надвор од стројот околу месец и половина.  

Read More

Вооружени лица ноќеска ги киднапирале родителите на ѕвездата на Ливерпул, Луис Дијаз, потврдија медиумите во Јужна Америка. Според последните информации од Колумбија, мајката на фудбалерот е пронајдена а неговиот татко е во заробеништво. Локалниот портал – „Семана“ објави снимка од киднапирањето на која се гледаат вооружени напаѓачи на моторцикли и возило во кое наводно се наоѓаат родителите на Дијаз.

Read More
NBA

Денвер Нагетс славеше против Лос Анџелес Лејкерс со 119:107 во првиот натпревар во новата сезона во НБА лигата. Во главна улога беше Јокиќ со трипл-дабл од 29 поени, 13 скокови и 11 асистенции. Кај Лејкерси најефикасен беше Леброн со 21 поен, 8 скокови и 5 асистенции. Феникс Санс како гостин беше подобар од Голден Стејт со 108:104. Бакер имаше 32 коша а Дурант застана на 18. Кај „воините“ се издвои Кари со 27 кошеви.

Read More

Фудбалерите на Реал Мадрид продолжија со максималниот ефект во Лигата на шампионите и по гостувањето во Португалија.   Тие ја победија Брага со 2-1 а еден од головите беше дело на англискиот репрезентативец Џуд Белингем кој влезе во историјата на „кралевите“. Тој успеа да погоди на сите три натпревари во  тековнава сезона со што стана втор новајлија со таков ефект кај „белите“ . Претходно тоа му успеало на Кристијан Карембе во сезоната 1997-98.

Read More

Екипата на Баерн Минхен со триумфот на гостински терен кај Галатасарај со 3-1 постави неверојатен рекорд во Лигата на фудбалските шампиони. Победата во Истанбул за „баварците“ е осмата по ред на гостински терен во групна фаза со што продолжи и низата од 37 натпревари без пораз во сегашниов сегмент. Тоа е воедно и 16-та победа во серија.

Read More

Тренерот на Барселона, Чави Ернандез, има големи проблеми во ростерот за денешниот меч со Шахтјор во 3 коло во Лигата на шампионите.  Под знак прашалник се Педри, Френки де Јонг, Роберт Левандовски и Рафиња  додека надвор од терените се и Жил Кунде и Серхи Роберто. Гави е суспендиран поради исклучувањето во Порто. Кога ќе се погледне списокот на играчи за натпреварот, тренерот на Барселона на располагање има само 12 првотимци.

Read More

Ракометниот состав Еурофарм Пелистер ја прекина соработката со Александар Јовиќ и Звонко Шундовски. Според објава на клупската фан-страница на Фејсбук, Шундовски самиот се повлекол од функцијата тим-менаџер на која беше назначен во месец март додека Јовиќ е разрешен од позицијата прв тренер. Во наредните натпревари екипата времено ќе ја води Бранко Ангеловски кој ја има улогата и на спортски директор. Македонскиот состав утре ќе го пречека Кјелце, во шестото коло од ЛШ.

Read More

Поранешниот селектор на руската репрезентација, Јуриј Семин, го сподели своето мислење за играта на Квича Кварацелија во редовите на италијанскиот Наполи. „Тој има статус на голем играч во клубот. Тој има огромен потенцијал да го задржи своето ниво и да го зголеми“ – рече Семин. Кварацелија во сезонава одигра осум натпревари за Наполи во Серија А на кои постигна три гола и имаше три асистенции.

Read More

Тренерот на фудбалерите Интер, Симоне Инзаги, зборуваше за претстојниот натпревар од 3. коло од групната фаза на Лигата на шампионите со РБ Салцбург. „Многу е значајно во избалансирана група да одржуваме високо ниво на концентрација.  Салцбург не е лесен тим, победи во Лисабон против Бенфика“ – вели Инзаги. „Тоа е состав кој игра добар и агресивен фудбал. Знаеме дека ќе треба да ја прикажеме вистинската игра на Интер“ – изјави Инзаги

Read More