Ракометарите на Еурофарм Пелистер останаа со празни раце на теренот на Загреб откако домаќинот славеше со 27:18 во меч од 5 коло во Лигата на шампионите. „Зелено-белите“ беа рамноправен противник некаде до 50-та минута кога хрватскиот состав успеа да се одлепи и да направи поголема разлика со што практично го реши мечот. Во македонскиот тим Борзаш постигна 3 гола додека кај противникот се издвоија Кос со пет и Кавчиќ со 4. Во наредната 6-та рунда Еурофарм Пелистер ќе му биде домаќин на Киелце.
Author: dino
Манчестер Јунајтед објави дека играчот од средниот ред Касемиро останал во татковината за да се опорави од ситната повреда заработена на квалификацискиот меч со Уругвај за СП. Тоа значи дека стандардниот првотимец нема да игра на викенд-дуелот со Шефилд Јунајтед во рамките на Премиер-лигата. 31-годишниот Бразилец ќе се врати во клупската база во почетокот на наредната работна недела. Касемиро нема да му биде на располагање на Тен Хаг и на мечот со Копенхаген во Лигата на шампионите бидејќи заработи црвен картон на средбата со Галатасарај.
Извршниот директор на Интер, Џузепе Марота, верува дека неговиот поранешен клуб Јувентус е фаворит за освојување на титулата во Серија А бидејќи нема настапи во европските купови. „Го освоив моето прво Скудето со Јувентус под водство на Антонио Конте во сезона во која исто така не учествувавме во Европа“ – вели Марота. „Моето искуство ми кажува дека е голема предност кога имаш можност да ја планираш сезоната само со натпревари во Серија А и турнирот во Копа Италија“ – потенцира Марота.
Ракометниот клуб Вардар, испрати барање до РФМ за одложување на натпреварот против Еурофарм Пелистер закажан во текот на викендот. -Би сакале да Ве известиме дека во моментов, заклучно со денешниот последен тренинг на екипата, имаме 15-тина играчи и членови на Стручен штаб кои се зафатени од тешка вироза и не се во можност ниту да тренираат, ниту да играат натпревар“ – стои во соопштението.-Во овој момент, би сакале да побараме Официјално одложување на натпреварот од 8-коло Супер-лига мажи, помеѓу екипите на Еурофарм Пелистер и Вардар 1961, се до пронаоѓање на следен датум којшто ќе одговара на двете екипи“, се наведува…
Поранешниот руски репрезентативец, Максим Деменко, вели дека Алексеј Миранчук треба да си замине од италијанскиот фудбалски состав Аталанта бидејќи не ја добива посакуваната минутажа. „Дали Миранчук треба да ја напушти Аталанта? Да, мора. Алексеј треба да најде тим каде што ќе му веруваат“ – вели Деменко. Миранчук се пресели во италијанската Аталанта во летото во 2020 година и одигра вкупно 59 натпревари со девет голови и седум асистенции.
Италијанскиот фудбалски тренер , Карло Анчелоти, ги коментираше наводите за нелегално обложување на Сандро Тонали и Николо Фаџоли. „Тоа беше сериозна грешка, на тие играчи им треба третман. Од научна гледна точка, зависноста од коцкање е болест“ – вели Италијанецот. „ Во исто време, верувам дека тоа е вина на поединечни луѓе а не на целиот италијански фудбал – тоа би било претерување“ – вели Анчелоти.
Манчестер Јунајтед е насочен кон купување на 19-годишниот одбранбен играч за врска на Бенфика, Жоао Невес. Според изворот, „црвените ѓаволи“ планираат да влезат во преговори со тимот од Лисабон пред летото во 2024 година. Невес сезонава одигра 11 натпревари за Бенфика во сите конкуренци. Договорот на играчот со португалскиот клуб е до крајот на јуни во 2028 година.
Луѓето од Ливерпул се заинтересирани за фудбалерот од средниот ред на Баерн (Минхен), Џамал Мусиала, пренесува „Билд“. Според изворот, Баварците немаат намера да се разделат со играчот од средниот ред и планираат да го продолжат неговиот договор. 20-годишниот германски репрезентативец игра за германскиот состав од јули во 2020 година. Досега има 133 настапи со 32 гола и 25 асистенции.
Ракометарите на Еурофарм Пелистер се подготвуваат за гостувањето кај Загреб во новото коло во Лигата на шампионите. Тренерот на битолчани, Александар Јовиќ, се надева на добра партија на дуелот во Хрватска. „Во седум дена нè очекуваат три тешки натпревари од кои два во Лигата на шампионите. Првиот е против Загреб в четврток. Тие се во нагорна линија, го совладаа Колштад и ремизираа со Алборг“ – вели Јовиќ. „Ние против Кил и ПСЖ покажавме дека напредуваме. Со Загреб ќе бркаме прва победа во Лигата на шампионите, потоа ни доаѓаат Вардар и Киелце, сигурен сум дека во сите три натпревари ќе дадеме…
Италијанскиот фудбалски тренер, Антонио Конте, кој нема клуб откако ја прекина соработката со англискиот Тотенхем, вели дека жали што на времето си заминал од редовите на Јувентус. „Одбив огромна понуда од Саудиска Арабија – решив да кажам не. Зажалив што го напуштив Јувентус по само три години“ – потенцираше Конте. „Би сакал еден ден да работам во Рома или Наполи“ – вели Конте кој до неодамна се поврзуваше со селекторската позиција во Италија но, тоа не се случи.
