Author: dino

Фудбалската репрезентација на Србија вчера загуби на теренот на Унгарија со 2:1 иако беше доминантна во поголемиот дел од мечот. Избраниците на селекторот Драган Стојковиќ – Пикси, во една акција два пати ја погодија стативата на стадионот во Будимпешта, промашија неколку добри шанси а во два наврата им беше поништен гол. „Факт е дека бевме подобар ривал. По многу параметри оставивме подобар впечаток од домаќинот. Сега со Црна Гора ни претстои најважниот натпревар во квалификациите “ – вели Стојковиќ.

Read More

Фудбалерите на Италија откако вчера очекувано ја совладаа Малта со 4-0 во квалификациите за Европското првенство, сега се насочуваат кон средбата со Англија закажана во вторник на легендарниот стадион – „Вембли“. Селекторот на „аѕурите“, Лучијано Спалети, откако се осврна на дуелот со Малта, ги потенцираше и неговите очекувања од пресметката со „Гордиот Албион“.  „Значајно беше да оствариме лесна победа. Игравме добар фудбал. Натпреварот во вторник против Англија треба да покаже како ќе се развиваме во иднина“ – вели Спалети.

Read More

Селекторот на нашите фудбалери, Благоја Милевски, по поразот од Украина, вели дека не е задоволен само од резултатот. „Честитки за двете репрезентации за покажаното. Мислам дека сите уживаа во фудбалот кој го гледаа. Украина и Македонија покажаа добра игра. Честитки за Украина за победата но, горд сум на моите момци. Успеавме да се наметнеме, за жал не успеавме да дојдеме до гол и кога нема да ги искористиш шансите, поразот е неминовен“ – изјави Милевски. Македонија до крајот на квалификациите ја очекува гостување кај Италија и домашен меч со Англија.

Read More

Анге Постекоглу е избран за менаџер на месец септември во Премиер лигата. Така, Австралиецот стана првиот тренер кој некогаш ја освоил наградата во дебитантските два месеци од кариерата во англиската елита. Последниот менаџер кој ја доби наградата и во август и во септември беше Јирген Клоп, што се случи во сезоната на освојување на титулата на Ливерпул. Тотенхем останува непоразен во Премиер лигата, а „Спарси“ ги победија Барнли, Шефилд Јунајтед и Ливерпул во септември и ремизираа во дербито со Арсенал. Австралиецот победи во конкуренција на Клоп, Артета, Емери и Хау. Наградата за играч на месецот му припадна исто така на…

Read More

Американските сопственици на Манчестер Јунајтед, семејството Глејзер, во рок од неколку дена ќе свикаат состанок на управниот одбор на кој ќе се дискутира за новата понуда на Сер Џим Ретклиф. Британскиот милијардер, кој речиси една година се наддаваше со шеикот Џасим бин Хамад ал Тани за купување на клубот, реши да ја промени тактиката откако процени дека семејството Глејзерс навистина не покажа дека е подготвено да го продадат целосниот пакет акции. Неговиот потег требаше да понуди 1,5 милијарди фунти за 25% од акциите. Така, семејството Глејзер ќе го задржи мнозински влог. Шеикот Јасим се уште не ја повлече понудата од…

Read More

На 13 октомври во 1993 година, македонската фудбалска репрезентација го одигра првиот меч по осамостојувањето. Селекцијата предводена од Андон Дончевски пред околу 3.000 гледачи ја победи Словенија во Крањ со 4:1. Прв стрелец во историјата на Македонија е Зоран Бошковски – Чоко. Потоа во листата на стрелците се запишаа и Дарко Панчев, Драган Канатларовски и Чедомир Јаневски. Македонија на првиот историски натпревар настапи во состав: Зоран Мицевски, Кире Грозданов, Зоран Јовановски, Драги Канатларовски, Илија Најдовски, Чедомир Јаневски, Зоран Бошковски, Љупчо Марковски, Дарко Панчев, Бобан Бабунски и Тони Мицевски. Од клупата за резерви влегоа уште Сашо Милошевски, Горан Георгиевски, Неџмедин Мемеди…

Read More

Жоан Мир, светскиот шампион во Мото ГП од 2020 година, верува дека заминувањето на Марк Маркез од Хонда нема да ги промени многу работите. Вчера шесткратниот шампион беше потврден како нов член на Дукати за следната година. Мир кој и се приклучи на Хонда во почетокот на годинава, изјави, дека не е изненаден од одлуката на Маркез да замине.

Read More

Српскиот тенисер, Новак Ѓоковиќ, проговори за неговите цели до крајот на годинава. „Ќе играм во Париз и Торино но, сакам да сум успешен и на финалниот турнир од Дејвис Купот. Во Малага ќе бидеме мотивирани и верувам дека можеме до титулата“ – изјави Ѓоковиќ. Лидерот на АТП листата има реални шанси да остане на челната позиција доколку успее да победи барем на еден од последните Мастерс турнири.

Read More

Тренерот на Пелистер, Александар Јовиќ, му ја честита победата на Раул Гонзалез, стратегот на ПСЖ и му посака повторно да ја освои Лигата на шампионите. „Не беше лесно да се игра во Париз, им честитам на моите ракометари. Мислам дека одигравме добро тимски против моќен состав. Верувам дека сме на добар пат. Раул е голем пријател на македонскиот ракомет и сакам да му посакам оваа сезона да ја освои Лигата на шампионите со ПСЖ“ – изјави Јовиќ. Битолчани во наредното коло ги очекува меч со Загреб.

Read More

Ракометарите на Еурофарм Пелистер го претрпеа и четвртиот пораз во Лигата на шампионите. Тие денеска загубија кај ПСЖ со 31:26. Во редовите на Еурофарм Пелистер се издвоија Пешевски, Тајник и Борзаш со по 5 погодоци додека кај домаќинот Камил постигна седум. Битолчани во наредното коло ќе играат со хрватскиот состав Загреб кој денеска одигра нерешено со Алборг.

Read More