Репрезентативецот на Босна и Херцеговина, Един Џеко, по вчерашниот тежок пораз на домашен терен од Португалија со 5-0, вели дека неговата селекција дури добро поминала резултатски. „Кога ќе примите гол во 3-та минута, нозете почнуваат да ви се тресат. Прелесно примавме голови поради индивидуални грешки. Како започна, на крајот добро и завршивме со пет гола во мрежата.“ – вели Џеко. „Веќе немаме шанси преку квалификациите, ни преостанува уште баражот од Лигата на нации. Се надевам дека тогаш ќе бидеме комплетни и дека ќе се пласираме на Европско првенство“ – изјави Џеко.
Author: dino
Селекторот на фудбалерите на Шведска, Јане Андерсон, откри што се случувало на полувремето на мечот со Белгија кој беше прекинат по грозоморниот чин во Брисел кога во терористички напад беа убиени двајца фанови на „викинзите“. „ Дознав за информацијата само што влегов во соблекувалната, претходно не знаев ништо. Тоа беше нереално за мене, во каков свет живееме? – рече Андерсон. „ Кога сите влегоа во соблекувалната, почнавме да зборуваме и бевме 100 проценти убедени дека не смееме да излеземе на теренот од почит кон невините жртви и нивните семејства, – изјави Јане Андерсон.
Фудбалскиот меч од квалификациите за ЕП меѓу Белгија и Шведска е прекинат на паузата меѓу двата дела откако гостите одбија да продолжат поради терористичкиот акт во кој беа убиени две лица. Имено, медиумите во Белгија објавија, дека во центарот на Брисел, напаѓачот, кој викал дека е член на ИСИС и извикувал „Алаху акбар“, застрелал две лица наводно, облечени во дрес на Шведска и тоа на само пет километри од стадионот „Хејсел“. Портпаролката на белгиското Обвинителство потврди дека е отворена истрага но, не шпекулираше за мотивите на напаѓачот. На видеата на социјалните мрежи се гледа како напаѓачот користи автоматска пушка а…
Челниците на фудбалскиот состав Милан го пикирале играчот на Бетис, Хуан Миранда, кој најави дека нема намера да го продолжи договорот со шпанскиот состав. Тоа значи дека во јануари левиот бек ќе може да преговара со друг клуб. Таа ситуација сака да ја искористи калчо-лигашот и да го ангажира од јуни во 2024 година. Фудбалерот на трансфер-пазарот вреди околу 10 милиони евра.
Тренерот на фудбалерите на Рома, Жозе Мурињо, нема да го продолжи договорот со тимот од Италија и веројатно ќе си замине на крајот на сезоната, тврдат денеска дел од медиумите на „Чизмата“. Според предвидувањата, Португалецот ќе остане во Рим до јуни во 2024 година за да го одработи договорот а потоа веројатно ќе замине за Саудиска Арабија. Не се исклучува можноста „специјалниот“ да прифати понуда и од некој друг клуб од Европа.
Фудбалерот од средниот ред на Челзи, Ромео Лавија, повторно се здоби со повреда на зглобот и ќе биде надвор од терените, пренесува денеска – „Daily Mail“. Клубот го очекува враќањето на 19-годишниот играч во ноември како најоптимистичка прогноза. Белгискиот играч за врска во изминатото лето се пресели од Саутемптон во Челзи. 19-годишникот настапи на 34 натпревари на кои постигна еден гол и направи една асистенција.
Фудбалерот на Ливерпул, Трент Александар – Арнолд, проговори за целите во неговата натамошна кариера. „Имам големи соништа и амбиции и покрај тоа што постигнав многу. Сè што треба да направам е да одам и да го реализирам тоа! – вели играчот на „црвените“. Дефанзивецот во сезонава има седум натпревари во сите конкуренции. Неговиот договор со Ливерпул е до крајот на јуни 2025 година а неговата трансферна сума е 65 милиони евра.
Женската ракометна репрезентација на Македонија денеска во Виљнус ја совлада домашната Литванија со 31:28 во рамките на 2 коло во квалификациите за ЕП 2024 година. По убедливиот триумф против Азербејџан со 40-17, Македонија сега со втората победа направи голем чекор кон европскиот собир. Сара Ристовска имаше 9 голови а Андреа Седлоска 8. На голот одлична беше Јована Мицеска со осум одбрани. Кај домаќинот, Арчисевскаја постигна девет голови. Македонија и Шпанија кои се лидери на табелата со максимални 4 бодови, ќе се сретнат во наредната рунда закажана за догодина на 28 февруари. Македонија ќе биде домаќин.
Челниците на Ливерпул размислуваат за евентуална замена на Мохамед Салах доколку интернационалецот од Египет прифати да замине во Саудиска Арабија. Познато е дека играчот на „црвените“ е мета на неколку екипи од Арапскиот полуостров и дека е само прашање на време кога ќе ја напушти Европа. Затоа, англичаните планираат да го ангажираат играчот на Баерн Минхен, Лерој Сане. Наводно, луѓето од „Енфилд“ планираат да испратат понуда од 100 милиони евра за германскиот фудбалер.
Актуелниот светски шампион во Мото ГП, Франческо Бањаја е победник на трката за Големата награда на Индонезија. Италијанецот со новите бодови успеа се врати на лидерското место во генералниот пласман. Во тоа до некаде му помогна и Хорхе Мартин кој пред да падне беше на чело на колоната но, на крајот остана без бодови. Второто место на подиумот го пополни Марк Вињалес од „Априлија“ а третото Фабио Квартараро со моторот на „Јамаха“. Наредната трка ќе биде возена за Големата награда на Австралија.
