Author: dino

Напаѓачот на Милан, Ноа Окафор, го напушти кампот на швајцарската репрезентација откако се здоби со полесна исекотина во сообраќајна несреќа во Италија. Инцидентот  се случил по победата на Милан од 1-0 на гости кај Џенова. Фудбалерот по собраќајката добил неколку конци над окото. Според најавите, Окафор ќе може да се врати во дресот на Милан по паузата за репрезентативни активности.

Read More

Антонио Конте не сака да стартува со работа додека трае сезоната и затоа не го прифатил повикот од Наполи, наведуваат медиумите во Италија. „Газета дело Спорт“, објави, дека италијанскиот стручњак сака да има претсезонски тренинзи за да ги запознае играчите со кои ќе работи. Тоа значи дека поранешниот тренер на Јувентус, Челзи, Интер и Тотенхем, може да прифати нов ангжман само во текот на наредното лето.

Read More

УЕФА ги потврди домаќините за европските фудбалски првенства во 2028 и 2032 година. Континенталниот собир во 2028 година ќе се одржи во Велика Британија и Ирска. Мечевите ќе бидат одиграни во Белфаст, Бирмингем, Кардиф, Даблин, Глазгов, Ливерпул, Лондон, Манчестер и Њукасл. Финалето на турнирот ќе се одржи на „Вембли“ а отворањето на стадионот во Кардиф. Кога станува збор за Турција и Италија, претставени биле 20 стадиони а УЕФА до октомври во 2026 година ќе избере по пет од двете земји.

Read More

Фудбалската селекција на Македонија У21 ги продолжува подготовките за претстојниот меч со Молдавија на стадинот во Кишињев. За очекувањата , проговори репрезентативецот, Лука Станковски. „Со Моладавија мораме да одиграме борбено, офанзивно и сконцентрирано во завршницата. Имаме потенцијал и квалитет за големи достигнувања“ – вели Станковски.„Мораме да продолжиме да играме добро, мотивирано и да се подобруваме. Се надевам дека на крајот ќе се радуваме и ќе имаме успешни квалификации“ – изјави Станковски за сајтот на ФФМ.

Read More

Белгиската фудбалска ѕвезда, Еден Азар, откако си замина од Реал Мадрид и остана без клуб, реши да ги „закачи копачките на клин. „По 16 години кариера и повеќе од 700 мечеви, одлучив да ставам крај. Имав среќа да ги остварам сништата и да играм во големи клубови како и да го носам дресот на Белгија” – објави 32-годишниот Азар. Тој играше за Лил, Челзи и Реал Мадрид. За Белгија има 126 средби и 33 голови.

Read More

Како што пренесува Кориере дело Спорт, во договорот на Руди Гарсија има клаузула со која Наполи ќе биде во поволна ситуација при евентуална превремена разделба. Во случај на отказ до 30. јули, Руди Гарсија ќе добие компензација од околу 3 милиони евра а „наполитанците“ нема да треба да ги исплатат последните две сезони од договорот. Тренерската смена може да се случи многу брзо доколку Антонио Конте ги прифати условите кои му ги нуди првиот човек на Наполи, Аурелио Де Лаурентис.

Read More

По дербито Арсенал-Манчестер Сити настана турканица пред тунелот на стадионот – „Емирати“. Видеото на – „Скај Спортс“, открива, дека Кајл Вокер и Ерлинг Халанд влегле во расправија со Николас Јовер, помошникот на Микел Артета. Интересно е тоа што Ховер работеше кај „граѓаните“ пред две години а Кајл Вокер одби да се поздрави со него по што избија искри и беа разменети вулгарни зборови.

Read More

Аргентинскиот напаѓач на Рома, Паоло Дибала, доживеа повреда на лигаментите која ќе го одалечи од фудбалските терени околу еден месец. Тој на мечот со Калјари мораше пред време да го напушти теренот а дополнителните лекарски прегледи покажале дека не се работи за кинење на лигаментите. Дибала ќе ги пропушти претстојните натпревари на Аргентина со Парагвај и Перу во рамките на квалификациите за Мундијалот во 2026 година.

Read More

Менаџерот на фудбалерите на Тотенхем, Анже Постекоглу, ја прокоментира тешката победа против Лутон во рамките на 8. коло во Премиер лигата. „Одлично го започнавме натпреварот но, откако го добивме црвениот картон многу нешта се променија. Сепак одигравме добро и покажавме голема издржливост“ – вели тренерот на „спарси“. „Играчите на секој меч сакаат да се докажат и да останат во трка за висок пласман. Така беше и денеска“ –  вели Постекоглу.

Read More

Фудбалерот на Јуве, Пол Погба, повторно имаше позитивен тест за допинг. Станува збор за супстанцата тестостерон. Тренерот на „старата дама“, Масимилијано Алегри, вели дека сите треба да му дадат поддршка на Французинот кој се соочува со ригорозна казна и прашање е дали ќе се врати на терените. „Го познавам уште кога беше млад. Штета, фудбалот ќе загуби посебен играч“ – вели Алегри.

Read More