Вејн Руни го напушти кормилото на Ди-Си Јунајтед откако не успеа да влезе во плеј-офот во фудбалската МЛС лига на САД. Неговиот тим вчера победи против Њујорк Сити но, остана на 9 место во Источната конференција. Во разигрувањето за титулата продолжија првите седум екипи од двете конкуренции. „Дојде вистинско време за заминување. Направив се што можам да го одведам клубот во плеј-офот. Некогаш работите не излегуваат како што сакаме“ – изјави Руни.
Author: dino
Челниците на фудбалскиот состав Манчестер Сити ќе му понуда нов договор на голгетерот Ерлинг Халанд до 2028 година, наведува денеска весникот „Дејли Мејл“. Норвешкиот репрезентативец ќе добие зголемување на платата до 400.000 фунти неделно и значителни бонуси. Актуелниот договор на напаѓачот со „граѓаните“ е до 2027 година. Тој беше купен минатата година од Борусија (Дортмунд). Халанд има 42 настапи и 44 голови во Премиер лигата.
Вест Хем доцна синоќа го победи Фрајбург во групната фаза во Лига Европа и стана првиот англиски состав кој врзал 17 средби во Европа без пораз. Менаџерот на„чеканите“, Дејвид Мојс, вели дека не го интересираат рекордите. „Вчера ми кажаа за рекордот и за мене е голема чест што стојам покрај големите менаџери како Дон Реви и Бил Николсон. Среќен сум за победата. Рекордите се добра работа но, поважно беше да се освојат трите бода“ – прокоментира Мојс. Вест Хем е лидер во групата А пред Фрајбург , Олимпијакос и ТСЦ Бачка Топола.
Ливерпул доцна синоќа славеше против Ројал Унион со 2-0 во Лига Европа но, тренерот на „црвените“, Јирген Клоп, вели дека не е задоволен од прикажаното. „Не ми се допадна што во одредени моменти моравме да се браниме. Требаше да бидеме посигурни и да постигнеме повеќе голови“ – вели Клоп. „Белгија е земја со навистина добра фудбалска култура. Mожевме и поубедливо да победиме. Сепак, бодовите се најзначајни“ – изјави Германецот.
Најефикасниот фудбалер на Мундијалите, Мирослав Клосе, вели дека фудбалот денеска оди во погрешна насока и дека нема никакви допирни точки со неговото време од организациски аспект и пристапот на младите. Поранешниот германски репрезентативец кој се пензионираше во 2016 година, изјави дека не му се допаѓа правецот во кој се движи најпопуларната игра. „Кога бев дете ме интересираше само да вежбам. Фудбалот што го знам не постои. Денешните млади фудбалери првенствено ги интересираат автомобилите, договорите со спонзорите и нивниот изглед“ – потенцираше Клосе.
Дисциплинската комисија на ФФМ го казни Башкими со настап на два натпревари како домаќин на стадион кој е одалеченост од најмалку 100 километри од Куманово и плус парична казна од 2.500 евра. Причина за казната е влегувањето на навивачите на Башкими на теренот и нападот врз гостинските фудбалери на Саса на меч од Втората лига.Башкими за наредниот меч в недела против Кожув ќе мора да пријави друг стадион.
Тренерот на фудбалерите на Рома, Жозе Мурињо, се надева дека искусниот дефанзивец, Крис Смолинг, ќе успее пред време да ја санира повредата на тетивата и дека набрзо ќе се врати на терените. Англискиот интернационалец е во процес на рехабилитација повеќе од еден месец или гледано од дербито со Милан. „Кориере дело Спорт“ наведува, дека Смолинг веројатно нема да игра в недела на мечот со Калјари. Неговото враќање на теренот се очекува на средбата против Монца на 20 октомври.
Фудбалерите на Њукасл вчера на домашен терен во рамките од второто коло во Лигата на Шампионите го совладаа големиот фаворит ПСЖ со убедливи 4:1. Менаџерот на англичаните, Еди Хау, не крие дека е презадоволен од прикажаното. Неговиот тим сега е лидер на табелата пред Французите, Милан и Борусија Дортмунд. „Неверојатна ноќ за нас, среќен сум за клубот и поддржувачите. Создадовме многу шанси во првото полувреме со агресивниот пресинг. Презадоволен сум од играчите. Тоа беше навистина добра ноќ“ – рече Хау.
Португалија, Шпанија и Мароко ќе бида домаќини на Светското фудбалско првенство во 2030 година. ФИФА потврди дека првите три меча ќе се одиграат во Уругвај, Аргентина и Парагвај за да се одбележи 100-годишнината од првиот Мундијал реализиран во Јужна Америка во 1930 година. Ќе потсетиме дека наредниот светски шампионат во 2026 година ќе биде во САД, Мексико и Канада. Таму титулата ќе ја брани Аргентина.
Глазгов Ренџерс по поразот на домашен терен од Абердин го отпушти Мајкл Бил. Тој на кормилото на шкотскиот состав во 42 натпревари имаше 30 победи, 4 нерешени и 8 порази. „Јасно е дека резултатите не ги оправдаа очекувањата на управата, навивачите и самиот Мајкл“, коментираше претседателот на Управниот одбор на Ренџерс, Џон Бенет. Ренџерс е трет во шкотскиот шампионат со 12 бодови или седум помалку од лидерот, Селтик.
