Author: dino

Тренерот на фудбалерите на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне, по победата против Кадиз , го пофали настапот на неговиот тим. „Започнавме многу добро и во првите минути имавме две чисти шанси. Потоа, противникот нe казни и направи предност од два гола“ – изјави Симеоне. „Сепак, успевме да направивме се што беше во наша моќ за да дојдеме до пресврт и тоа го заслуживме“ – изјави тренерот на Атлетико.

Read More

Екипата на Ливерпул излезе со соопштение откако судиската организација на ФА призна дека на „црвените“ им беше поништен регуларен гол на дербито со Тотенхем кое го загубија со 2:1. -Ливерпул го прифаќа признанието за грешката, јасно е дека правилата не се правилно применети што резултирало со загрозување на интегритетот на спортот. Ние ќе ги истражиме сите можни опции“, стои во соопштението од Ливерпул. Во меѓувреме судиите кои беа во ВАР собата се санкционирани.

Read More

Екипата на Тојота ја обезбеди четвртата титула во серија кај конструкторите во Светскиот рели шампионат откако возачите, Елфин Еванс и Кале Рованпера, успеаја да ги освојат потребните бодови на трката во Чиле. Тоа е седма светска титула за Тојота која доаѓа по точно 30 години откако беше освоен првиот пехар во 1993-та. Најуспешна екипа во историјата останува Ланчиа со 10 светски титули пред Цитроен со 8.

Read More

Нашата најдобра тенисерка, Лина Ѓорческа, по триумфот на фјучерсот во Куршумлиска бања, забележа скок на новата ранг листа на ВТА. Таа сега се наоѓа на 186 место или напредуваше за цели 30 позиции. Ѓорческа најдобриот пласман го имаше во 2017 година кога стигна до 170 место во светското рангирање. Лина во нејзината кариера има освоено 13 титули.

Read More

Македонската тенисерка, Лина Ѓорческа, го освои победничкиот пехар на фјучерс турнирот во Куршумлиска Бања во соседна Србија. Таа во финалето беше супериорна против Антонија Ружиќ од Хрватска и ја победи со 2-0 во сетови и тоа идентично со 6:3. Фјучерсот во Србија се играше на земјена подлога и имаше вкупен награден фонд од 40 илјади долари. Ѓорческа сега има 13 трофеи освоени во поединечна конкуренција.

Read More

Возачот на Дукати, Хорхе Мартин, по вчерашниот триумф во спринт, победи и на денешната трката за Големата награда на Јапонија во Мото Гран При која беше реализирана со само 12 кругови или половина од планираното поради лошите временски услови. Второто место му припадна на Франческо Бањаја од Дукати а третото на Марк Маркез од Репсол Хонда. Во Топ 10 влегоа и : Бецеки, Еспергаро, Милер, Аугусто Фернандез, Ди Џанантонио, Раул Фернандез и Квартараро. Бањаја со 319 бодови води во генералниот пласман пред Мартин со 316 и Бецеки со 265. Наредната трка во Мото ГП шампионатот треба да се реализира во…

Read More

Денеска низ улиците на Скопје се одржа 19-то издание на „Виз ЕР Скопски Маратон“ со учество на преку 11.000 атлетичари од 53 земји. Во маратонската трка (42,195 км) победи Виктор Киплагат Серем  – Кенија пред неговиот сонародник  Лабан Черјот  и нашиот репрезентативец, Дарио Ивановски . Во женска конкуренција најбрза беше Рут Чемисто Матебо од Кенија пред нејзината сонародничка Мерци Кипкемои и Хрватката, Марија Врајиќ. Нашата Билјана Кираџиева заврши на четвртото место. Во Полумаратонот (21,097 км) во машка конкуренција најбрз беше Бен Фелтон (В. Британија) пред  Србинот , Велимир Бојовиќ и нашиот, Леонид Вандевски. Во женска конкуренција на највисокото место на…

Read More

Под мотото –„Трчањето ќе ве промени“,  на 1 октомври (недела), ќе се реализира 19-то издание на Виз Ер Скопски маратон. Во улога на организатори се појавуваат Сојузот на спортови на Скопје и атлетскиот клуб Работнички додека покровители се: Град Скопје, Агенцијата за млади и спорт и Делегацијата на Европската Унија. Денеска на прес-конференција, Директорот на трката, Кире Синадиновски, излезе со одредени детали. „Ќе имаме преку 11.000 учесници од 53 земји. Бројките навистина ме изненадија иако сме далеку од рекордот. Сега го враќаме и Државното првенство што ќе биде дополнителен мотив за нашите атлетичари. Очекуваме временските услови да бидат добри и…

Read More

Тренерот на фудбалерите на Милан, Стефано Пиоли, не крие дека е задоволен од победата на вчерашното гостување кај Каљари. „Добро го започнавме мечот и можевме да поведеме но, не бевме сконцентрирани. Потоа примивме гол поради невнимание. Сепак успеавме да победиме на тежок натпревар“ – изјави Пиоли. „Играта беше крајно изедначена. Добро е што успеавме да се наметнеме иако во второто полувреме направивме неколку грешки“ – вели тренерот на „росонерите“.

Read More

Фудбалерите на Интер вчера го претрпеа првиот пораз во Серија „А“ и тоа на домашен терен од Сасуоло. Тренерот на „нероаѕурите“, Симоне Инзаги, вели дека целиот тим одиграл лошо. „Бевме добри само во првото полувреме. Од шансите што ги создадовме требаше да постигнеме повеќе голови“ – вели Инзаги. „Во вториот дел откако го примивме првиот гол, нашата игра се распадна. До крајот на мечот не успеавме да ги искористиме шансите“ – изјави тренерот на италијанскиот состав.

Read More