Author: dino

Потпретседателот на Интер и воедно клупска легенда, Хавиер Занети, беше гостин во подкастот на италијанскиот комичар, Џакомо Порети, кој е голем фан на тимот. Одличниот дефанзивец зборуваше за најразлични теми поврзани со неговата долга кариера во миланскиот гигант. Тој се осврна и на составот со кој беше освоена – „триплетата“.   „Бевме силен тим . Многу е значајно тренерот да го пренесе тоа чувство. Тоа е дел од фудбалот но, кога си мирен, порано или подоцна вложеното ти носи успех. Ако сте упорни, резултатите ќе дојдат“ –рече Занети.

Read More

Тренерот на фудбалерите на Њукасл, Еди Хау, потврди дека новото име во тимот Харви Барнс, поради повреда, ќе мора да паузира подолг период . Играчот кој дојде од Лестер има повреда на стапалото и на палецот на ногата и според првите најави ќе биде во аут неколку месеци. „Беше на снимање. Сѐ уште треба да се реши дали ќе мора на операција или не. Харви има многу необична повреда која ја доби без контакт“ – рече тренерот на Њукасл. Барнс на седум мечеви во сезонава има еден гол и една асистенција.

Read More

Здружението на професионалните фудбалери во Англија и Велс (ПФА), сака да интервенира во конфликтот меѓу менаџерот на Манчестер Јунајтед Ерик тен Хаг и играчот, Џејдон Санчо, пишува весникот – „Тајмс“. Проблемите започнаа по мечот со Арсенал кога холандскиот тренер изјави дека не е задоволен од пристапот на крилниот напаѓач на тренинзите а Санчо одговори со објава на социјалните мрежи во која се опиша како – „ жртвено јагне“. Сега, Здружението на фудбалери се активира во обид да дејствува како посредник меѓу двете страни.

Read More

Наредната година Супер-купот на Европа ќе биде одигран на националниот стадион – „Народови“ во полскиот главен град Варшава, објави денеска УЕФА. Мечот меѓу освојувачот на Лигата на шампионите и освојувачот на Лигата на Европа ќе биде реализиран на 14 август . Стадионот има капацитет од 57.000 седишта. Пред само две години, стадионот во Гдањск беше домаќин финалето на Лига Европа меѓу Вилјареал и Манчестер Јунајтед. Финалето пак, на Лига Европа се одигра на националниот стадион во Варшава во 2015 година. Ќе потсетиме дека уште еден полски град, Вроцлав, ќе биде организатор на финале во Конференциската лига во 2025 година.

Read More

Светскиот шампион со Дукати, Франческо Бањаја, иако падна во 13. круг на трката за Големата награда на Индија, останува на врвот на табелата кај возачите во Мото ГП. Неговата предност пред Хорхе Мартин е само 13 бодови. „Не сум баш сигурен што точно се случи. Денеска решив да возам со потврда предна гума. Имав проблеми со сопирачките од почетокот на викендот“ – вели Бањаја. „Такви грешки не треба да се случуваат.  Запирањето е обично нашата посилна страна но, сега испадна дека ни е слабост. Не знам зошто но, мораме да го решиме тоа“ – вели возачот на Дукати.

Read More

Менаџерот на фудбалерите на Арсенал, Микел Артета, по вчерашното реми на домашен терен со Тотенхем (2:2), вели дека неговиот тим требал да дојде до победа во дербито на Премиер лигата. „Мислам дека загубивме два бода иако темпото се менуваше на двете страни. Имавме доминација но, Тотенхем знаеше да не казни за грешките и секогаш се враќаше со гол за изедначување“ – вели Артета. Арсенал и Тотенхем по 6 кола имаат по 14 бодови и го делат 4-то и 5-то место на табелата.

Read More

Навивачите на Челзи доживеаја уште едно разочарување откако нивните миленици загубија на домашен терен од Астон Вила со минимални 1:0 во рамките на Премиер лигата. Иако „сините“ имаат катастрофален почеток на сезоната и речиси се отпишани од трката за титулата, тренерот, Маурисио Покетино, верува дека екипата може да излезе на вистинскиот пат. „Дајте ми време. Тимот дава се што може и потребно е само да работиме. Ни недостасува само едно нешто во моментов а тоа се головите“ – вели Покетино

Read More

Возачот во Формула 1, Карлос Саинц, кој го освои шестото место на трката во Јапонија, вели дека бил крајно изнервиран на одлуката на Ферари за тоа кога треба да влезе во пит-стоп. „Пред боксот бев 1 секунда пред Луис а потоа 8 секунди зад него. Генерално, нашето тркачко темпо беше добро а јас бев задоволен од однесувањето на болидот“ – потенцираше Саинц. „Морам да бидам задоволен иако загубив една позиција. Со моето второ влегување во боксот работите воопшто не се променија“ – потенцираше Шпанецот по трката на „Сузука“.

Read More

Тренерот на фудбалерите на Реал Мадрид, Карло Анчелоти, објасни зошто стартуваше со Модриќ на вчерашниот меч со Атлетико Мадрид кој му припадна на градскиот ривал. „Почнав со Модриќ затоа што сакав да ја имам топката што е можно повеќе а сакав и да го одморам Чуамени“ – вели Анчелоти и објасни зошто на паузата го остави Хрватот во соблекувалната. „Затоа што Атлетико беше подобар од нас. Тие рано постигнаа два гола, подобро се бранеа и имаа брза транзиција“ – изјави тренерот на „кралевите“.

Read More

Тренерот, Јирген Клоп, дојде до 50-та јубилејна победа во европските купови со екипата на Ливерпул. Неговиот состав вчера славеше кај Ласк Линц со 3-1 и ги освои првите бодови во групната фаза во Лига Европа. Германецот со неговиот ефект на клупата на „црвените“, успеа да се наметне како еден од најуспешните менаџери кои работеле во Англија. Ќе потсетиме дека Клоп пристигна  на „Енфилд“ во 2015 година кога го замени Брендон Роџерс.

Read More