Тренерот на фудбалерите на Баселона, Чави, по триумфот против белгискиот Антверпен, вели дека е задоволен од формата на тимот. „Среќен сум поради резултатот а најмногу поради начинот на кој игравме. Првично не користевме пресинг а од 20-та. минута ја контролиравме играта, доминиравме во посед на топка и брзо ги корегиравме грешките“ – вели Чави. „Очигледно е дека нивото на игра се подигна со доаѓањето на Гундоган, Кансело и Феликс. Последните два меча беа одиграни на највисоко ниво откако сум тука“ – рекол Чави.
Author: dino
Илина и Eва Соколовски за прв пат ја претставуваа Македонија на првиот Балкански натпревар во ритмичка гимнастика во Будва. „За пречекот и организацијата едно големо-браво. Јас и Ева ја знаевме конкуренцијата, знаевме дека најголем успех ќе имаат Романија и Бугарија. За нас беше прв ваков голем натпревар под знамето на Македонија“ – вели Илина. „Ева си ги мереше силите со 15-16 годишни натпреварувачки, таа беше најмалата на турнирот и единствена што настапи со четири кореографии како и јас – топка,чуневи, лента и хулохоп. Двете не сме задоволни од резултатот кој го направивме. Свесни сме и знаеме колку заслужуваме“ – вели…
Денеска ќе бидат одиграни првите 8 натпревари од групната фаза во елитата на Европа. Програмата започнува со две средби во 18:45 часот. На „Сан Сиро“, Милан ќе игра со Њукасл додека Јанг Бојс ќе му биде домаќин на РБ Лајпциг. Бранителот на тронот, Манчестер Сити, во вечерниот термин од 21.00 ќе игра со „црвено-белите“ од Белград додека францускиот шампион ПСЖ ќе и биде домаќин на Борусија (Дортмунд). На „Олимпико“ ќе играат Лацио и Атлетико Мадрид додека Феенорд во Холандија ќе го пречека Селтик. Барселона треба да има лесен натпревар на домашен терен против белгискиот Антверпен. Шахтјор (Доњецк) и Порто ќе…
Тренерот на фудбалерите на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне, проговори за денешната пресметка со Лацио во групата „Е“ од Лигата на шампионите. „Лацио знае добро да се брани, се обидува да наметне темпо и има опасни играчи. Тоа е тим кој знае што сака“ – изјави Симеоне и се потсети на времето кога играше за лацијалите. „Имавме неверојатен тим. Со мојот гол против Јувентус се вративме во битката за Скудетото и го освоивме“ – потенцираше тренерот на Атлетико.
Бранителот на пехарот во Лигата на фудбалските шампиони, Манчестер Сити, вреди 1,18 милијарди евра. Втората позиција е за Арсенал кој има пазарна цена од 1,09 милијарди евра додека на третото место е Пари Сен Жермен со 1,04 милијарди евра. Во Топ 10 влегуваат: Реал Мадрид (991), Баерн (Минхен) (897), Манчестер Јунајтед (882), Барселона (814), Њукасл (598), Наполи (577) и Милан (529 милиони). Најмалку вреди на пазарот швајцарскиот Јанг Бојс. Најмлад состав има РБ Салцбург додека највозрасен е тимот на Атлетико Мадрид со просек од 28,5 години.
Европската фудбалска унија (УЕФА) отвори истрага против ПСЖ поради трите трансфери во Катар за кои постои сомневање дека се спорни. Станува збор за заминувањето на Верати за 45 милиони евра, на Јулијан Дрекслер во Ал Ахли, платен за 15 милиони евра и на Абу Диало кој беше продаден за девет милиони евра. УЕФА ќе истражува дали парите од Катар ќе му помогнат на ПСЖ да прикаже приходи со цел да се исполнат условите од финансискиот фер-плеј.
Шефот на Ферари, Фредерик Васер, го пофали Карлос Саинц кој успеа да победи на трката за Големата награда на Сингапур. Шпанецот со тоа стави крај на доминацијата на Ред Бул и Макс Верстапен. „Не сум изненаден од силниот настап на Саинц. Мислам дека нема друг пилот кој може да се справи со последните 10 круга толку интелигентно“ – вели Васер. „Менталната подготовка за викендот беше одлучувачка. Карлос беше брз и сигурен уште од првиот круг а тоа помага многу“ – изјави Васер.
Лиам Лосон откако во третиот старт успеа да ги освои првите бодови за Алфа Таури во Формула 1 и тоа на трката во Сингапур, веројатно ќе добие шанса и во Јапонија. „Не знам уште колку стартови ќе имам, се обидувам да го извлечам максимумот од секоја можност. Приликава ја чекав долго време“ – вели Лосон. „Одлично ја познавам патеката – „Сузука“. Таму допрва ќе имаме шанси за добар настап“ – изјави возачот од Нов Зеланд.
Фудбалерот, Михајло Мудрик, не успева да се адаптира на условите во Премиер-лигата, вели менаџерот на Челзи, Маурисио Покетино. Украинецот кој беше купен за големи 88.5 милиони евра, нема постигнато гол на 19-ет натпревари во елитата на Англија. Затоа, аргентинскиот стратег, најави, дека ќе обрне внимание на играта на 22-годишниот напаѓач. „Тој има што да научи бидејќи во Премиер лигата е се многу брзо. Ќе му дадам време да се подобри во сезонава“ – потенцираше тренерот на „сините“.
Тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри, по триумфот против Лацио во дербито во Серија „А“, искористи шанса го пофали Фредерико Киеза. „Фредерико сега игра поблиску до Влаховиќ и учествува во создавањето на шанси. Киеза се подобрува во однос на техниката, фокусот и интензитетот“ – вели Алегри. „Атмосферата беше одлична. Треба да бидеме поблиску до реалноста, целта ни е да завршиме меѓу првите четири“ – вели тренерот на „старата дама“.
