Author: dino

Најдобрата македонска тенисерка, Лина Ѓорческа и препушти само еден гем на Сада Нахимана од Бурунди и лесно скокна во полуфиналето на турнирот во Скопје. По само 52 минута игра, Ѓорческа првиот сет го доби со 6-0 а вториот со 6-1. Ѓорческа сега ја чека меч со Ива Приморац од Хрватска која денеска ја елиминираше првата носителка Леолиа Жанжан од Франција.

Read More

Македонската машка кошаркарска репрезентација се спушти шест места на новата ранг-листа која во текот на денов ја објави Светската кошаркарска федерација (ФИБА) Сега го имаме 59-то место во светското рангирање и 30-то кога станува збор за европската репрезентативна кошарка. На чело на листата се кошаркарите на САД пред Шпанија и новиот светски шампион – Германија.

Read More

Селекторот на нашите најдобри фудбалери, Благоја Милевски, по вчерашната победа на дуелот со Малта, потенцира, дека новите фудбалери ја оправдале довербата. „Честитки за играчите. Одигравме добар меч и заслужено ги освоивме бодовите. Малта континуирано покажува дека е сериозна репрезентација. Ме радува фактот дека имаме млада репрезентација и дека одиме по добар пат да направиме конкуретна селекција за наредните 5-6 години“ – вели Милевски. „Мора да бидам задоволен од тоа што го направија фудбалерите, од мотивот, пристапот, борбеноста. Тимот добива нов лик и горд сум на момците“ – потенцира Милевски

Read More

Македонскиот  фудбалски репрезентативец, Јани Атанасов, не крие дека е задоволен од вчерашната победа на теренот на Малта во рамките на квалификациите за Европското првенство. „Делувавме многу компактно и заслужено дојдовме до трите бода. Покажавме дека одлично играме под притисок и мислам дека сме зрели за многу успеси во иднина“ – вели Атанасов.„ Одлично работевме на теренот и заслуживме победа, бевме добри и во офанзивата и ги искористивме шансите“ – рече нашиот фудбалер.

Read More

Возачот во Формула 1, Серхио Перез, верува дека неговиот тимски колега од Ред Бул, Макс Верстапен, успеал да постигне подобар баланс на болидот RB19, што му помага да биде побрз и во исто време подобро да ги заштити гумите. Мексиканецот последен пат успеа да го победи Холанѓанецот на трката во Азербејџан во Баку. „Разликата во перформансите на нашите болиди е видлива. Тој успеа со неговото возење и зачувувањето на гумите да направи успеси“– објасни Перез.

Read More

Високиот директор на Светскиот рели шампионат (WRC) задолжен за спорт, Питер Тул, објасни дека електричните автомобили во моментов не се опција. „Сите кои се вклучени во WRC се согласуваат дека треба да ја задржиме комбинацијата на хибридни погонски единици и горива создадени на одржлив начин“ – објасни Тул. „Целосно електричниот погон, во моментов, со оглед на достапните технологии, не е опција за нас – објасни Тул.

Read More

Фудбалскиот состав Челзи го претстави третиот дрес за тековната сезона. Тоа е референца од првиот тим во историјата на клубот од 1905 година. Бојата е карактеристична и позната на островот како Етон сина, која е нијанса на зелената со прелив кон сина која е традиционална боја на „Стемфрод Бриџ“. Фудбалерите за прв пат ќе го облечат новиот дрес в недела на гостувањето кај Борнмаут. Дресот е се уште се без преден спонзор а ќе го носи и женската екипа на лондончани.

Read More

Македонската фудбалска репрезентација У21 го претрпе првиот пораз во квалификациите за пласман на Европското првенство во 2025 година. На теренот – „Петар Милошевски“ во Скопје, избраниците на селекторот, Драган Канатларовски, загубија од главниот фаворит во групата Холандија со 2-0. Првиот гол го постигна Ноа Охајо во 68. минута по еден продор од левата страна додека само 4 минути подоцна Тејлор погоди од белата точка. На табелата Холандија е лидер со максимални 6 бодови додека Македонија, Грузија, Молдавија и Шведска имаат по 3. Гибралтар е на последното место без бод. Нашите млади фудбалери на 17 октомври во рамките на 3 коло…

Read More

Денеска на состанокот на претставниците на сите 12. клубови-учесници во најквалитетното натпреварување и раководството на федерацијата, беа извлечени натпреварувачките броеви со кои се формираше и распоредот на натпреварите во Првата лига-мажи за сезоната 2023/2024. Согласно Бергеровиот систем за натпреварување со 12.екипи-учесници, формирани се и двојките за првото коло кое ќе започне на 30. септември ДВОЈКИ 1. КОЛО (30.09/01.10,2023)Гостивар – ПелистерАкадемија ФМП – Еуро Никел 2005Чаир 2030 – Феникс 2010Кожув – МЗТ Скопје АеродромРаботнички – ТФТВардар – Охрид

Read More

Мечот меѓу Хусеин Акбасов и Даниел Пинеда кој беше закажан за 7 октомври во Лас Вегас е одложен од страна на УФЦ. Причината за тоа е што еден од двајцата учесници е обвинет за киднапирање и изнудување пари.Тоа е Акбасов кој беше уапсен на 3 септември на Тајван. Организацијата ќе почека да завршат сите правни процеси пред да даде дополнителни изјави но, наведува дека борбата Акбасов-Пинеда на 7 октомври е одложена.

Read More