Високиот директор на Светскиот рели шампионат (WRC) задолжен за спорт, Питер Тул, објасни дека електричните автомобили во моментов не се опција.
„Сите кои се вклучени во WRC се согласуваат дека треба да ја задржиме комбинацијата на хибридни погонски единици и горива создадени на одржлив начин“ – објасни Тул.
„Целосно електричниот погон, во моментов, со оглед на достапните технологии, не е опција за нас – објасни Тул.