Author: dino

Црногорскиот репрезентативен бек во редовите на Вардар, Васко Шеваљевиќ, очекува тежок меч в недела против унгарскиот состав ПИК Сегед во новата рунда во Лигата на ракометните шампиони. „Вардар мора да оди на победа. Имаме уште два дена да се подготвиме, се работи за одлична екипа која на секоја позиција има по двајца врвни ракометари“ – вели Шеваљевиќ. „Постои некакво ривалство меѓу Вардар и ПИК Сегед што ќе го направи мечот поинтересен. Ќе одиме на победа и освојување на бодовите како и секогаш“ – потенцираше бекот на „црвено-црните“ пред мечот в недела од 18.00 часот во СЦ Јане Сандански.

Read More

Меѓународната федерација за бијатлон (IBF) објави дека сезоната во Светскиот куп нема да заврши во Холменколен поради новите ограничувања воведени во Скандинавија за време на пандемијата со КОВИД-19. Трките во Норвешка кои требаше да се одржат од 18 до 21 март ќе бидат преместени во друг зимски центар кој дополнително ќе биде објавен. „Внимателно да ја следиме состојбата со пандемијата. Разочарани сме што втора година по ред нашите спортисти нема да можат да се натпреваруваат во Холменколен, но, ние целосно ја почитуваме одлуката на локалните власти“ – стои во сооштението на „IBF“ на  профилот на Твитер. Како можни локации за…

Read More

Двократниот шампион во Формула 1, Фернандо Алонсо, кој се подготвуваше да се врати на патеките по двегодишно отсуство, има скршеница на вилицата по несреќата што ја претрпе вчера додека возеше велосипед во близина на неговиот дом во Швајцарија, информира Би-Би-Си. Шпанецот кој бил удрен од автомобил и хоспитализиран, сега ќе биде пренесен во болница во главниот град Берн бидејќи таму се најдобри специјалисти за тој вид на повреди. Бидејќи до почетокот на сезоната има нешто повеќе од еден месец, се наметнува дилемата дали Алонсо ќe се појави во Бахреин на 28 март во болидот на Алпин.

Read More

Челниците на фудбалскиот состав Челзи размислуваат како да го ангажираат играчот на Интер, Кристијан Ериксен, кој не успеа да се наметне во италијанскиот состав. „Сините“ ќе се обидат да договорат евентуална размена на играчи и затоа контактирале со колегите од Интер за да им го понудат Жоржињо. Според „Калчомеркато“, лондончани, проценуваат дека нивниот играч вреди повеќе на трансфер пазарот за околу 15-20 милиони евра. Интер останува на ставот дека нема разлика во сумата и дека може да се случи само размена. Новиот тренер на Челзи, Томас Тухел,  исто така се надева дека идејата ќе се реализира и дека искусниот дански…

Read More

Напаѓачот на Баерн Минхен, Роберт Левандовски, кој ја доби наградата – „најдобар фудбалер“ на Светското клупско првенство во Доха, го опиша достигнувањето на тимот како „неверојатно“.  Баварците ги освоија сите можни трофеи (6) во една сезона. „Сè што сакавме беше да успееме Сега имаме шест трофеи. Имавме голема желба да победиме“ – вели Левандовски. „Им реков на момците на полувремето дека треба повеќе да упатуваме центаршутеви во шеснаесетникот“ – изјави голгетерот од Полска кој беше во улога на асистент во 59-та минута кога Павар го постигна единствениот гол на мечот.

Read More

Португалскиот фудбалски судија, Луис Годињо и неговото семејство добија смртни закани откако им покажа два црвени картона на играчите на Порто  на мечот со Брага одигран во рамките на португалскиот куп. Мечот имаше големо надополнување откако Давид Кармо од Брага мораше со брза помош да биде однесен во болница. Во тие моменти Дијаз доби црвен картон додека Урибе беше исклучен во седмата минута од судиското продолжение за намерен удар на противнички играч. Потврда за заканите упатени кон судијата дојде и од страна на судискиот комитет. Претходно раководството на Порто упати жестоки реакции кон  Годињо.

Read More

Јапонскиот фудбалер од средниот ред, Кејсуке Хонда, го напушти португалскиот Портимоненсе само една недела откако го потпиша договорот на 4 февруари. 34-годишниот Јапонец кој претходно играше за бразилскиот Ботафого доби дозвола да се врати во Европа и да побара нов клуб. Иако тоа навистина се случи, Портимоненсе од аминистартивни причини не успеа да го регистрира на време и тој мораше да си замине. Хонда кој во минатото ги бранеше боите ЦСКА Москва и Милан, ќе се обиде да пронајде нов клуб бидејќи сака да избори место во олимписката репрезентација на „самураите“ за летните Игри во Токио.

Read More

Менаџерот на фудбалерите на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, испрати оригинален поздрав до светскиот клупски шампион Баерн Минхен по освојувањето на трофејот во Доха. Видео пораката од Гвардиола, кој го предводеше германскиот тим во периодот од 2013-2016 година, се појави на профилите на баварскиот гигант на социјалните мрежи. Баерн вчера го победи мексиканскиот Тигрес со 1-0 откако Бенџамин Павар погоди во 61-та минута.„ Јас сум многу горд, честитки до сите, особено Ханс-Дитер Флик, играчите и целиот персонал за големиот успех. Сакам да го потсетам Ханси дека сте вториот тим кој освои шест титули по ред! Пред вас тоа беше Барселона“ –…

Read More

Тренерот на фудбалерите на Баерн Минхен, Ханси Флик, откако е на кормилото на Баварците се израдува на шест трофеи. Неговиот тим вчера по победата во финалниот меч против екипата на Тигрес го освои победничкиот пехар на светското клупско првенство во Доха. Тој ефект донесе интересен податок дека  Флик има освоено повеќе трофеи споредено со бројот на поразите откако седна на кормилото на Баерн Минхен. Воедно неговиот состав го изедначи рекордот на Барса. Пред светската клупска титула, Баерн ги освои Бундес-лигата, Лигата на шампионите, Купот на Германија, Супер-купот на Германија и Супер-купот на Европа. Барселона тоа го направи во 2009 година.…

Read More

Швајцарката, Лара Гут-Бехрами,  победи во денешната трка во Супер-Џи на Светското првенство во алпско скијање што се одржува во италијанското зимско одморалиште – Кортина д’Ампецо . Таа оствари време од 1:25.51 минута или за 34 стотинки побрзо од сонародничката, Корин Зутер, која го обезбеди сребрениот медал. Бронзата и припадна на Американката Микаела Шифрин. Трумфот на Гут-Бехрами и го донесе првиот медал на Швајцарија на Светските првенства по пауза од цели 20 години или конкретно по успехот на Соња Неф во 2001-та кога победи во Ст. Морис во трката во веле-слалом.

Read More