Author: dino

Поранешниот фудбалер и менаџер, Марк Хјуз, ги советува челниците на Манчестер Јунајтед да му понудат на „извонредниот“,  Единсон Кавани, нов договор. 33-годишен играч кој по заминувањето од Париз беше ангажиран на „Олд Трафорд“, успеа да постигне шест голови и да направи две асистенции на 16 мечеви. Сега легендата на Манчестер Јунајтед, Хјуз, верува дека Единсон заслужува продолжување на договорот. „Пред да дојде во клубот, [Маркус] Рашфорд, [Ентони] Марсијал и [Мејсон] Гринвуд беа во средината на нападот, но, видовме дека ниту еден од нив не ја одигра улогата како што треба. Кога Кавани игра, чувствувате дека тимот има повеќе фокус“ –…

Read More

Манчестер Јунајтед во текот на летото ќе се обиде да го ангажира фудбалерот на  Борусија Дортмунд, Џејдон Санчо. 20-годишното момче и во 2020 година се поврзуваше со трансфер на „Олд Трафорд“, но, „црвените ѓаволи“ не сакаа да ја платат сумата од 108 милиони фунти. Сега се наведува дека „милионерите“ планираат да ја намалат сумата на 88 милиони. Според  -СПОРТ1, Дортмунд очекува репрезентативецот на Англија да замине од клубот и дека Челзи или Манчестер Јунајтед ќе ја платат трансферната сума.

Read More

Крилото на бразилскиот eлитем состав Флуминензе, Каики, по се изгледа кариерата ќе ја продолжи во Премиер лигата. Според одредени наводи, Манчестер Сити е близу до купување на 17-годишниот фудбалер. Првично, „граѓаните“ ќе платат 10 милиони евра а земајќи ги в предвид бонусите износот на целиот трансфер може да порасне на 17 милиони. Според објавеното, младиот Бразилец во 2022 година, ќе му се приклучи на младинскиот тим на Манчестер Сити откако ќе биде зваршена целата процедура околу работната дозвола.

Read More

Менаџерот на фудбалерите на Ливерпул, Јирген Клоп, денеска доби тажна вест од Германија дека починала неговата 81- годишна мајка, Елизабет. Менаџерот на „црвените“ нема да може да присуствува на погребот поради ограничувањата предизвикани од пандемијата. Познато е дека Германија не им дозволува влез на патниците од Велика Британија. „Таа беше сè за мене. Таа беше вистинска мајка во најдобрата смисла на зборот. Знам дека сега е на подобро место. Не можам да одам на погребот, но, што е можно побрзо, ќе ја одржиме церемонијата што таа ја заслужува” – рече Клоп.

Read More

Селекторот на нашите најдобри кошаркари, Александар Тодоров, го скрати првичниот список и одреди 17. кошаркари кои во наредниот период ќе се подготвуваат за квалификацискиот  -„балон“ во Перм. Конечната листа на патници за собирот во Русија ќе биде затворена непосредно пред заминувањето на 15. февруари во раните утрински часови со специјален чартер-лет кој го обезбеди федерацијата. Еве го списокот на репрезентативците кои до 14-ти ќе работат под диригентската палка на Тодоров. Андреј Магдевски (МЗТ Скопје Аеродром) Кристијан Николов (МЗТ Скопје Аеродром) Дамјан Стојановски (МЗТ Скопје Аеродром) Бојан Крстевски (МЗТ Скопје Аеродром) Филип Бакоч (МЗТ Скопје Аеродром) Лука Савиќевиќ (МЗТ Скопје Уни…

Read More

Тренерот на ракометарите на Еурофарм Пелистер, Жељко Бабиќ, очекува два тешки меча со унгарскиот состав Татабања во Европската лига кои според договорот меѓу двата тима ќе бидат одиграни утре и в четврток во салата во Битола. „Ќе беше подобро да имавме поддршка од публиката, сепак, полесно е да играме на домашен терен, отколку да патуваме. Татабања е цврст тим, кој има силен ритам 60 минути. Верувам дека ќе бидеме трпеливи, мудри и храбри за да го добиеме мечот“ – вели Бабиќ. „Верувам дека Кушан ќе игра иакои ма проблеми со коленото. Карим ќе игра, ќе ни се приклучи а Вегар…

Read More

Челниците на фудбалскиот состав, Реал Мадрид, размислуваат да го продадат Рафаел Варан во текот на летото доколку не се согласи да го продолжи договорот кој му истекува во 2022 година. Францускиот интернационалец кој од 2015-та е стандарден во дефанзивната линија на „кралевите“, се наоѓа на листата за засилување на неколку европски гиганти. Денеска весникот – „Марка“, пишува дека во моментов четири клубови се заинтересирани за потписот на младиот стоперот кој во континуитет пружа одлични партии. Според наведеното, во преден план се наметнуваат ПСЖ и Манчестер Јунајтед а во трката најверојатно ќе се вклучат и Челзи и Јувентус.

Read More

Спортскиот директор на фудбалскиот состав Милан, Паоло Малдини, очекува дека ветеранот, Златан Ибрахимовиќ, ќе остане на „Сан Сиро“ најмалку уште една сезона. Двете страни набрзо треба да ги започнат преговорите за продолжување на соработката а Малдини е убеден дека Швеѓанецот ќе продолжи да го носи дресот на „росонерите“. Популарниот Ибра кој во сезонава постигна 16 голови на 17 мечеви, се гледа како главна фигура во нападот. Милан во моментов е лидер во Серија „А“ со освоени 49 бодови или два повеќе од градскиот ривал Интер.

Read More

Голманот на фудбалскиот состав Ливерпул, Алисон Бекер, се најде на удар на медиумите и навивачите поради големите грешки на дербито со Манчестер Сити со што на некој начин кумуваше на убедливиот пораз. Токму неговите невешти реакции и додавања во опасната зона, им овозможија на „граѓаните“ да постигнат два гола. Иако по тој пораз неговиот тим практично е отпишан од трката за титулата, тренерот,  Јирген Клоп, застана во одбрана на бразилскиот голман. „Алисон е еден од најголемите професионалци. Зборував со него,  многу му тешко, но, тоа е дел од фудбалот“ – потенцирал Клоп.

Read More

Фудбалерот, Еден Азар, кој се прослави во дресот на Челзи пред да направи трансфер во Реал Мадрид, вели дека на времеот имал симпатии кон тимот на Арсенал. „Кога бев мал, најмногу ја гледав репрезентацијата на Франција. Ги обожавав Зинедин Зидан и Тиери Анри. Тешко ми е да го признаам тоа поради мојата приврзаност кон Челзи, но, во тоа време имав симпатии кон Арсенал“ – потенцираше Азар кој сака да остане што е можно подолго на теренот. „Неодамна наполнив 30 години и ако моето тело дозволува, сакам да се натпреварувам барем уште 5-6 години. Кога ќе бидам повреден, ќе останам дома…

Read More