Македонските одбојкари ја совладаа Црна Гора со убедливи 3-0 и веројатно обезбедија место во фазата на елиминации на Европското првенство. Во исполнетиот СЦ Борис Трајковски, избраниците на селекторот, Јошко Миленковски, во сите три сета беа супериорни и сосема заслужено ја обезбедија втората победа во групата. Утре во третото коло наш противник ќе биде селекцијата на Полска која е фаворит за освојување на медал. Потоа ќе не чекаат и средбите со Холандија и Чешка.
Author: dino
Најтрофејниот тренер во борење во историјата на македонскиот спорт и едно од најславните имиња во боречкиот спорт, Насе Насев, поранешен директор на Македонскиот Олимписки Комитет (МОК) почина денеска по кратко боледување на 80 годишна возраст. Насев, роден во Кочани во 1943 година, е еден од основоположниците на македонското борење, поранешен борач и тренер на Спартак од Кочани, долгогодишен селектор на репрезентацијата на бивша Југославија, а потоа и на независна Македонија.Учесник е на десет Олимписки игри, творец на легендите како Шабан трстена, Шабан Сејдиу и многу други кои ја прославија Македонија и македонското борење, а како спортски директор на МОК, под…
Денеска беа формирани групите за новата сезона во Конференциската лига на УЕФА. Нашиот репрезентативец Бојан Миовски со Абердин ќе игра против Ајнтрахт Франкфурт, ПАОК и Хелсинки на Дејан Илиев кој е повреден и ќе го пропушти остатокот од сезоната. Милан Ристовски со Спартак Трнава влезе во групата „Х“ заедно со Фенербахче, Лудогорец и Нордсјеланд. Првото коло се игра на 21 септември.
Колумбискиот фудбалер, Дуван Запата, ќе ја продолжи кариерата во Торино.Тој ќе замине на едногодишна позајмица кај „биковите“ кои на крајот на сезоната ќе имаат можност да му го откупат договорот за околу осум милиони евра. Напаѓачот кој во претходните години беше стандарден во првата постава на Аталанта, полека ја загуби довербата кај тренот Гасперини по што одлучи да си замине. Составот од Бергамо во текот на летово го ангажираше инталијанскиот репрезентативец, Џанлука Скамака.
Челниците на фудбалскиот состав Милан се обидуваат на само неколку часови пред крајот на трансферниот период да го ангажираат членот на Севилја, Рафа Мир. Според медиумите на „Чизмата“, Мир ќе дојде како позајмен една сезона на стадионот – „Сан Сиро“ но, во неговиот договор ќе има клаузула и за целосен откуп на неговите права на крајот на првенството. 26-годишниот фудбалер во претходната сезона се појави на 36 натпревари. Тој постигна 8 голови и направи една асистенција за шпанскиот состав.
Англиските медиуми тврдат дека Манчестер Јунајтед го договорил потписот на фудбалерот Софијан Амрабат. Луѓето од „Олд Трафорд“ денеска биле во Италија за да ги прецизираат сите точки околу ангажманот на играчот на Фиорентина. Мароканецот кој имаше забележителни настапи на последниот Мундијал во Катар, ќе игра една сезона како позајмен во англискиот состав. Првично премиерлигашот ќе плати 10 милиони евра и ќе добие дозвола да му го откупи договорот на крајот на сезоната за околу 30 милиони со вклучени бонуси.
Фудбалерот, Матеус Нуњес, денеска потпиша договор со шампионот на Англија и на Европа, Манчестер Сити. „Граѓаните“ за неговиот ангажман допрва ќе му платат на Вулверхемптон големи 55 милиони евра. Интересно е дека 25-годишниот фудбалер влезе во професионалните води пред само четири години кога го облече дресот на португалскиот Спортинг Лисабон. Нуњес на „Етихад“ треба да биде замена за Де Бруин кој има потешка повреда и ќе оди на подолг процес на рехабилитација.
Фудбалскиот состав на Вардар денеска го потврди седмиот трансфер во текот на летниов преоден рок. Станува збор за 32-годишниот играч за врска, Филип Дурански, кој во претходната сезона настапуваше за екипата на Скопје. Тој има богата кариера бидејќи ги носеше дресовите на Работнички, Силекс и Турново а надвор од границите играше во Славија Прага (Чешка) Севан (Ерменија) Игнатиа (Албанија), Серед (Словачка) и Олимпијакос Никозија (Кипар).
Кејден Гровс од тимот Алпин-Декоенинк ја освои втората последователна етапна победа на Трката околу Шпанија. Гровс (24) победи во последниот спринт на петтата етапа долга 185,7 километри од Мореа до Буриана. Тој ја мина целта со време од 4 часа, 23 минути и 43 секунди пред Италијанецот Филипо Гана (Инеос) и Белгиецот, Дрис ван Гестел (Тотал Енерџи) Гровс сега го зголеми водството во трката за зелената маичка. Тој има 60 бодови повеќе од второпласираниот Андреа Вендрам (Италија/AG2R).
Луис Алберто откако ги одби понудите да се пресели во Саудиска Арабија, се определи да ја продолжи соработката со Лацио до 2028 година. Фудбалерот од средниот ред кој беше купен од шпанската Севилја во 2016 година, е еден од најстандардните во редовите на „римските орли“. Тој за лацијалите има одиграно 260 натпревари и постигнато 47 голови.
