Фудбалскиот состав на Челзи ќе добие пет милиони евра од италијанската Рома како обештетување за позајмица на Ромелу Лукаку. Белгискиот напаѓач во претходната сезона играше како позајмен во Интер. „Нероаѕурите“ иако имаа опција не се одлучија да му го откупат договорот. Корпулентниот голгетер има тековна соработка со „сините“ до летото во 2026 година.
Author: dino
Филмот – „Патот на Кобра до ѕвездите“ направен за легендарниот, Дарко Панчев, ја доби првата награда. Филмот кој го снимаше и продуцираше Спорт Клуб ТВ, Спорт Нетворк од Србија и Спортско радио 90,3 ФМ од Скопје, очекувано доби награда на 12-от Меѓународен филмски фестивал на спортскиот филм – Под сјајот на ѕвездите“ кој беше одржан на Златибор. Станува збор за наградата – „најдобар филм за личност во спортот“.
Нашата натпреварувачка во таеквондо, Мила Релиќ, го освои второто место и сребрениот медал на собирот во Естонија. Таа издвојува 3 победи против натпреварувачките од Финска, Германија и Норвешка а претпре пораз во финалето од Каролине Сантос од Бразил. Мила успеа да ја победи на стартот Вилхемила Хаинонен, потоа беше подобра од Лаура Гебер а во полуфиналето беше совладана Каролине Гјелсвик. Релиќ годинава успеа да дојде до 4 медал од најсилните Г турнири од светската лига а со тоа да освои и нови поени за олимписката ранкинг листа.
Макс Верстапен го израмни рекордот на Себастијан Фетел за најмногу последователни победи во Формула 1 откако беше најбрз на домашното Гран При на Холандија. Тој успеа да дојде до деветиот триумф во серија. Второто место му припадна на Шпанецот, Фернандо Алонсо со болидот на Астон Мартин додека трет низ целта помина Французинот, Пјер Гасли, со возилото на Алпин. Во топ 10 влегоа и : Перез, Саинц, Хамилтон, Норис, Албон, Пјастри и Окон. Кај возачите неприкосновен лидер е Верстапен пред Перез и Алонсо додека Ред Бул речиси ја има титулата кај конструкорите. Наредната трка ќе биде возена на 3 септември за…
Манчестер Сити и Њукасл ќе бидат предмет на истрага од Европската комисија за наводно прекршување на правилата за државно финансирање, пишува Дејли Мејл. Комисијата потврди дека добила жалби против двата клуба од различни земји за кршење на новите правила дизајнирани да спречат „државна помош“ што ги нарушува пазарите. Манчестер Сити е во сопственост на шеикот Мансур од Обединетите Арапски Емирати. Саудискиот фонд за јавни инвестиции (PIF) пак има контролен пакет од 80% од акциите во Њукасл. Засега нема потврда за тоа кој точно ги поднел жалбите.
Тренерот на фудбалерите Рома, Жозе, Мурињо, остана без услугите на првиот напаѓач Паоло Дибала, објавија денеска медиумите во Италија. Ѕвездата на римскиот состав се повреди на мечот со Верона во второто коло во Серија „А“ и ќе мора да паузира до средината на наредниот месец. Аргентинецот дефинитивно ќе мора да го пропушти дербити со Милан закажано за 1 септември. „Волчицата“ на стартот на сезоната има едно реми и еден пораз.
Тренерот на фудбалерите на Милан, Стефано Пиоли, кој доби дури девет нови играчи во текот на летово, вели дека му треба време да направи компактен состав кој ќе конкурира за титулите во сите конкуренции. „Новите играчи ќе бидат импресионирани на Сан Сиро иако дел од нив доаѓаат од големи клубови. Се надевам ќе имаат позитивни спомени “ – вели Пиоли и се насочи кон проблемот со напаѓачите. „Во моментов Жиру е добар, Коломбо е тука а Окафор може да одговори на предизвикот. Мислам дека ќе немаме проблеми“ – вели тренерот на „росонерите“.
Италијанците денеска најавија дека фудбалерот, Ромелу Лукаку, се договорил со тренерот на Рома, Жозе Мурињо и дека ја прифатил понудата да замине на позајмица во Рим. Напаѓачот на Белгија кој фигурира на платниот список на Челзи не влегува во плановите на менаџерот на „сините“ и затоа ќе мора да оди во друг клуб. Ќе потсетиме дека корпулентниот напаѓач во претходниот шампионат го носеше дресот на Интер но, „нероаѕурите“ не сакаа да му го откупат договорот.
Тренерот на Њукасл, Еди Хау, вели дека нема пријатели меѓу тренерите на противничките екипи. Неговите зборови доаѓаат пред дербито со Ливерпул предводен од Јирген Клоп. „Не сум близок со ниту еден ривалски менаџер. Тешко ми е да негувам пријателство со конкурент“ – потенцираше Хау на средбата со новинарите. Неговиот тим ќе ги пречека „црвените в недела во 17.30 часот. Њукасл има победа и пораз во првите две кола додека Ливерпул стартуваше со победа и реми.
Поранешниот фудбалер на Манчестер Јунајтед, Димитар Бербатов, верува дека „црвените ѓаволи“ можат да имаат добра сезона иако почетокот им беше под очекувањата. „Второто полувреме против Тотенхем беше посебно слабо, речиси идентично како првото полувреме на премиерата против Волвс.Кога не постигнуваш голови противникот добива на сила“ – вели Бербатов. Четата на Тен Хаг по две кола има една победа и еден пораз и се наоѓа на 12-то место во Премиер-лигата.
