Author: dino

Фудбалерите Челзи со голот на Жоржињо од пенал славеа вчера против Тотенхем со минимални 1:0 во дербито на Премиер лигата. Решавачкиот момнет се случи откако Даер сакаше да ја исфрли топката надвор од шеснаесеникот но го удри Вернер а судијата покажа на белата точка. По мечот тренерот на „Спарси“, Жозе Мурињо, ги обвини судиите дека досудиле непостоечки пенал за противникот. „Tие постигнаа гол од пенал кој не е пенал. Не беше тоа опасна ситуација, еден на еден, тоа беше пенал кој е тешко да се прифати. Болно е кога ќе загубите меч на таков начин“ – потенцираше Португалецот.  

Read More

Фудбалерит Жерард Пике кој еден од столбовите во одбраната на Барселона, потенцира дека најголем дел од судиите во Шпанија навиваат за Реал Мадрид и дека се пристрасни кога им судат на „кралевите“. „Неодамна еден поранешен судија рече дека 85% од судиите навиваат за Реал Мадрид. Па како да не судат во нивна корист? Дури и несвесно“ – вели фудбалерот на Каталонците. „Знам дека тие се обидуваат да си ја завршат работата, но, кога ќе има сомнителен момент…“ – потенцираше Пике во последното интервју.

Read More

Откако Германија ги затвори границите за сите што доаѓаат од Велика Британија поради појавата на мутираниот вид на Ковид-19, челниците на фудбалскиот состав Лајпциг ќе мораат да најдат алтернатива за одигрување на мечот со Ливерпул во ЛШ. „Црвените“ треба да гостуваат на 16 февруари но, новата ситуација наметна проблем кој треба да биде решен до понеделник. Во спротивно, германиците ќе го загубат мечот со службен резултат. Постои идеја да се променат термините, Ливерпул да биде домаќин на 16. февруари а реваншот да се игра во Лајпциг на 10. март. Опција е мечот да се игра во Салцбург, но, истоимениот тим…

Read More

Српските власти соопштија дека уапсиле 17 лица во акција против криминален синдикат поврзан со хулигани кои го поддржуваат фудбалски клуб „Партизан“ од Белград. „Апсењата беа резултат на заедничка операција на српската полиција и разузнавачката агенција“, рече вчера министерот за внатрешни работи Александар Вулин, додавајќи дека осомничените се обвинети за убиство, изнуда и трговија со дрога. Дел од нив беа обвинети дека го користеле спортот како фронт за вмешаност во организиран криминал. Водачот на навивачите на Партизан, Вељко Беливук, со прекар „Веља Невоља“ и неговиот близок соработник Марко Миjковиќ, беа меѓу уапсените во рацијата.

Read More

Рускиот интернационалец во редовите на Вардар, Тимур Дибиров, очекува тежок меч на теренот на Порто во Лигата на ракометните шампиони.  Средбата на Пиринеите ќе биде одиграна в четврток во 20.45 часот. „Порто е целата репрезентација на Португалија. Ги гледав во Египе дека одиграа одлично. На истиот начин игра и Порто. Многу се опасни на сите позиции а посебно на домашен терен“ – вели Дибиров. „Ако сакаме да напредуваме мораме да започнеме од Порто. По два месеца без меч, полека влегуваме во ритам и очекувам екипата да биде многу подобра“ – изјави крилото на „вардарци“.

Read More

Ромен Грожан кој ја заврши кариера во Формула 1 по страшната несреќа што за малку не му го одзеде животот кон крајот на минатата година, верува дека седумкратниот светски шампион Луис Хамилтон, нема да има шанса да се избори за бодови ако го вози болидот на Хаас. „Хамилтон никогаш не би имал можност да се избори ниту за бод во болидот на Хас. Тоа е вистина и нема потреба да се лажеме. Секој што бил возач на Формула 1 го знае тоа“ – вели Швајцарецот. „Не е значајно каков талент имате бидејќи кога ќе излезете на патеката тоа е ограничено…

Read More

„Спорт Медијасет“ откри дека челниците на фудбалскиот состав Јувентус во последен миг ја одбиле понудата од 57 милиони евра испратена од Ливерпул за ангажман на дефанзивецот, Мерих Демирел. Интересно е тоа што специјализираниот сајт – „Трансфермаркт“ го проценува Демирал на речиси двојно помала сума од 30 милиони. „Старата дама“  го купи 22-годишниот турски дефанзивец во 2019 година од екипата на Сасуоло за 18 милиони. Тој до пред извесен период се опоравуваше од тешката повреда на лигаментите на коленото.

Read More

Поранешниот италијански фудбалски репрезентативец, Грацијано Пеле, денеска треба да ги помине лекарските прегледи во Парма и да го потпише договорот за една година со опција да му биде продолжен доколку „млекарите“ обезбедат опстанок во Серија „А“. 35-годишниот напаѓач доаѓа како слободен играч откако го напушти кинескиот состав Шандонг Лунег. Пеле по втор пат ќе го носи дресот на екипата од „Енио Тардини“. Тој играше за Парма 6 месеци во сезоната 2011/12. Неговиот нов тим се наоѓа на претпоследното 19-то место во Серија А

Read More

Тренерот на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјер, откако ги пофали фудбалерите за убедливата победа против Саутемптон со 9:0, признава дека е можеби претеран  вториот црвен картон на „светците“ покажан на Јан Беднарек. „Одлуката на судијата кога Саутемптон остана со 9 лица беше чудна. Тоа правило мора да се укине. Кога гостите го добија првиот црвен картон знаев дека е само прашање на време кога ќе го отвориме резултатот “ – вели Солскјер. „Ентони Марсијал играше одлично и можеше да постигне повеќе голови. Сите беа на ниво. Без разлика дали играта е отворена или затворена, мора да ги користите шансите. Никогаш…

Read More

Тренерот на фудбалерите на Арсенал, Микел Артета, ќе бара да се поништи црвениот картон на Давид Луиз кој беше исклучен на вчерашниот меч со Вулверхемптон откако судијата досуди пенал за домаќините. „ Го гледав моментот десет пати од седум различни агли и не можам да го пронајдам контактот. Одлуката го промени натпреварот, знаеме колку е тешко да се игра цело полувреме со играч помалку во Премиер лигата и тоа без еден од стоперите“ – вели Артета. „Јас би барал поништување на картонот, но, треба дополнително да зборуваме и да донесеме одлука“ – дополнил Шпанецот.

Read More