Author: dino

Фудбалерите на Струга со негатива ќе патуваат на реваншот со Брејдаблик во квалификациите за Конференциската Лига. Македонскиот тим денеска во улога на домаќин на теренот во Охрид претрпе минимален пораз од 1-0. Голот за гостите го постигна Гуглаугсон во 35 минута. Претходно на стружани со помош на ВАР им беше поништен погодокот на Шабани. Реваншот на Исланд ќе биде одигран на 31 август од 18.45 часот. Победникот од двомечот ќе влезе во групната фаза во третото по ранг натпреварување под капата на УЕФА.

Read More

Фудбалерот на Џенова и на селекцијата на Исланд, Алберт Гудмундсон, е суспендиран од националниот тим на „рибарите“ поради обвинувања за сексуално насилство, пренесува „La Repubblica“. Против напаѓачот на италијанскиот состав е поднесена жалба од страна на жена која работи за репрезентацијата на Исланд. Весникот наведува дека фудбалерот ги негира обвинувањата а Обвинителството и полицијата работат на случајот.

Read More

Возачот на Ферари во Формула 1, Шарл Леклер, ги демантираше шпекулации дека потпишал нов договор на две години со опција за продолжување на уште три и тоа за одлична сума од  150 милиони фунти. Леклер се пошегува дека со задоволство би потпишал таков договор.   „Посакувам да е вистина, звучи како одличен договор. Но, не, не склучив нови зделки и не преговарав“ – вели Леклер. „Моите намери се сосема јасни. Дури на крајот на сезоната ќе разговараме за нов договор“ – изјави возачот на Ферари.

Read More

Левиот бек, Брендон Вилијамс ќе го напушти Манчестер Јунајтед и до крајот на сезоната ќе игра за екипата на Ипсвич.  Во договорот има опција и за купување на 22-годишниот фудбалер. Вилијамс потекнува од школата на „црвените ѓаволи“ а за првиот тим има одиграно 51 меч со 1 гол и 3 асистенции. Вилијамс има забележано еден меч и за младинската репрезентација на „Гордиот Албион“.

Read More

Фудбалскиот состав Челзи потврди дека го купил Дејвид Вашингтон од Сантос за 20 милиони евра. 18-годишниот напаѓач потпиша 7-годишен договор но, допрва ќе се знае дали ќе остане на „Стемфорд Бриџ“ или ќе биде испратен на позајмица. Во исто време „сините“ најавија дека голманот, Ѓорѓе Петровиќ, ќе дојде во клубот за 14 милиони фунти плус бонуси. Лондончани во текот на летово потрошија 400 милиони за 9 нови играчи.

Read More

Фудбалскиот состав Милан официјално го претстави новото засилување, Марко Пелегрино, кој беше привлечен од Платенсе. Тој доцна синоќа ги помина лекарските прегледи во Милано. Дефанзивецот потпиша договор со Росонерите до летото во  2028 година. Неговата плата ќе биде 3 милиони евра по сезона. Марко е роден на 18 јули во 2002 во Буенос Аирес. Пелегрино ќе го носи дресот со бројот  31.

Read More

Шефот на тимот на Вилијамс во Формула 1, Џејмс Волс, потенцира дека 1 милијарда долари не е висока цена за тим кој учествува во светскиот шампионат. Пред неколку месеци се појавија информации дека  тимовите кои се дел од шампионатот одбиле понуди од инвеститори вредни речиси 1 милијарда долари. „Во НФЛ најевтиниот тим е 4 милијарди а тимовите вредат 6 милијарди долари. За Формула 1 тие милијарда долари, не значат многу а вредноста на тимовите расте“ – вели Волс.

Read More

Од денеска до 26 август во СРЦ „Билјанини Извори“ ќе се одржи меморијалниот турнир „Крсте Андоновски Усташ“. Покрај домаќинот Охрид, од Македонија ќе играат екипите на Голден Арт, Бутел Скопје и Еурофарм Пелистер. Надвор од нашите граници ќе дојдат турскиот Бешикташ, грчкиот Олимпијакос, српската Металопластика Шабац и словачкиот Татран Прешов. Во групата „А„ ќе бидат: Охрид, Голден Арт, Бешикташ, Олимпијакос. Во групата Б ќе играат Еурофарм Пелистер, Бутел Скопје, Металопластика Шабац и Татран Прешов.

Read More

Фудбалерот на Арсенал, Алберт Локонга, кој не добива голема минутажа од тренерот Артета, веројатно ќе се пресели во екипата на Брајтон. Наводно, „галебите“  се заинтересирани да го ангажираат играчот од средниот. 23-годишниот фудбалер во втората половина од претходната  сезона играше како позајмен во Кристал Палас. Локонга има договор со „топчиите“ до 2026 година а неговата вреднос на  трансфер пазарот е околу 20 милиони евра.

Read More

Карлос Тевез е нов тренер на аргентинскиот фудбалски состав Инденпендиенте. Легендата на Бока Јуниорс  ќе има тешка задача да го задржи неговиот состав во Првата лига. Тој доаѓа на местото на Зиелински кој заработи отказ по последниот пораз од Колон. Индепендиенте се пофали со слика на која се гледа како Карлито го потпишува договорот. Тој веднаш ќе почне со работа.

Read More