Младиот фудбалер на Милан, Марко Лазетиќ, ќе биде испратен на позајмица во холандскиот состав Фортуна Ситард, објавија медиумите во Италија. 19-годишниот Србин пристигна во Милано во јануари во 2022 година. Тој вториот дел од претходната сезона го помина како позајмен во екипата на Алтах. Таму одигра 10 натпревари но, не постигна погодок. Лазетиќ на 8 настапи за младинскиот состав на Милан постигна 5 голови.
Author: dino
Фудбалерите на Бајер Леверкузен новото издание на Бундес-лигата ќе го отворат против РБ Лајпциг кој сезоната за стартуваше со победа против Баерн Минхен во Супер-купот на Германија. Тренерот на популарните „аспирини“, Чаби Алонсо, вели дека е задоволен од сработеното на подготовките но, дека вистинските тестови допрва доаѓаат. Според него, сега се започнува од нула. „Мораме да бидеме силни и фокусирани од првиот круг. Подготвени сме. Очекувам поддршка од навивачите на нашиот стадион“ – потенцираше Алонсо на средбата со новинарите.
Килијан Мбапе ќе биде пријавен за утрешниот меч со Тулуз во францускиот фудбалски шампионат откако поради недоразбирањето со раководството го прескокна првото коло и мечот со Лориент. Французинот во текот на летото категорично одби да го продолжи договорот до 2025 година и затоа беше прекомандуван и во младинскиот состав. Сепак, пред неколку дена сепак му беше дозволено да тренира со репрезентативниот тим а тренерот Луис Енрике ќе го има на располагање за утрешниот меч.
Менаџерот на фудбалерите на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, очекува тежок меч против Њукасл во текот на викендот во рамките на Премиер-лигата. „Утре од првата минута ни требаат нашите навивачи. Њукасл е исклучителен тим. Во последните две сезони им оди навистина добро и сега купија играчи кои се совршени за начинот на кој играат.“ – вели Гвардиола. „Минатата сезона го имавме Кевин Де Брујн кој сега е надвор од терените четири месеци, го имавме Гундоган кој повеќе не е тука. Њукасл е тим од Лигата на шампионите. Тоа ќе биде огромен тест за нас“ – вели тренерот на „граѓаните“.
Њукасл испратил понуда за постојан трансфер на талентираниот дефанзивец на Челзи, Луис Хол, информира „Скај Спортс“. Лондончани процениле дека 18-годишниот лев бек вреди минимум 30 милиони фунти но, дека е најдобра варијанта првично да оди на позајмица. Од друга страна, младинскиот репрезентативец на Англија сака перманентен трансфер. Интересно е тоа што Хол пред само две недели потпиша нов 6-годишен договор со „сините“.
Тренерот на фдубалерите на Севилја, Хозе Луис Мендилибар, откри дека Немања Гудељ не бил планиран за последниот пенал во вчерашниот Супер Куп на Европа против Манчестер Сити.Токму промашувањето на србинот во последната серија кумуваше на поразот на шпанскиот состав. „Згрешив што го извадив Ерик Ламела. Да останеше до крај, тој ќе го изведеше пеналот“, рече Мендилибар. „Мислам дека одигравме добар натпревар. Против Сити не е лесно, мислам дека ние сме тимот кој имаше конкретни шанси, но ни недостасуваше гол“ – вели Луис.
Капитенот на српската кошаркарска репрезентација, Богдан Богдановиќ, не крие дека е оптимист околу настапот на Светското првенство. „Што очекувам од Мундобаскетот? Многу, многу. Се најдобро. Верувам дека можеме да ги направиме среќни љубители на спортот и кошарката во Србија“ – вели Богдановиќ. „Ветувам дека на секој меч ќе се бориме од првата до последната секунда, дека на секој натпревар, без разлика на името на ривалот, ќе се обидеме да победиме“ – рече репрезентативецот на нашиот северен сосед.
Српскиот тенисер, Новак Ѓоковиќ, се пласираше во осминафиналето на турнирот во Охајо откако Шпанецот, Давидович Фокина му го предаде мечот по првиот сет. „Тој ми кажа на интернет дека тоа е повреда на долниот дел на грбот. Не е добро за публиката, тие очекуваа да го видатмечот “, изјави Новак. „Убаво е да се вратиш на турнејата со победа но, има малку измешани чувства со оглед на тоа што мојот противник ми го предаде натпреварот. Мило ми е што се враќам во Америка“ – потенцираше Ѓоковиќ.
Луис Максимијано ќе си замине од италијанскиот Лацио и ќе застане меѓу стативите на голот на Алмерија, потврдија од шпанскиот фудбалски клуб преку социјалните мрежи. 24-годишниот голман треба да остане во Примера Дивизион една сезона а потоа има можност да биде откупен за околу 10 милиони евра. Луис во претходната сезона во дресот на „римските орли“ бранеше на шест натпревари.
Нашиот фудбалски тренер, Влатко Андоновски, ќе го напушти кормилото на селекцијата на САД откако не успеа да влезе ниту во четвртфиналето на Светското првенство. Неговиот тим беше елиминиран од Шведска по изведувањето на пенали. Според најавите, Андоновски може да го преземе кормилото на Канзас Сити. Тој ја доби селекторската улога во САД во 2019 година.
