Author: dino

Челниците на Фиорентина успеаја да го ангажираат фудбалерот, Лукас Белтран, кој има аргентинско и италијанско државјанство. Тој доаѓа од екипата на Ривер Плата за 12 милиони евра и плус околу 10 предвидени за бонуси. 22-годишниот Белтран пристигна во Фиренца во текот на викендот и ги помина медицинските прегледи. Белтран со „виолетовите“ потпиша договор до 2028 година и ќе заработува 1,8 милиони евра годишно. Тој во тековната сезона во дресот на Ривер Плата одигра 35 средби со ефект од 16 голови и 4 асистенции.

Read More
NBA

Легендата на кошаркарскиот состав Далас, Кајри Ирвинг, застана во одбрана на поранешниот соиграч Џејмс Харден кој сега ги брани боите на Филаделфија. Откако инсајдерот Адријан Војнаровски објави линк до приказната на „ESPN“ со наслов „Незадоволниот Харден го нарекува претседателот на Сиксерс Мор „лажго““, реагираше токму Ирвинг. „Дали навистина е незадоволен, Адријан? Или и тој бара Дерил Мор да одговара за неговата нечесност и манипулација околу договорите?, рече Ирвинг.

Read More
NBA

Новинарот, Стивен Смит,  ги сподели размислувањата за кошаркарот на Лејкерс, Ентони Дејвис кој неодамна доби продолжување на договорот за 186 милиони долари. „Ми се допаѓа Дејвис. Разговарав со неговиот татко за време на плеј-офот. Знам дека беше малку чувствителен за тоа што го кажав за него. Но, ми се допаѓа АД како играч и како личност“ – рече Смит. 62 милиони долари? од аспект на талент, тој ги заслужува парите, од аспект на стабилност, не. Во еден натпревар може да стане најдобар а во наредниот може да оди во сенка“ – вели Смит.

Read More

Легендарниот тренер на Манчестер Јунајтед, Сер Алекс Фергусон, по вчерашната победа против Вулверхемптон во крајно просечна игра, вели дека двајца фудбалери може да направат разлика во тимот. „Доколку Холјунд се вклопи брзо, тоа ќе биде одлично за тимот. Јунајтед немаше таков играч во изминатите години“ – вели Фергусон. „Јунајтед сега го има Онана кој е фантастично силен во неговиот простор пред голот. Тој е одличен и сигурен голман“ – потенцираше Фергусон.

Read More

Луѓето од Наполи успеале да пронајдат замена за Сергеј Милниковиќ-Савиќ кој замина во Саудиска Арабија. Нов играч на италијанскиот шампион ќе биде младиот, Габри Вега, кој ќе го напушти шпанскиот состав Селта Виго и ќе се пресели во Неапол. Целиот трансфер на фудбалерот од средниот ред ќе биде во висина од 42 милиони евра со вклучени бонуси. Медиумите наведуваат дека Селта ќе добие и 10 проценти од наредниот трансфер на 21-годишниот фудбалер.

Read More

Холанѓанецот, Макс Верстапен, кој победи на 10 од досегашните 12 трки во Формула 1 шампионатот, вели дека ќе биде тешко за Ред Бул да слави на сите патеки до крајот на сезоната. Неговиот тим со досегашниот ефект има реални шанси да го собори рекордот на Мекларен кога станува збор за најголем процент на освоени трки во една кампања. Во 1988 година британскиот тим победи на 15 од 16 трки или 93,8%. „Евентуален рекорд ќе значи повеќе за тимот, јас се фокусирам на секоја трка поединечно. Се обидуваме да останеме во добар ритам и да направиме големо остварување“ – вели Верстапен.

Read More

Тренерот на фудбалерите на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг, очекува Хари Мегваер да се бори за место во првата постава иако имаше одредени шпекулации дека ќе биде продаден до почетокот на сезоната во Премиер лигата. „Мегвар секогаш треба да биде одличен на неговата позиција. Самиот се доведе во ситуација да мора да се докажува“ – потенцираше холандскиот тренер. „Мегваер мора да донесе одлука според неговите желби. Може да остане а може и да си оди. Јас ќе бидам среќен ако го имам на списокот“ – вели Тен Хаг.

Read More

Роберто Манчини деновиве се повлече од кормилото на италијанската фудбалска селекција  поради понудата од Саудиска Арабија. Затоа првите луѓе на федерацијата се обидуваат да пронајдат негов наследник. Според медиумите на Апенините, во преден план се Лучијано Спалети и Антонио Конте. Спалети го напушти Наполи во текот на летово откако ја освои титулата во СЕрија „А“ додека Конте во март си замина од Тотенхем и сега е без ангажман. Италија ќе биде нашиот нареден противник во септември во квалификациите за Европското првенство.

Read More

Возачот на Алпин во Формула 1, Пјер Гасли, се осврна на првата половина од тековната сезона во ГП шампионатот. Тој вели дека тимот можел да оствари подобри резултати. „Морам да кажам дека првата половина од сезоната беше многу напната, вклучително и емотивно. Не се сеќавам кога имав, да речеме, ваква серија неуспеси и настани што доведоа до губење на бодови“ – вели Гасли. „Мекларен ги изненади сите во последните неколку трки а како резултат на тоа ние паднавме на шестото место во генералниот пласман“ – вели Гасли.

Read More

Шпанската фудбалска лига (Ла Лига) верува дека финансирањето на составот на ПСЖ од Катар, го нарушува пазарот спротивно на правилата на Европската унија за странски субвенции. – Како дел од новата политика што произлегува од воведувањето на европска регулатива за странски субвенции кои го нарушуваат внатрешниот пазар, Ла Лига поднесе жалба до Европската комисија во врска со механизмите за финансирање на ПСЖ кои сериозно го нарушуваат внатрешниот пазар на Европската унија (ЕУ). Регулативата стапи во сила на 12 јули 2023 година.  

Read More