Нефункционалноста со системот за електронски влезници на стадинот – „Емирати“ беше причина за пролонгирање на стартот на денешниот меч меѓу Арсенал и Нотингем Форест во рамките на 1 коло во Премиер лигата. Средбата требаше да стартува во 13.30 часот но, трибините тогаш беа речиси полупразни по беше решено мечот да стартува 30-на минути подоцна за да можат фановите да ги заземат нивните места. Арсенал успеа со победа од 2:1 ја отвори сезоната во која има шампионски амбиции.
Author: dino
Одбранбениот фудбалер, Роџер Ибанез, премина во екипата на Ал Ахли, објави саудискиот клуб. 24-годишниот дефанзивец замина од Рома за сума од 28,5 милиони евра а планирани се и 3 милиони во форма на бонуси. – Добредојдовте во Ал-Ахли, Роџер!“, напиша саудискиот клуб. Бразилецот во претходната сезона одигра 48 средби за „римската волчица“ и постигна 3 гола.
Тренерот на фудбалерите на Баерн Минхен, Томас Тухел, проговори околу најавениот трансфер на Хари Кејн од Тотенхем. „Потврдувам, работиме на тоа, не е тајна, работиме со приоритет да потпишеме со Хари Кејн. Се обидуваме да го однесеме капитенот на англиската репрезентација надвор од Премиер лигата, тоа кажува се“ – вели Тухел. Неговиот тим утре го чека дуелот од Супер Купот на Германија против екипата на РБ Лајпциг.
Мојсес Каиседо, не сака да оди во Ливерпул иако челниците на Брајтон ја прифатиле понудата на „црвените“ во висина од 110 милиони евра, објавија денеска медиумите во Англија. „Скај Спортс“ потенцира, дека менаџерите на напаѓачот се во Лондон и очекуваат официјална понуда од Челзи. Репрезентативецот на Еквадор кој во претходната сезона одигра 37 средби во Премиер лигата, беше еден од најдобрите во неговата селекција на последниот Мундијал во Катар.
Претседателот на Европската фудбалска асоцијација, Александар Чеферин, наредната работна недела ќе отпатува во Грција за да се сретне со премиерот во врска со трагичниот инцидент во Атина во кој загина навивач на локалниот клуб АЕК. – Чеферин на 16 август ќе се сретне со грчкиот премиер Киријакос Мицотакис. На дискусиите ќе бидат поканети претставници на четирите најголеми локални екипи – АЕК, Олимпијакос, ПАОК и Панатинаикос, како и луѓе од Министерството за спорт, соопшти владината прес-служба на Грција. Во меѓу време, полицијата во Атина и судските органи, започнаа процес против голем број уапсени фанови пред се од Хрватска.
Заврши сагата околу трансферот на фудбалерот, Хари Кејн, во редовите на Баерн Минхен. Германскиот тим ќе го купи напаѓачот на „спарси“ за 100 милиони евра откако двете страни ги договориле сите услови, најавија медиумите во Европа. Кејн за англискиот состав настапува од 2011 година. Досега има 435 мечеви, постигнал 280 голови и направил 64 асистенции.
Килијан Мбапе е суспендиран од првиот тим на ПСЖ откако францускиот голгетер одби да потпише нов договор. Напаѓачот планира како слободен играч да си замине во 2024 година и затоа не сака да игра на „Паркот на принцовите“. Во меѓувреме Мбапе одби одлична понуда од Ал Хилал да игра како позајмен за една сезона.
Екипата на Ал-Ахли која има високи амбиции во домашниот шампионат доведе уште еден искусен фудбалер од Европа. Станува збор за Африканецот, Франк Кеси, кој кариерата ќе ја продолжи во Саудиска Арабија. Барселона за трансферот ќе добие 12,5 милиони евра а Кеси тригодишен договор тежок 60 милиони евра.
Тренерот на фудбалерите на Бетис, Мануел Пелегрини, пред стартот на новата сезона остана без услугите на играчот од средниот ред, Вилијам Карваљо, кој се повреди на пријателскиот меч со Севилја. „Зелено-белите“ во првото коло во Примера ги чека гостување кај Вилјареал, потоа се домаќини на Атлетико Мадрид а во третото имаат уште едно тешко гостување кај Атлетик Билбао. Во најдобар случај, Карваљо би можел да биде достапен за пресметката со Рајо Валјекано или за мечот со Барселона.
Фудбалерот на Наполи, Виктор Осимен, веројатно ќе остане во клубот откако понудата на Ал Хилал е одбиена, велат денешните информации од Италија. Иако се очекуваше сумата за неговиот потпис да изнесува околу 180 милиони евра, Арапите понудиле многу помалку или околу 100 милиони што не ги задоволува барањата на италијанскиот шампион. Актуелниот договор на нигерискиот напаѓач истекува во 2025 година. Наполи сака да го продолжи за уште најмалку две сезони и затоа планира да му ја зголеми платата.
