Author: dino

Екипата на Ал Ахли за  потписот на Роџер Ибањез ќе и плати на Рома околу 29 милиони евра и дополнително уште три како лесно остварливи бонуси тврдат медиумите во Италија. Згора на тоа, „волчицата“ ќе добие и 20 проценти од наредниот трансфер на Бразилецот кој има само 24 години. Италијанскиот тим ќе инкасира и допоплнителни 1,5 милиони евра за така наречената тренинг компензација.

Read More

Поранешниот фудбалер на Манчестер Сити – Бенџамин Менди, има намера да побара парична отштета од „граѓаните“ за неговото отстранување од тимот додека беше осомничен за силување. Тој во еден период беше елиминиран од списокот на англичаните и остана без финансиски примања. Менди на 14 јули беше ослободен од сите обвиненија а само неколку денови подоцна замина во Лориент. 29-годишниот Французин треба да остане во Лига 1 до 2025 година.

Read More

Екипата на Вест Хем ќе се обиде да ги ангажира во пакет Хари Мегваер и Скот Мектоминеј од составот на Манчестер Јунајтед. Понудата од Лондон е во висина од 70 милиони евра. Менаџерот на „чеканите“, Дејвид Мојс, сака да ја засили дефанзивата и средниот ред и затоа испратил понуда за двајцата фудбалери. „Црвените ѓаволи“ пред неколку денови одбија понуда за Мегваер од 23 милиони евра иако тренерот, Тен Хаг, јасно стави до знaење дека нема да го користи во новата сезона.

Read More

Навивач на АЕК (22) загинал во инцидентите што ги предизвикале навивачите на Динамо Загреб во Атина, јавуваат грчките медиуми. Според нив,  младиот човек по здобиените повреди бил префрлен во болница но, лекарите не успеале да го спасат. Во исто време биле хоспитализирани уште неколку лица. Неофицијалните информации велат дека полицијата привела 96 хулигани од кои најголемиот дел се навивачи на Динамо.

Read More

Французинот, Рено Лавињие, нема да се појави на Светското првенство во атлетика закажано од 19 до 26 во унгарскиот град – Будимпешта. Олимпискиот шампион во скок во височина тоа го потврди преку социјалните мрежи. -Телото не ми дозволува да скокам во Будимпешта бидејќи чувствувам болка, за жал, морам да се откажам“, напиша Французинот на Инстаграм. Неговиот најдобар резултат е 6,16 метри а во неговата богата ризница недостасува само златен медал од светските првенства.

Read More

Голманот на Арсенал, Мет Тарнер, веројатно ќе направи трансфер во екипата на Нотингем Форест, велат последните информации од Англија. 29-годишниот репрезентативец на САД потпиша за „топчиите“ во летото во 2022 година. Тој се појави на само 7 мечеви а прими четири голови.  Трансферот ќе биде околу 7 милиони фунти со дополнителни три во вид на бонуси. Тарнер има брането во екипите на Џерси Експрес и Њу Ингланд. За селекцијата на САД запишал 32 меча.

Read More

Одбранбениот фудбалер, Натан Бернардо Де Соуса, денеска беше промовиран како нов член на Наполи Бразилецот пристигна од Брагантино за скромни 10 милиони евра. Тој доаѓа на местото на Ким Мин-Јае кој по освојување на пехарот во Серија „А“ си замина во германскиот Баерн Минхен. 22-годишниот централен бек претходно беше дел од тимот на Фламенго кој ја освои домашната титула во  2020 година.

Read More

Торино ќе го откупи потписот на фудбалерот, Никола Влашиќ, кој во изминатата сезона играше како позајмен од Вест Хем. 25-годишниот Хрват имаше пет голови и осум асистенции на 37 натпревари. Затоа, популарните „бикови“ се определија да му понудат перманентен договор на четири години а на англискиот тим за трансферот да му платат 10 милиони евра плус два како бонуси. Влашиќ треба да ги помине задолжителните медицински тестови и да потпише за тимот од Италија.

Read More

Претседателот на ФИА, Мохамед бин Сулејем, го започна процесот на барање нови тимови кои ќе се приклучат на спортот помеѓу 2025 и 2027 година. Од друга страна, Либерти Медиа не сака нови екипи во Формула 1 бидејќи постои загриженост за достапните гаражи на некои од патеките кои моментално се дел од календарот на Формула 1. На пример, во Мајами, Монако и Холандијa. „Имаме договор кој вели дека може да има до 12 екипи. Значи, ние не прекршуваме никакви правила и го исполнуваме нашиот договор“ – изјави Бин Сулејем.

Read More

Полскиот фудбалски интернационалец, Пјотер Зиелински, веројатно нема да продолжи да игра за италијанскиот шампион, Наполи. Според одредени најави, екипата на Ал Ахли доставила понуда до тимот од Серија А бидејќи играчот од средниот ред влезе во последната година од договорот а нема индиции дека ќе потпише нов. Раководството на Наполи е расположено да се раздели со играчот доколку добие добра понуда од Саудиска Арабија.

Read More