Author: dino

Каспер Шмајхел откако го загуби првотимскиот статус во Ница за наредната сезона, може да се врати во Англија. За потписот на 36-годишниот интернационалец од  Данска е заинтересиран Нотингем Форест кој сака да ангажира двајца играчи на неговата позиција. Затоа има тековни преговори со Манчестер Јунајтед за Дин Хендерсон како и со Арсенал за Мет Тарнер. Шмајхел во претходната сезона во дресот на Ница прими 47 голови на 46 натпревари во сите конкуренции.

Read More

Фудбалерот на Рома, Немања Матиќ, веројатно ќе си замине од Рим, најавуваат дел од медиумите. Според нив, српскиот интернационалец добил понуда да го облече дресот на францускиот Рен. Наводно, „волчицата“ ја прифатила понудата за 35-годишниот ветеран. Матиќ првите фудбалски чекори ги имаше во Партизан а потоа замина во Колубара. Надвор од Србија играше за Кошице, Бенфика,Челзи, Манчестер Јунајтед и до сега за Рома.

Read More

Наѓачот на ПСЖ, Марко Верати, ќе остане во францускиот фудбалски шампион до 2026 година откако ги одби сите понуди да ја промени средината. За неговиот потпис беа заинтерсирани Ал Ахли и Ал Хилал од Саудиска Арабија како и европските великани Барселона, Ливерпул и Челзи. Сепак трансфер не се сличи а како главен проблем се наметна неговата висока плата. Италијанецот во дресот на „светците“ има одиграно 159 мечеви и постигнато 5 голови.

Read More

УЕФА забрани да се играат меѓународни натпревари на стадионот – „Тодор Проески“ додека не се санира оштетената трева. Тоа значи дека дел од екипите ќе мора да бараат алтернатива во наредниот период. Струга најави дека мечот со Есперанж во третото коло на Конференциската лига ќе го игра на терените на ФФМ додека Работнички Вардар исто така ќе мора да бидат домаќини надвор од Арената во Скопје. „Тодор Проески“ се затвора до 9 септември кога македонската репрезентација треба да ја пречека Италија во рамките од квалификациите за Европското првенство 2024.

Read More

Фудбалерот, Џанлука Скамака, изненадувачки се проби во преден план кај италијанските клубови кои се активни на трансфер пазарот. По Рома, Милан и Јувентус, во трката за неговиот потпис се вклучи и Аталанта. Тимот од Бергамо инкасираше 75 милиони евра од Манчестер Јунајтед за Расмус Хојлунд и сака дел од нив да потроши на Скамака.  Останува да се види дали луѓето од Вест Хем ќе прифатат понуда од Аталанта откако ги одбија тие на Милан и Рома за позајмица на напаѓачот.

Read More

Интер решил да ја активира откупната клаузула на Јан Зомер откако не успеа да го натера Баерн Минхен да го продаде голманот со пониска цена. „Нероаѕурите“ летово останаа без Андре Онана кој замина во Манчестер Јунајтед и Самир Хандановиќ кој го одработи договорот и го напушти стадионот –  „Џузепе Меаца“. Затоа, италијанците решиле да ја активираат клаузулата на Јан Зомер вредна 6 милиони евра.

Read More

Мика Хакинен направи споредба меѓу Михаел Шумахер и сегашниот лидер во Формула 1 шампионатот – Макс Верстапен. „Шумахернесомнено беше неверојатен Ф1 возач. Неговата посветеност на спортот – тркањето беше неговиот живот! Тоа не беше само работа или хоби туку негов живот. Токму тоа го гледам со Макс“ – вели поранешниот шампион Мика Хакинен „Тој кога не е во автомобилот или го вози симулаторот или тестира и развива работи. Тој учи дисциплина, нови работи. Единствениот начин да го направите тоа е да тренирате напорно и да имате постојана жед за успех“, рече легендарниот Финец.

Read More

Чаби Алонсо ќе остане на клупата на Баер (Леверкузен) до 30 јуни во 2026 година откако денеска ја продолжи соработката со германскиот елитен  фудбалски состав. „Благодарен сум за довербата што ми ја укажа раководството. Позитивно гледам на изминатата сезона и на односите во клубот“ – вели Алонсо. Тој го презеде кормилото на Баер Леверкузен во октомври 2022 година и успеа да стигне до полуфиналето на Лига Европа.

Read More

Напаѓачот на Анахајм, Трој Тери, потпиша нов седумгодишен договор, соопшти клубот од Националната хокеарска лига на САД и Канада. Тој ќе добие вкупно 49 милиони долари. 25 годишниот играч има два настапа на Ол-стар. Тој досега постигнал 75 голови и направил 101 асистенција во 274 натпревари од регуларниот дел од сезоната. Тери само во претходната сезона постигна 23 гола и направи 38 асистенции на 70 натпревари.

Read More

Фудбалерот, Џери Мина, ќе потпише едногодишен договор со Фиорентина. Колумбискиот интернационалец пристигна во Италија со слободен трансфер откако го одработи договорот со англискиот, Евертон. 28-годишниот дефанзивец во изминатите 5 години одигра 99 мечеви за „карамелите“ со ефект од 9 голови и 1 асистенција. Централниот стопер претходно играше за  Палмеирас и Барселона.

Read More