Лацио испратил понуда до фудбалерот од средниот ред, Даичи Камада. Јапонецот е слободен откако му истече договорот со Ајнтрахт Франкфур. 26-годишниот играч во последните шест сезони во Германија забележа 127 натпревари и постигна 20 гола. „Орлите“ имаат намера да го ангажираат Јапонецот како замена за Сергеј Милинковиќ-Савиќ кој деновиве замина во Саудиска Арабија. Камада треба да потпише договор за две години со сезонска плата од 4 милиони евра.
Author: dino
Селекторот на Канада, Рон Барет, вели дека ќе почека да види дали кошаркарот на Далас, Џамал Мареј кој ја освои титулата во НБА, ќе може да настапи на Светското првенство. „Мораме да бидеме внимателни. Дојде исцрпен и го одржа зборот. Ќе го следиме и ќе видиме што ќе се случи. Ќе донесеме вистинска одлука“ – изјави Барет. Канада на Мундијалот на 9 август ќе игра против Германија, на 17 -ти ќе има меч со Шпанија а два дена подоцна со Диминиканска Република.
Првите луѓе на Њукасл сакаат да направат конкурентен тим за претстојната сезона во Лигата на фудбалските шампиони. По ангажирањето на Сандро Тонали и Харви Барнс, екипата од „Сент Џејмс Парк“ се насочи кон играчот од средниот ред Тајлер Адамс. Американецот според договорот, може да го напушти Лидс за скромни 20 милиони фунти. Доколку Њукасл не сака да ја плати таа сума, може да искористи друга опција за 24-годишниот фудбалер. Имено, Лидс е обврзан да ја прифати секоја понуда за позајмица се додека новиот клуб ја покрива неговата плата.
Новинарот, Фабрицио Романо, најавува дека Арсенал го договорил голманот на Брентфорд, Дејвид Раја. Фудбалерот ја прифатил понудата на лондончани иако за неговите услуги е заинтересиран и германскиот, Баерн Минхен. -Давид Раја ги договори личните услови со Арсенал. Тоа е само вербално и ништо не е потпишано, откри Романо. -Пред само неколку дена кажав дека Раја го претпочита Арсенал отколку Баерн. Причината е што Баерн го сака само на позајмицa, додаде Романо.
Шпанскиот суд официјално го обвини, Дани Алвеш, кој беше уапсен пред повеќе од шест месеци за наводен сексуален напад во ноќен клуб . Судијката што ја води истрагата нашла докази за погрешно постапување од страна на 40-годишниот фудбалер кој тврдел дека имал консензуален секс со жртвата. Поранешниот играч на Бразил беше уапсен на 20 јануари и оттогаш е во затвор во близина на Барселона. Во Шпанија, казната за сексуален напад е од 4 до 15 години затвор.Алвеш последен пат играше за мексиканскиот клуб Пумас. Претходно беше во Баија, Јувентус, Пари Сен Жермен, Севилја и Барселона.
Фудбалерот, Џибрил Со, денеска треба да ги помине задолжителните лекарски прегледи во Севилја и да потпише за шпанскиот тим, најавија медиумите на Пирините. Интернационалецот од Швајцарија кој го напушти Ајнтрахт Франфурт, ќе се пресели на стадионот- „Рамон Санчез Писхуан“ за сума од 10 милиони евра плус бонуси. Тој ќе добие договор до јуни во 2028 година. Со во претходната сезона одигра 47 мечеви за Ајнтрахт и постигна 4 голоови. За неговата татковина има 38 натпревари.
Кошаркарот, Џон Вол, кој има 5 настапи на Ол-стар викендите во НБА, ќе има можност да се пресели на Стариот континент во екипата на Олимпија Милано. Голема ѕвезда на Вашингтон имаше три сезони по ред со најмалку 10 асистенции по натпревар но, неговите одлични настапи беа прекинати со серија тешки повреди. На крајот на 2020 година Вашингтон одлучи да го испрати Вол во Хјустон Рокетс. Таму помина само една сезона пред да се пресели во ЛА Клиперс. Вол има 647 натпревари во НБА со просек од 18,7 кошеви, 4,2 скока и 8,9 асистенции.
Легендарниот фудбалски голман, Џанлуиџи Буфон, објави крај на кариерата на 45 години. Тој последната сезона ја одигра во неговиот матичен клуб Парма. „Тоа е сѐ народе! Ми дадовте сѐ, јас ви дадов сѐ. Го направивме тоа заедно“, напиша Буфон на социјалните мрежи. Toj во 28-годишната кариера има една титула од Мундијалите и освои десет шампионски титули со Јувентус и една со Пари Сен-Жермен. Во Серија А одигра рекордни 657 мечеви додека за „аѕурите“ има 176 настапи што е рекорд за голманите.
Гораз Србљак ја продолжи низата победи од квалификациите и на главниот турнир во Нови Сад. Во првата рунда тој славеше со 6-3 и 6-0 против Србинот Никола Јовиќ за само 76 минути. Во второто коло ќе има многу потешка задача, против Французинот Флоран Бакс, кој го држи 602. место на АТП-листата. Турнирот во Нови Сад е со награден фонд од 15.000 долари. На истата локација денеска голема победа оствари и Магдалена Стоилковска, совладувајќи ја втората носителка на турнир во Савитаипале, Финска. Нашата Лина Ѓорчевска и Русинката Аљона Фомина-Клоц успеаја да влезат во 1 / 4 финалето во двојки на…
Евгениј Поп Ацев од ПК „Вардар 2018“, победи на 44 издание на малиот пливачки маратон „Илинденски куп“, што се одржа денеска на Охридското Езеро во организација на клубот за спортови на вода „Охридски бранови 2008“ – Охрид. Тој на патеката во должина од 2,5 километри од Горица до Охрид, триумфираше во фото финиш пред неговиот клупски колега Никола Ѓуретановиќ. Третото место во машка конкуренција го освои Кристијан Стојановски. Кај жените победи Ивана Неделковска од ПК Скопје, со време 31:33:80 минути, пред Јована Неделковска од ПК Скопје (33:07:11) и Росана Гошева од ПК Скопје (37:59:32).
