Бугарската фондација – „Македонија“ денеска испратила официјална понуда за купување на фудбалскиот клуб Вардар но, истата е веднаш одбиена, информираа од навивачката група – „Комити“. Бугарите побарале 51-отсто од акциите искажувајќи подготвеност веднаш да вложат 300.000 евра како и дополнителни 500.000 по потпишување на договорот. -До клубот пристигна финансиска понуда од страна на Бугарската Фондација ‘Македонија’, која што сака да го купи нашиот Вардар, а со тоа и да го смени целиот идеолошки наратив, врз кој 76 години, континуирано се развивал клубот. Нашиот став е дека воопшто не постои простор за дискусија со луѓе кои што не го признаваат македонскиот…
Author: dino
Предраг Мијатовиќ верува дека Лука Модриќ нема да има епизодна улога во дресот на Реал Мадрид во новата сезона иако на последниот пријателски меч со Барселона беше на клупата заедно со Тони Крос. „Модриќ одлучи да остане уште една сезона бидејќи знае што може да понуди. Нема да прифати статус на резерва и ќе се бори и ќе тренира како и досега“ – вели Мијатовиќ. „Тој знае дека Анчелоти ќе го искористи неговото искуство и ќе му даде можност да биде на теренот“ – потенцираше Мијатовиќ.
Дефанзивецот на Манчестер Јунајтед, Лук Шо, вели дека доаѓањето на играчот од средниот ред, Мејсон Маунт, е одличен потег. Тие двајца одлично се познаваат бидејќи ја делат репрезентативната соблекувална а сега ќе играат заедно и на – „Олд Трафорд“. Маунт потпиша договор со „црвените ѓаволи“ за 5 години но, има опција за продолжување за уште една. Тој во претходната сезона во дресот на Челзи одигра 35 средби со ефект од 3 гола и 6 асистенции.
Челниците на Јувентус веројатно ќе се обидат да го ангажираат голманот на ПСЖ, Џанлуиџи Донарума доколку Војчех Шчесни направи трансфер во Баерн (Минхен), велат последните информации од Италија. Иако новиот тренер на францускиот тим, Луис Енрике, нагласи дека сака да го има италијанскиот голман, шпекулациите велат дека трансферот може да се случи. Донарума неодамна имаше непријатна случка откако беше нападнат, ограбен и повреден во неговиот дом.
Екипата на Ал Хилал ја зголеми понудата на 140 милиони евра за напаѓачот на Наполи, Виктор Осимен, објавија медиумите во Италија. Тоа е втора понуда за само неколку часови за искусниот голегетер. На фудбалерот му ветена плата од околу 1 милион евра неделно или 52 милиони годишно. Ал Хилал неодамна понуди 300 милиони за Килијан Мбапе но, Французинот не сакаше да влезе во преговори.
Сопственикот на фудбалскиот состав Интер Мајами сака Лионел Меси да одигра проштален натпревар на „Камп Ноу“. Хорхе Мас изјави дека ќе направи „се што е во негова моќ“ за да му помогне на Аргентинецот да го одигра прошталниот натпревар на стадионот на Барселона. Тој ја отфрли можноста Лео да се пресели на позајмица кај Каталонците. „Се надевам дека ќе има нешто кога ќе се отвори новиот Камп Ноу. Се надевам дека Меси ќе може да се збогува.Тоа не значи дека ќе игра за Барселона. На крајот на краиштата, Меси го заслужува тоа“ – рече Мас.
Холандскиот дефанзивец, Нејтан Аке, ја продолжи соработката со англискиот шампион Манчестер Сити до летото во 2027 година, објавија денеска медиумите. Фудбалерот кој може да игра како стопер и воедно како десен бек, има реалзирано 50 мечеви за „граѓаните“ и постигнато четири голови. Тој во 2020 година беше купен од Бурнмаут. „Да се биде фудбалер на Манчестер сити е нешто неверојатно. Горд сум што го носам дресот“ – изјави Аке на чинот на потпишување на новиот договор.
Фудбалерите на Реал Мадрид доцна вечер во Тексас ќе одиграат пријателски меч против големиот ривал, Барселона. Тренерот на „белите“, Карло Анчелоти, вели дека победи на првите два претсезонски натпревари покажале дека тимот има квалитет. „ Не чека многу силен противник. Резултатот нема да има значење иако ние сакаме да ја продолжиме серијата“ – вели италијанскиот тренер на клупата на Реал Мадрид. Белгискиот голман, Тибо Куртоа кој ги пропушти првите две контроли доцна вечер веројатно ќе доби можност да застане меѓу стативите.
Младите кошаркари, Марко Миловановиќ и Марин Петков ќе бидат дел нашиот шампион МЗТ Скопје. 21 годишниот Миловановиќ четири сезони играше во Кремона во Италија додека Петков доаѓа од редовите на Феникс 2010. Тој заедно со Милановиќ беше дел од младински селекции.Популарните „штркови“ вчера објавија дека браќата Војдан и Дамјан Стојановски ќе останат во тимот и за наредната сезона.
Голманот, Калифа Гедбан, денеска му се приклучи на тимот на Еурофарм Пелистер кој одработува дел од подготовките во Маврово. Добредојде му посака Бојан Стерјев, синот на претседателот на битолскиот ракометен состав. Алжирецот ќе работи со „зелено-белите“ пред враќањето во Битола и настапот на турнирите во Добој и Охрид. Еурофарм Пелистер кој во изминатата сезона ја освои домашната титула, на есен го очекува настапот во Лигата на шампионите.
