Претседателот на МОК, Даниел Димевски и градоначалничка, Данела Арсовска, денеска ќе го преземат знамето на ЕОК како симбол за организација на европскиот младински собир. Тоа ќе се случи на затворањето на годинешното издание во Марибор.Таму ќе биде потпишан договор за соработка меѓу ЕОК и МОК за организација на Европските младински игри, Скопје 2025. Македонија ќе биде една од 25. европски земји кои биле домаќини на зимски и летни младински олимписки игри.
Author: dino
Браќата, Војдан и Дамјан Стојановски, ќе останат во дресот на МЗТ Скопје иако имаат понуди да ја променат средината, објавија популарните –„штркови. – Горди сме што во наредните 365 дена во нашиот тим повторно ќе го имаме капитенот Дамјан, нашиот заштитен знак и една од најголемите клупски легенди кој ќе ја одработи втората година од договорот. Со него ќе биде уште една легенда на мак-баскетот, неговиот брат-близнак Војдан, кој исто така има уште една сезона за играње за нашиот клуб“ – објавија од таборот на актуелниот шампион МЗТ Скопје воедно потврди дека во клубот ќе остане и Андреј Андоноски.
Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, денеска изјави, дека се идентификувани напаѓачите кои вчера во Чаир со нож прободеле навивач на „Левски“ и дека се работи на нивно пронаоѓање. Министерот рече дека возилата со бугарските регистарски таблички кои веројатно отишле да провоцираат, влегле во Македонија во приватна режија без да го користат организираниот превоз за мечот со „Шкупи“ во Скопје. „Идентификувани се напаѓачите, колегите работат а јас очекувам наскоро да ги имаме детално сите информации“ – рече Спасовски
Актуелниот шампион во Формула 1, Макс Верстапен, бидејќи ќе има промена на менувачот по петти пат со што ќе биде надминат лимитот, ќе заработи казна од пет позиции за трката на Спа Франкошам. Таму ќе нема класични квалификации туку ќе биде одржана спринт-трка која ќе ги одреди позициите за стартот в недела. Тоа значи дека Верстапен без разлика на местото што ќе го обезбеди в сабота, ќе биде спуштен за пет позиции.
Челниците на Лајпциг му дале рок од две недели на Манчестер Сити за да го финализира трансферот на дефанзивецот, Јошко Гвардиол. Тренерот на германците сака да има чиста слика за составот пред натпреварот од Супер-купот на Германија против Баерн (Минхен) закажан на 12 август. Последните информации велат дека Хрватот сигурно ќе се пресели во Англија за околу 100 милиони евра но, дека проблем се најавените бонуси. Лајпциг не брза да го продаде Гвардиол откако клубот го напуштија Собослаи (Ливерпул) и Кристофер Нкунку (Челзи).
Пол Еспeргаро кој падна на последниот тест пред сезоната во Португалија и заработи потешки повреди, ќе се врати на патеките во Мото Гран при шампионатот. Тој преку социјалните мрежи најави дека сака да биде дел од претстојниот собир во Велика Британија. -Подготвен за трка во Силверстон. Ќе биде потребно време но, ќе дадам се од мене. Им благодарам и на сите лекари кои ми помогнаа во закрепнувањето. Ви благодарам и на сите вас за пораките во изминатите четири месеци“ – напиша Шпанецот. По неговиот пад во Портимао, Еспергаро се здоби со скршеници на вилицата и торакалниот пршлен, како и набиено…
Мохамед Енуси го засили данскиот фудбалски состав Копенхаген откако потпиша договор до летото во 2027 година. 28-годишниот интернационалец играше како позајмен во Селтик од 2019 до 2021 година пред да се врати во Саутемптон. „Мохамед одлично се вклопува во нашата стратегија.Тој има големо искуство во Премиер лигата и со репрезентацијата“ – објави Копенхаген. Енуси за Саутемптон има 90 настапи со ефект од девет голови и 6 асистенции. За Норвешка има одиграно 52 меча и постигнато девет голови.
Челзи и Ливерпул остануваат во трката за играчот од средниот ред на Саутемптон, Ромео Лавија. Лондончани веројатно ќе испратат подобра понуда но, прашање е дали фудбалерот ќе ја прифати бидејќи неговата желба е да заигра за „црвените“. Челзи и во летото во 2022 се обиде да го купи Лавија за 60 милиони но, трансферот пропадна. Младиот играч има 34 мечеви за Саутемптон во сите конкуренции. Тој постигна 1 гол и нарави 1 асистенција. Неговиот договор со „светците“ е до јуни 2027 година.
На дефанзивецот на фудбалскиот состав Борусија (Менхенгладбах), Стефан Лајнер, му е дијагностициран лимфом во рана фаза и ќе паузира неколку месеци. -Постојат исклучително големи шанси тој да биде целосно здрав и да се врати на нормалниот живот вклучително и во професионалниот спорт“ – стои во соопштението на германскиот клуб. „Ќе направиме се што е во наша моќ за да го добие најдобриот третман“ – вели Роланд Виркус од Управниот одбор на Борусија Менхенгладбах.
19 навивачи на Левски од Република Бугарија се приведени доцна синоќа поради нарушување на јавниот ред и мир пред и за време на натпреварот со Шкупи. Осум лица за насилство на спортски натпревар, две лица за физички напад на полициски службеници кои вршеле службени дејства а девет поради агресивно однесување кон нив. По документирање на случајот против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци Околу полноќ полициски службеници од СВР Скопје лишиле од слобода и двајца навивачи на навивачката група на ФК Шкупи, кои го нарушиле јавниот ред и мир со физичка пресметка.
