Author: dino

МВР информира дека по преземените мерки и активности утврден е идентитетот на поголемиот дел од напаѓачите на бугарските државјани во Чаир. Оттаму посочуваат дека се работи на расчистување на случајот, по што ќе бидат поднесени соодветни пријави.Претходно било пријавено дека во 18.38 часот се случил на ул.„Цветан Димов“, при што бил употребен и остар предмет од кој бугарскиот државјанин Д.А. се здобил со тешки телесни повреди. Повредениот бил пренесен во ГОБ „Св.Наум Охридски“ и е во стабилна состојба, посочуваат од МВР.

Read More

Најтрофејниот македонски фудбалски клуб, Вардар, заминува на летни подготовки на Златибор, Србија. Таму ќе одигра четири пријателски натпревари . Првиот на 17 јули против Металац Горњи Милановац а три дена подоцна против Бокељ Котор. На 23 јули е закажана пресметка против Смедерево а подготовките ќе завршат со контролниот меч против Дубочица. „Црвено-црните“ по две сезони се вратија во прволигашкото фудбалско друштво.

Read More

Фудбалерот, Кристијан Пулишиќ, до крајот на денов треба да биде претставен како засилување за Милан. Тој дојде во Италија од англискиот состав Челзи за сума од 20 милиони евра која ќе се зголеми со дополнителни бонуси. Американецот кој ќе потпише до 2027 година е вториот играч на „сините“ по Рубен Лофтус-Чик кој во текот на летово го засил тимот на Стефано Пиоли. „Росонерите“ успеаја претходно да ги ангажираат и Марко Спортиело и Лука Ромеро.

Read More

Фудбалерот на Наполи, Пјотр Зиелински, добил одлична понуда да замине во шампионатот на Саудиска Арабија. Затоа претставници на полскиот репрезентативец  започнале во преговори со екипата на Ал-Ахли. 29-годишниот играч добил можност да потпише договор до 2026 година со плата од 15 милиони евра по сезона. Доколку се согласи, медиумите тврдат дека нема да има проблеми во преговорите меѓу Ал Ахли и Наполи за неговата трансферна сума.

Read More

Лина Ѓорческа со победа го отвори настапот на тенискиот фјучерс кој се реализира во Рим. Таа во италијанскиот град успеа да ја совлада домашната претставничка, Лаура Маир, со 2-0 по сетови 6-3 и 7-6. Нашата тенисерка  беше одлична во првиот сет додека во вториот мораше да одигра тај-брејк за да стигне до посакуваната победа. Ѓорческа во наредната рунда ја очекува меч со Жибек Куламбаева од Казахстан која денеска славеше против Аника Јашкова од Словачка.

Read More

Наталиа Илиевска Божиновска е нов генерален секретар во Фудбалската федерација на Македонија. Таа доаѓа на местото на Филип Поповски кој според законот го исполни условот за максимален мандат. Со одлука на Управниот Одбор, Илиевска Божиновска стана првата жена која ќе ја има втората најзначајна функција во македонскиот фудбал. Таа досега беше вработена во генералниот секретаријат на ФФМ.

Read More

Тренерот на РБ Лајпциг, Марко Розe, кој има договор до летото во 2024 година набрзо може да потпише нова соработка со германскиот состав. Според весникот – „Билд“, двете страни се договориле за нов термин до 2026 година и зголемена плата на 4,5 милиони евра по сезона. „Сите знаат дека навистина ми се допаѓа тука. Во моментов, сепак, има позначајни работи – да изградиме тим со кој можеме да ги постигнеме нашите цели“ – изјави тренерот на Лајпциг. Неговиот тим во претходната сезона го освои третото место во Бундеслигата и успеа да го подигне пехарот во Купот на Германија.

Read More

Менаџерот на Вулверхемптон, Хулен Лопетеги, ќе се обиде да го ангажира фудбалерот од средниот ред на Јувентус, Артур Мело, кој во изминатата сезона настапуваше како позајмен во Ливерпул.   Бразилецот  соочен со многу повреди не успеа да се наметне во англискиот состав и затоа мораше да се врати на „Чизмата“. Во исто време, луѓето од Торино не планираат да го задржат и затоа веројатно ќе го стават на трансфер листата.

Read More

Младиот фудбалер, Јан Бисек, кој е роден во Германија а води потекло од Камерун, денеска треба да потпише за италијанскиот Интер. Тој ќе ги реализира задолжителните лекарски прегледи и ќе ги финишира сите формалности пред да  потпише за „нероаѕурите“.  Тимот од Милано за неговиот потпис ќе му плати на данскиот Архус 7 милиони евра. 22-годишниот стопер е стандарден во младата селекција на „панцирите“.

Read More

Денеска на патеката „Силверстон“ во Велика Британија ќе започне дводневното тестирање на гумите на Пирели кои треба да се користат од наредната сезона. Италијанската компанија сака да воведе нов тип на пневматици кои нема да се загреваат пред трката. Досега се направени неколку слични тестови но, тоа не им се допадна на дел од возачите. Ќе потсетиме дека повеќето од нив предводени од Луис Хамилтон, Џорџ Расел и Макс Верстапен, предупредија дека таквите гуми може да предизвикаат инциденти на патеките.  

Read More