Кошаркарот, Милош Теодосиќ, ќе биде трето засилување за Црвена Ѕвезда во текот на летово откако плејмејкерот ги прифатил условите на „црвено-белите“. Евролигашот претходно ги обезбеди потписите на Дејан Давидовац и Марко Симоновиќ. Теодосиќ досега беше член на Виртуз Болоња а претходно настапуваше и за ЦСКА Москва, Олимпијакос и ФМП.
Author: dino
Продолжуваат шпекулациите за иднината на фудбалерот, Килијан Мбапе. Французите објавија дека луѓето од ПСЖ го загубиле трпението и дека ќе се обидат да се ослободат од брзоногиот играч. Речиси сите медиуми најавуваат дека Мбапе има договор со Реал Мадрид и дека во наредното лето како слободен агент ќе се пресели на стадионот – „Сантијаго Бернабе“. Затоа ПСЖ ќе направи сѐ што може за да го продаде репрезентативецот на „галските петли“ до крајот на летниот трансфер период.
Ешли Јанг ќе остане во Премиер-лигата и ќе го носи дресот на Евертон. Фудбалерот си замина од Астон Вила откако го одработи договорот. Ветеранот кој има играно за екипите на Ватфорд и на Манчестер Јунајтед, во еден период беше активен и во италијанскиот Интер. Според медиумите, 38-годишниот фудбалер ја прифатил понудата на „карамелите“ иако за него биле заинтересирани уште неколку екипи од Англија.
Возачот на Астон Мартин во Ф1, Фернандо Алонсо, на две трки по ред не успеа да се качи на подиумот откако на „Силверстон“ заврши седми а една недела претходно во Австрија го обезбеди 5-то место. „Не сум загрижен за нашиот развој. Болидот е подобар од очекуваното. Ќе биде добро ако продолжиме да освојуваме поени“ – вели Алонсо. „Одбравме да се префрлиме на меки гуми бидејќи не остана уште многу до финишот. Тоа беше добра стратегија. Се надевам дека ќе бидеме напред во Унгарија“ – изјави Шпанецот.
Стефано Пиоли нагласи дека заминувањето на директорите, Паоло Малдини и Фредерик Масара, не влијае на неговата работа во Милан. „Порано разговарав со Малдини и Масара а сега со Монкада и Фурлани. Дури и во минатото контактирав играчи кои би можеле да ни се придружат. Така што мојата работа не се промени многу“ – вели Пиоли. „Претходно кажав што ни треба. Имам голема почит кон моите играчи но, мислам дека е време за промени“ – потенцираше тренерот на „росонерите“.
Претседателот на Лацио, Калудио Лотито, потврди дека фудбалерот Сергеј Милинковиќ-Савиќ, го замолил да му дозволи во текот на летово да го напушти клубот и да се пресели во екипа од Саудиска Арабија. „Фудбалерот по осум години побара да си замине. Ако оди во Саудиска Арабија, тогаш мотивацијата доаѓа од парите. Се обидов да го задржам но, тој вели дека тоа е лична работа и сака да оди, што да правам? –вели Лотито. Медиумите во Италија објавија дека понудата на Ал-Хилал до Лацио е 40 милиони евра.
Фудбалерот, Леандро Паредес, нема да остане во редовите на ПСЖ иако се врати во Франција по една сезона помината на позајмица во Јувентус. Медиумите објавија дека Аргентинецот сега ќе направи трансфер во Галатасарај и ќе потпише договор до 2027 година. Паредес во претходната сезона одигра 25 натпревари за „старата дама“ и постигна еден гол. Тој со „гаучосите“ ја освои шампионската титула на последниот Мундијал во Катар.
Макс Верстапен максимално ги искористи перформансите на болидот на Ред Бул и ја забележа 43-та победа во кариерата во Формула 1 или осмата во сезонава. Тој денеска славеше на патеката – „Силверстон“ на трката за Големата награда на Велика Британија. Второто место го освои Ландо Норис со Мекларен пред неговиот сонародник од Мерцедс, Луис Хамилтон. Во првите десет уште влегоа и: Пјатри, Расел, Перез, Алонсо, Албон, Леклер и Саинц. Холанѓанецот со денешниот триумф има 229 бодови и останува неприкосновен лидер кај возачите пред Серхио Перез кој има 149 и Фернандо Алонсо со 131 бод. Наредната трка во Ф1 ќе биде реализирана…
Италијанските медиуми објавија дека УЕФА го прифатила барањето на Јувентус да биде исклучен од Конференциската лига за наредната сезона и со тоа практично да ја одлежи казната која е неизбежна. Весникот „Кориере дело Спорт“ објави дека УЕФА требаше да го казни Јувентус поради финансиските малверзации и дека клубот од Торино проценил дека сега е најдобриот момент тоа да се случи бидејќи не гледа предзвик да настапи во третото по ранг натпреварување во Европа. Местото на „старата дама“ според најавите ќе го пополни екипата на Фирентина.
Полската ракометна федерација ги казни екипите на Кјелце и на Висла со 15.000 евра по сите случувања на големото дерби кое го одреди и новиот шампион. Кјелце пред речиси 40 денови успеа да слави со 27-24 и да се израдува на пехарот а сите немили настани дури денеска беа санкционирани од страна на федерацијата. Клубот од Плоцк е казнет за критики за официјалните лица од страна на тренерот Сабате, спортскиот директор Вишњевски и претседателот Становски. Келце е казнет поради вулгарниот банер на трибините како и поради палењето на знамето на Висла Плоцк.
