Author: dino

Рис Нелсон ќе продолжи да игра за екипата на Арсенал. 23-годишниот фудбалер од средниот ред потпиша нов четиригодишен договор со лондончани со опција за продолжување на уште една сезона. На 30 јуни, Англичанецот стана слободен агент, но, ги одби понудите од Серија А, Лига 1 и Премиер. Тој во 18 натпревари минатата сезона во сите конкуренции постигна 3 гола и даде 3 асистенции. 

Read More

Фудбалерот, Килијан Мбапе, наскоро би можел да добие огромен бонус за лојалност кон ПСЖ. Според „RMC Sport“, францускиот клуб ќе треба да плати дел од бонусот доколку тој остане на крајот на јули. Висината на првиот дел изнесува 40 милиони евра. Веројатно исплатата на бонусот е поврзана со времето што претседателот на ПСЖ, Насер Ал-Хелаифи, го нагласи во последната изјава за иднината на Мбапе. Вчера тој рече дека Килијан „треба да донесе одлука најмалку две недели однапред“.

Read More
NBA

Кошаркарот, Џoш Ричардсон, (29, 196 см) во наредната  сезона ќе игра за НБА тимот на Мајами. Тој потпиша договор за две години со „жешките“ кои го избра играчот како 40-ти пик на драфтот во 2015 година. Ричардсон во 2019 година се пресели во Филаделфија како дел од размената за Џими Батлер. На прес-конференција Ричардсон призна, дека тогаш ја донел одлуката да го задржи имотот: „Конечно сум дома“ – потенцираше кошаркарот на Мајами.

Read More

Возачот на Астон Мартин во Формула 1, Фернандо Алонсо, подготви специјална кацига за трката во Велика Британија. „Специјален шлем, посебна трка. Домашна Голема награда за Астон Мартин“, напиша двократниот светски шампион на социјалните мрежи објавувајќи фотографии. Тоа се однесува на DBR4, првиот Формула 1 болид на Астон Мартин.  Конкретно, на врвот на кацигата има стилизирана слика на воланот на автомобилот а бројот на Фернандо е направен во соодветен стил. DBR4 се натпреваруваше во 1959 и 1960 година. По сезоната 1960, компанијата не се тркаше во Ф-1 до 2021 година.

Read More

Фудбалерот од средниот ред на Јувентус, Денис Закартија, може да се пресели во  Вест Хем за околу 18 милиони евра иако клубот од Торино бара најмалку 25 милиони за 26-годишниот швајцарски репрезентативец. Доколку „старата дама“ го реализира трансферот, тогаш парите ќе ги пренасочи за купување на играчот од средниот ред на Лацио, Сергеј Милинковиќ-Савиќ. Закарија во изминатата сезона беше на позајмица во Челзи. Тој даде 1 гол на 11 натпревари.

Read More

Денеска во 19:47 часот симболично започна акцијата за продажба на членските карти за натпреварите на Вардар во новата сезона. Билетите се по цена од 1.000 денари и може да се купат преку продажната мрежа на „МК-тикетс“ и повеќе продажни места. „Црвено-црните“ по две сезони се вратија во прволигашкото друштво со голема помош на популарните фанови – „комити“ кои се иницијатори на акцијата за сезонски билет.

Read More

Шпанецот, Карлос Алкарас, ја коментираше победата со 3-0 ( 6:0, 6:2, 7:5) против Џереми Чарди во првото коло на тениските терени на „Вимблдон“. „Мислам дека одиграв многу добро во почетокот на мечот. Да, имав проблеми но, сакам да се борам, сакам да играм долги сетови, па затоа сум многу среќен како испадна“ – вели Алкараз. „Покривот не ми направи проблем. Не размислувам за тоа. Очигледно ќе беше подобро да се игра без покрив на сончево време но, сепак ја задржав концентрацијата“ – изјави Алкараз.

Read More

Пол Мерсон проценува  дека Хари Кејн не треба да оди во Баерн. Претходно беше објавено дека Баварците сакаат да го ангажираат напаѓачот на Тотенхем. „Единствениот играч кој ќе го однесе Челзи на ново ниво е Хари Кејн,  само тој може да го направи тоа. Ќе го врати Челзи во борба за титулата“ – вели Мерсон. „Минатата сезона постигна 30 првенствени голови за Тотенхем, замислете! Со кого игра во Спарс? Всушност, тој мора да направи сè сам.  Нема шанси Кејн да замине во Баерн“ – напиша Мерсон во колумна за Скај Спортс.

Read More

Хелмут Марко признава дека Ред Бул не може да ги освои сите 22 Гран При трки во тековнава сезона. „Ако се очекува од нас да победиме на секоја трка, тоа е речиси невозможно. Сепак, ако работите продолжат вака, не би го исклучил тоа“ – изјави советникот на Ред Бул по победата на Верстапен на собирот во Австрија. Ред Бул досега победи на сите 9 трки од тековниот шампионат.

Read More

Претседателот на фудбалскиот состав Барселона, Хуан Лапорта, изјави дека неговиот сè уште нема да ја напушти Супер лигата. „Добро е што Барселона е тука бидејќи можеме да делуваме како врска меѓу УЕФА и Супер-лигата“ – изјави претседателот на каталонскиот клуб. Да потсетиме дека во јуни, луѓето од  Јувентус најавија повлекување од проектот Супер-лига. Сега останаа само два клуба – Реал Мадрид и Барселона.

Read More