Author: dino

Сеск Фабрегас одлучи на 36 години да објави крај на кариерата. Тој последната сезона ја одигра во италијанскиот Комо а сега ќе остане таму како тренер на вториот состав и младинските категории. Шпанецот во долгата и плодна фудбалска кариера освои едно Светско првенство, две Европски, двапати ја освои Премиерлигата, еднаш Ла Лига, еднаш триумфираше во УЕФА Суперкупот, еднаш на Светското клупско првенство, двапати освои ФА Куп, еднаш Лига Куп, еднаш Комјунити Шилд, еднаш Копа дел Реј и двапати шпанскиот Суперкуп. Фабрегас играше за Арсенал,  Барселона, Челзи, Монако и Комо. За шпанската репрезентација има 110 настапи и 15 голови.

Read More

Актуелниот шампион во Формула 1, Макс Верстапен ќе започне од челната позиција на утрешната трка која ќе биде возена на патеката  „Ред Бул Ринг“ за Големата награда на Австрија. Возачот на Ред Бул успеа да победи на денешниот спринт пред клупскиот колега Серхио Перез додека на третото место заврши Карлос Сајнц од Ферари. Утре на стартот веднаш до Верстапен ќе бидат Шарл Леклер и Карлос Сајнц од екипата на Ферари. По нив во првата десетка доаѓаат: Норис, Хамилтон, Строл, Алонсо, Хулкенберг, Гасли и Албион. Трката за ГН на Австрија ќе стартува од 15:00 часот.

Read More

Поразите од Украина и Англија ја спуштија нашата фудбалска репрезентација на 68 место на новата ранг листа на ФИФА. Тоа значи дека неуспешните квалификациски мечеви ни донесоа пад за три позиции во однос на претходното рангирање. Аргентина останува лидер на листата пред Франција и Бразил. Во Топ 10 уште влегуваат и Англија, Белгија, Хрватска, Холандија, Италија, Португалија и Шпанија.

Read More

Истакнатиот македонски фудбалски работник, Драган Томовски,  денеска на средба со новинарите,  проговори за имплементацијата на нови правила на фудбалската игра, дел темелени на македонски идеи (награден патент) од 2001 година. Тој воедно пред присутните гости и новинари, информираше и за нови предлози испратени до УЕФА и ФИФА насочени кон решавање на еден од поголемите проблеми во фудбалската игра, кои произлегуваат од симулирања и одолговлекувања на игра, или популарно „кражба на време“. За деталите од пресот, слушајте во текот на денов во специјализираните блокови на програмата на Спортско радио 90,3 ФМ.

Read More

Италијанската фудбалска федерација му изрече десетдневна суспензија на Жозе Мурињо поради навреда на судијата Даниеле на мечот со Монца одигран на 3 мај. Тоа значи дека тренерот на Рома нема да седи на клупата на стартот на новата сезона. Португалскиот тренер ќе треба да плати и казна од 50.000 евра. Пред извесен период и УЕФА го казни „специјалниот“ со четири натпревари поради вербални навреди упатени кон судијата Ентони Тејлор по поразот од Севилја во финалето во Лига Европа.

Read More

Фудбалерот, Лаутаро Мартинез, може да добие понуда да замине во Реал Мадрид доколку шпанскиот тим не успее да го ангажира Килијан Мбапе од ПСЖ, најавија дел од медиумите.   Аргентинецот има договор со Интер до летото 2026 година што значи дека откупната клаузула ќе биде многу висока. Напаѓачот пристигна кај „нероаѕурите“ во 2018 година од Расинг Клуб за 25 милиони евра.

Read More

Ливерпул е заинтересиран за напаѓачот на Наполи, Виктор Осимен. „Црвените“  на барање на менаџерот, Јирген Клоп, сакаат да го ангажираат  24-годишниот Нигериец. Црномурестиот напаѓач кој имаше блескава сезона и ја освои наградата за најдобар стрелец во Серија „А“ се наоѓа на списокот за трансфери на Манчестер Јунајтед, Челзи, Њукасл, Пари Сен Жермен и Баерн Минхен.   Познато е дека Наполи за неговиот потпис бара големи  180 милиони евра.

Read More

Фудбалскиот состав на Манчестер Јунајтед испрати понуда за голманот на Интер, Андре Онана но, таа беше веднаш одбиена од италијанскиот тим. „Црвените ѓаволи“ понудиле меѓу 45 и 50 милиони евра со бонуси што е многу помалку од сумата што ја бара Интер за потписот на Камерунецот. 27-годишниот голман во 2022 година дојде во Италија како слободен играч од холандскиот Ајакс. Онана во изминатата сезона одигра 41 натпревар и прими 36 голови.

Read More

Фановите на Севилја не сакаат да го гледаат Серхио Рамос во нивниот состав, тврдат денеска медиумите во Шпанија. Според радио Кадена СЕР, искусниот стопер кој го напушти летово ПСЖ има намера да се врати во матичниот клуб од кој во 2005 година направи трансфер во Реал Мадрид. 37-годишниот Шпанец е слободен агент што значи дека Севилја може да го ангажира без обештетување.

Read More

Аргентинскиот фудбалски тренер, Тата Мартино, ќе седи на клупата на Интер Мајами. Тоа значи дека искусниот тренер по трет пат ќе работи со Лионел Меси кој во текот на летово се пресели во МЛС лигата во САД. Мартино претходно го тренираше Меси во Барселона и во селекцијата на „гаучосите“ од 2014-та до 2016-та година.

Read More