Author: dino

Фелипе Маса кој своевремено настапуваше за екипите на Заубер, Ферари и Вилијамс во шампионатот во Формула 1, сега потпишал тригодишен договор со тимот Вентури кој се натпреварува во Формула Е шампионатот. Бразилецот ќе ја започне програмата кон крајот на  годинава кога официјално ќе стартува новата сезона кај електричните автомобили. Маса, кој има 11 победи во 16. години поминати во Формула 1, веќе го тестираше електричниот болид на „Jaguar“. Тој неодамна го посети и специјалниот настан на Формула Е во Рим. Маса ја откри намерата да премине во алтернативниот шампионат уште кога објави дека се повлекува од Формула 1 на крајот…

Read More

Првата ѕвезда на фудбалскиот состав Барселона, Лионел Меси, во последното гостување на аргентинската телевизија – „Тик Спортс“, се обиде да даде одговор на сите шпекулации поврзани со иднината на Нејмар. Според дел од медиумите, Бразилецот во текот на летото може да го напушти францускиот ПСЖ и да се активира во редовите на Реал Мадрид. Тоа според Маси е неприфатливо сценарио. „Нејмар во Реал Мадрид? Тоа ќе биде ужасно поради значењето кое Нејмар го имаше во Барселона. Тука освои многу титули. Ја освои Лигата на шампионите, титули во Примера и ако се случи тоа, ќе биде многу тежок удар за сите…

Read More

Поранешниот прв човек на Интер, Масимо Морати, се осврна на новата титулата што ја обезбедија фудбалерите на Јувентус кои доминираат во Серија „А“ во последниве седум години. Тој не ја пропушти можноста да потенцира дека тимот од Торино има моќ на сите полиња а посебно врз судиите. Неговата изјава веројатно ќе предизвика реакција кај „црно-белите“ кои на крајот на сезоната ќе го подигнат шампионскиот пехар. „Јуве има одлична организација, можеби најдобра во Италија. Тоа е моќен тим и затоа се радува на титулите во континуитет. Јуве е респектиран од повеќе фактори а можеби најмногу од судиите“ – вели Морати.

Read More

Тренерот на фудбалерите на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, сосема очекувано беше избран за најдобар менаџер во најсилната конкуренција на Англија откако со неговиот тим ја освои титулата во Премиер лигата. Шпанскиот стратег на клупата на „граѓаните“ имаше одличен ефект од 32 победи во 38 натпревари. Новите шампиони постигнаа 106 голови и собраа рекордни 100 бодови. Признанието на Гвардиола доаѓа од страна на неговите колеги кои се дел од англиската асоцијација на тренери.

Read More

Емил Павлов, кој се врати со златен медал од неодамна завршениот Европски шампионат во карате во Нови Сад, во гостувањето на нашата програма, потенцира, дека е пресреќен што повторно се искачи на највисокото место на пиедесталот. „Навистина е голем успех за еден млад каратист во краток период да освои две златни медали. Беше исклучително силен шампионат, имаше многу повеќекратни носители на медали од значајните собири, јас верував дека можам да постигнам одличен резултат и тоа се случи. Сакам да упатам благодарност до сите што ми дадоа несебична поддршка да ја остварам целта“ – вели Павлов. „Првата борба со претставникот на…

Read More

Селекторот на нашата млада фудбалска репрезентација У-21, Благоја Милевски, потврди дека ќе замине од функцијата откако ќе го одработи договорот до 1 јуни. За него остануваат уште квалифиакциските мечеви со Азербејџан на 24 и 27 мај . „За тие средби имаме три-четири откажувања (Личина, Митровски, Абаз и Елмаз). Се надевам дека ќе бидат подготвени да се вратат наесен кога продолжуваат квалификациските мечев“ – вели Милевски кој воедно  ја потврди веста за ангажманот во Израел како тренер на Ашдод. „Сакам да и се заблагодарам на ФФМ за укажаната можност за докажување. Имавме одлични услови за работа. Треба да се продолжи по тој пат во…

Read More

Македонскиот Олимписки комитет, Агенцијата за млади и спорт и нашата карате федерација, денеска организираа средба со новинарите по повод освоениот златен медал на Емил Павлов на континеталниот шампионат во Нови Сад. „Задоволен сум бидејќи по втор пат го освојувам златниот медал, но, прв пат откако каратето стана олимписки спорт. Имав тешки пет борби и исто толку победи. Откако го совладав првиот противник, работите тргнаа во посакуваната насока а самодовербата растеше во континуитет. Сакам да им се заблагодарам на сите за големата поддршка“ – изјави Павлов. На средбата со новинарите задоволството од големиот успех на Павлов го потенцираа и неговиот селектор,…

Read More

Фудбалерите на Јувентус в недела против тимот на Верона ќе го одиграат последниот меч во Серија „А“ во тековнава сезона. Токму тој натпревар ќе биде искористен од страна на производителот на спортска опрема – „Адидас“ да ги презентира новите дресови наменети за играчите на „старата дама“ кои ќе ги користат од наредната сезона. Според претходно прикажаните модели од страна на „Адидас“, може да се забележи дека на новите дресови кои се наменети за играчите има стандардно црно-бела комбинација но, со помалку шари.

Read More

Голманот на фудбалскиот состав Наполи, Пепе Реина, на 30 јуни ќе го напушти составот од Неапол и ќе се пресели во Милано во екипата на „росонерите“, објавија денеска медиумите на Апенинскиот полуостров. Воедно информацијата беше потврдена и од спортскиот директор на МИлан, Масимилијано Мирабели. „Ни требаат искусни играчи од типот на Реина. Тој може многу да ни помогне на теренот за да ги остваримне нашите цели“ – потенцираше Мирабели кој не сакаше да даде конкретен одговор дали доаѓањето на Реина ќе значи и отворена врата за Донарума да го напушти тимот. Ќе потсетиме дека младиот голман на Милан во минатото…

Read More

Ракометарките на Вардар и во петтиот обид не успеаа да го освојат врвот на Европа. Тие денеска во финалето во Будимпешта загубија по продолжение од унгарскиот Ѓер со 27 спрема 26 откако во регуларниот дел мечот заврши 20 спрема 20. Тоа беше практично последниот меч за „црвено-црните“ во сегашниов состав во евро-конкуренцијата бидејќи од наредната сезона тимот ќе се потпира само на домашните ракометарки .Во крајно изедначен меч во регуларните 60-ет минути ниту еден од тимовите не успеа да се наметне. Одбраните беа посилниот дел а нападот не ја донесе посакуваната предност за двата тима. Во продолженијата, составот на Ѓер…

Read More