Author: dino

Фудбалерот на Евертон, Хамес Родригез, ќе го пропушти утрешниот меч со Челзи во Премиер лигата, објави тренерот на „карамелите“, Карло Анчелоти. Колумбиецот кој има три гола и три асистенции во тековнава сезона, се здоби со повреда на мечот со Барнли и затоа е надвор од тренажен процес. „Хамес има болки и не тренира. Не е сериозно, но, нема да биде подготвен за в сабота. Мислам дека ќе тренира повторно од наредната седмица. Не сакам да ризикувам против Челзи. Се надевам дека ќе може да игра на наредниот меч против Лестер“ – објасни Анчелоти. Италијанецот потенцираше дека капитенот, Колман не е…

Read More

Норвежанецот Јоханес Дејл ја оствари првата победа во кариерата во Светскиот куп во биатлон откако го освои спринтот на 10 километри во австрискиот зимски центар Хохфилзен. 23-годишниот Дејл пукаше без грешка и помина патеката за 23:32,5 минути. Веднаш зад него се сместија Французите, Квентин Фијон-Меј и Фабиен Клод. Победникот во Светскиот куп во последните две сезони, Јоханес Тингес Бјо од Норвешка, остана на четвртото место. По досегашните 5 трки во светското рангирање, води  Тингес Бјо со 253 поени, пред Себастијан Самуелсон (Шведска) со 215 и Холм Лагреид (Норвешка) со 177 поени. Утре во Хохфилзен ќе има штафетна трка на 6…

Read More

Менаџерот на фудбалерите на Тотенхем, Жозе Мурињо, најави дека ќе прави ротации бидејќи ќе има максимално збиен распоред во преминот од старата во новата година. Неговиот тим за 21 ден, ќе одигра 7 натпревари, шест во Премиер лигата и еден за Лига купот. „Имаме огромен број натпревари во Премиер лигата. Вистината е дека нивото тука е многу повисоко отколку во Лигата на Европа“ – вели Португалецот. „Имаме меч и со Стоук Сити во Лига Купот. Тие играат добро  во Чемпионшип. Нормално е да направам ротации на толку многу натпревари. Дел од фудбалерите сега ќе добијат поголема минутажа“ – изјави Мурињо…

Read More

Германскиот фудбалски репрезентативец, Џошуа Кимих, од наредната недела ќе може да продолжи со тренинзите во Баерн (Минхен) додека Корентин Толисо (проблеми со мускулите) влезе во трениг процес, но, нема да игра на утрешниот меч со Унион (Берлин). Тоа го соопшти главниот тренер на Баварците Ханси Флик на прес-конференцијата пред натпреварот. „Толисо тренираше вчера, ќе видиме како неговото тело ќе реагира по денешниот тренинг. Кимих закрепнува многу добро и можеби наредната недела ќе учествува во одредени активности” – рече Флик. Кимих којн имаше операција на коленото закрепнува побрзо од очекуваното. Првичниот план беше тој да се врати на терените дури кон…

Read More

Фудбалерот од средниот ред, Ентони Марсијал, ќе му биде на располагање на Оле Гунар Солскјер за утрешното дерби против Манчестер Сити додека напаѓачот, Единсон Кавани, ќе мора да го помине фитнес тестот за да добие дозвола да настапи, нагласи тренерот на Манчестер Јунајтед. Двајцата пред неколку дена го пропуштија решавачкиот натпревар со РБ Лајпциг кога нивниот тим загуби со 3:2 и беше елиминиран од Лигата на шампионите. Солскјер на средбата со новинарите нагласи дека Де Геа ја има неговата поддршка иако во последните неколку мечеви направи големи грешки. Тој не сакаше да прецизира дали Шпанецот ќе го започне мечот со…

Read More

Претседателот на фудбалскиот состав Баерн Минхен, Карл Хајнц Румениге, најави дека Давид Алаба може да потпише нов договор со клубот иако сегашните преговoр стојат во место. „Нормално е дека големите екипи сакаат да го купат Алаба. Тој сам ќе мора реши дали ќе остане кај нас или ќе ја промени средината“ – потенцираше Румениге. Познато е дека репрезентативецот на Австрија бара драстично зголемување на платата (23 милиони)  колку што добива Левандовски. Челниците, пак, на Баварците му нудат максимална добивка од 16 милиони по сезона вклучувајќи ги и бонусите. Алаба има договор до јуни во 2021 година.

Read More

Фудбалерот на Манчестер Јунајтед, Единсон Кавани, кој се вбројува меѓу најдобрите напаѓачи во светот, откри дека во минатото имал понуди од Јувентус и Интер, но, се определил да го носи дресот на Наполи. „Секогаш ќе му бидам благодарен на Наполи. Поради таа причина одбив многу италијански клубови вклучувајќи го тука Јувентус кој често ми се јавуваше и луѓето од Интер“ – вели Уругваецот. „Знам дека направив многу за Наполи и дека ме почитуваат“ – нагласи напаѓачот на „црвените ѓаволи“.

Read More

Тренерот на фудбалерите на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, потврди дека првиот голгетер во тимот, Серхио Агуеро, нема да биде меѓу стартерите на дербито со Манчестер Јунајтед. Аргентинецот на вчерашниот меч во Лигата на шампионите со Олимпик Марсеј влезе во игра во 67 минута и успеа да погоди во мрежата на Французите. „Неговиот инстинкт за гол, неговата одлична реакција беше очекувана. Тоа сега е најзначајно“ – изјави Гвардиола.

Read More

Жорди Фаре, кој се наметнува како кандидат за претседателската позиција во фудбалскиот состав Барселона, даде ветување дека ќе го натера Лео Меси да остане во тимот доколку ја добие поддршката од собранието. „Меси сака да остане во Барса и ние ќе работиме на тоа. Тоа можам да го ветам“ – вели Фаре кој се насочи и кон евентуалното враќање на Нејмар. „Мислам дека лсно ќе го купиме Нејмар, тоа ќе биде добра инвестиција“ – потенцираше Фаре.

Read More

Кошаркарската федерација денеска зад затворени врати поради мерките за заштита од Ковид-19, го реализираше годишното собрание. -Согласно дневниот ред, на редовната седница на која присуствуваа 27 делегати, се „поминаа“ сите предвидени точки. Откако со минута молчење им беше оддадена почест на прерано починатите кошаркарски работници, Собранието ги усвои сите записници од вонредните дописни седници одржани помеѓу оваа седница и онаа изборната во минатата календарска 2019 година. Беше прегледан, и усвоен и финансискиот извештај за изминатата година. Финална точка на дневниот ред беше техничка, промена на седиштето на Федерацијата со промена на член 5 од Статутот на КФСМ односно промена на…

Read More