Author: dino

Аргентинскиот фудбалер, Лео Меси, кој го напушти ПСЖ во текот на летово и замина во САД во екипата на Интер, Мајми, му порачал на Килијан Мбапе да оди во друг состав. „Јас би сакал да одиш во Барса но, ако сакаш да одиш во Мадрид, оди, заслужуваш вистински победнички проект“ – биле зборовите на Меси упатени кон Французинот. Меси и Мбапе две години ја делеа соблакувалната на – „Паркот на принцовите“.

Read More

Женската репрезентација на Македонија оствари нова победа во групата Б од Третата Европска зона која се реализира во Скопје на терените на ТК Југ. Во четвртото коло нашите тенисерки го совладаа Исланд со максимални 3-0. Магдалена Стоилковска беше подобра од Ана Софија Гронхолм со 2-0 во сетови а Лина Ѓорческа со истиот резултат ја победи Софија Солеј Јонасдотир. Во игра на двојки, Александра Симева и Ива Данева славеа против Ана Софија Гронхолм и Софија Солеј Јонасдотир со 6-3 и 6-3. Македонија во наредното коло ќе игра со Молдавија. Ние досега имаме максимални четири победи.

Read More

Нашиот фудбалски првак, Струга Трим Лум, условно доби атрактивен противник во второто коло во елиминациите за Лигата на шампионите. Стружани доколку ја скокнат првата пречка од Литванија, Жалгирис, ќе одат на мегдан со турскиот гигант, Галатасарај. Македонскиот тим треба да биде домаќин на првиот меч на 25/26 јули додека реваншот би се одиграл на 1/2 август во Истанбул. Галатасарај кој е речиси редовен учесник во Лигата на шампионите има 22 титули од Турската супер лига. 

Read More

Фудбалерот, Ангел ди Марија е блиску до потпишување договор со португалската Бенфика. Изворот тврди дека преговорите се при крај и дека договорот ќе биде официјално потврден во наредните денови. Аргентинецот треба да остане во Португалија до јуни во 2024 година. Ди Марија летово си замина од Јувентус откако му истече договорот. 38-годишниот ветеран одигра 40 натпревари за „старата дама“ на кои постигна 8 голови и имаше 7 асистенции. .

Read More

Фудбалерот, Кристијано Роналдо, доцна синоќа испиша историја откако на 38 години го одигра 200-от меч за селекцијата на Португалија. Тој на гостувањето на Исланд беше стрелец и на единствениот погодок. „Победата има посебен шмек. Не само затоа што е јубилеен натпревар, туку затоа што го постигнав победничкиот гол – не можев да побарам повеќе. Беше одлично и незаборавно“ – изјави Роналдо. Неговата селекција која чекори кон Европското првенство во 2024 година, на 8 септември ќе го одигра дербито со Словачка

Read More

Европскиот фудбалски шампион, Манчестер Сити, ќе влезе во трката за дефанзивецот на Наполи – Ким Мин, за кого се заинтересирани и составите на Баерн (Минхен) и Манчестер Јунајтед. Според наведеното, „граѓаните“ се подготвени да испратат околу 50 милиони за да го ангажираат одличниот стопер кој во изминатата сезона одигра 45 натпревари на кои постигна 2 гола и забележа 2 асистенции. Корејскиот интернационалец во летото во 2022 година  го напушти тимот на Фенербахче и за нешто повеќе од 18 милиони евра се пресели на „Чизмата“.

Read More

Англискиот фудбалски состав Њукасл кој во наредната сезона ќе настапува во Лигата на шампионите, сака да го ангажира играчот на Милан, Сандро Тонaли. Првата понуда за трансфер на Италијанецот е 50 милиони евра. Тонали во изминатата сезона одигра 48 натпревари во сите конкуренцци. Тој даде два гола и направи 10 асистенции. Играчот од средниот ред беше купен од Бреша во 2021 година откако една сезона помина како позајмен на – „Сан Сиро“.

Read More

Британецот, Луис Хамилтон, има реална шанса до крајот на сезоната да направи рекорд кога станува збор за искачување на подиумот. Возачот на Мерцедес во Формула 1 кој се трка од 2007 година, успеа на патеката во Канада по 195 пат да избори место во топ 3. До крајот на сезоната има шанса да ја помине границата од 200. Воедно на патеката во Канада екипата на Ред Бул ја забележа 100-та победа а Макс Верстапен дојде до 41-та со што се израмни со легендарниот, Аиртон Сена.

Read More

Советникот на Ред Бул во Формула, д-р Хелмут Марко,  ги коментираше настапите на  Серхио Перез. Тој вели дека Мексиканецот мора да има подобри квалификациите“. „Ние сме силни, имаме добар автомобил и силен мотор. Некогаш имаме и проблем со болидите. Добро е што сега одиме на домашен терен„ – вели Марко. Перез и трет викенд по ред не успеа да влезе во топ 3. Во Канада се шпекулираше дека тој би можел да го загуби местото во тимот на Ред Бул.

Read More

Тренерот на Лече, Марко Барони, не ги прифатил новите услови на раководството и затоа ќе си замине од клубот. 59-годишниот фудбалски стратег седна на кормилото во јули 2021 година и успеа веднаш да го внесе тимот во Серија А. Лече минатата сезоната ја заврши на 16-тото место со 8 победи, 12 нерешени и 18 порази. Барони иако добил понуда за нов договор на уште една година и зголемување на платата, истата не ја прифатил. Фаворит за неговото место е Роберто Д’Аверса а меѓу кандидатите се и Филипо Инзаги и Андреа Пирло.

Read More