Author: dino

Селекторот на фудбалерите на Англија, Герет Саутгејт, вели дека Македонија има добри индивидуалци и дека не смее да се потцени на утрешниот меч во квалификациите за ЕП. „Мора да бидеме внимателни бидејќи Македонија сигурно ќе сака да одигра подобро по мечот со Украина. Се работи за тим кој функционира добро“ – без дел од зборовите на селекторот на „Гордиот Албион“. Македонија на гостувањата на Островот има два нерешени меча 2:2 и 0:0. Домаќинот во тековните квалификации има три победи со Италија, Украина и Малта додека ние имаме победа со Малта и пораз од Украинците.

Read More

Шпанскиот мотоциклист на Прамак, Хорхе Мартин, е победник на трката за Големата награда на Германија возена на патеката Саксенринг. Тој успеа да ја добие битката со актуелниот шампион, Франческо Бањаја, кој го вози моторот на Дукати. Французинот, Жоан Зарко  кој е дел од Прамак тимот го пополни третот место на пиедесталот. Бањаја со 131 поени останува на лидерското место пред Бецеки со 110 и Мартин со 107 поени. Новите возбудувања во Мото Гран При шампионатот ќе ги гледаме на 25 јуни на патеката во Асен. 

Read More

Македонските тенисери обезбедија опстанок во третата група од Европската зона во Дејвис Купот. Тие денеска во баражот ја совладаа селекцијата на Сан Марино со 2 спрема 1. Мечот го реши играта во двојки. Бугариќ и Хусеиновиќ славеа со 2-0 против Де Роси и Томезани. Првиот сет го добивме со 6:4 а вториот со 6:3. Претходно во сингл, Бугариќ го совлада Мурачини со 2-0 по сетови 7:5 и 6:2 додека Марковски загуби од Де Роси во два сета со 6:0 и 6:1.

Read More

Луис Фелипе Сколари по една година пауза ќе се врати во тренерските води. Легендарниот бразилски стратег последниот ангажман го имаше кај Атлетико Параненсе во финалето од Копа Либертадорес. Тој тогаш порача дека се повлекува од фудбалот но, сега се предомисли и потпиш договор за една сезона со екипата на Атлетико Минеиро. Бразилецот има работено со Гремио, Крузеиро, Гоиас, Челзи, Палмеирас и Коритиба. Тој во еден период беше селектор на Кувајт и на Бразил.

Read More

Француските медиуми објавија дека фудбалскиот тренер, Јулијан Нагелсман, дефинитивно нема да го презеде кормилото на ПСЖ откако пропаднале сите преговори. Младиот стратег кој последен пат седеше на кормилото на Баерн Минхен не ги прифатил условите за да замине на „Паркот на принцовите“. Тоа значи дека „светците“ и натаму не можат да најдат нов тренер откако претходно пропаднаа шансите да ги ангажираат Зинедин Зидан и Луис Енрике.

Read More

Романските навивачи пред крајот на вчерашната средбата со Косово започнаа да скандираат „Косово е Србија“ по што реагираше полицијата која ги избрка од стадионот  – „Фадиљ Вокри“. Со оглед на политичката конотација на инцидентот, Романците се соочуваат со сериозна казна од УЕФА која не дозволува  политички скандирања на натпреварите. Мечот беше одигран во рамките на квалификациите за Европското првенство во 2024 година.

Read More

Фудбалерот,  Фредерико Валверде, кој имаше одлични партии во дресот на Реал Мадрид вели дека сака да остане на стадионот – „Сантијаго Бернабе“ и повтoрно да освојува нови трофеи за „кралевите“. Неговата изјава доаѓа по шпекулациите дека луѓето од Челзи сакаат да испратат понуда за неговиот потпис. „Јас сум во Мадрид и се обидувам да оставам траг во најдобриот клуб во светот. Сакам да продолжам да освојувам трофеи“ – потенцираше играчот на „белите“.

Read More

Гимназијата – „Никола Карев“, го освои златниот медал на премиерното издание на Европското првенство во кошарка за средни училишта што денеска заврши во Скопје. Македонскиот претставник успеа во финалето да слави против Нимбург од Чешка со 99 спрема 95. Наградата за најкорисен играч – МВП, заврши во рацете на нашиот кошаркар Ангел Стојанов. На Европското првенство за средни училишта учествуваа претставниците од Србија, БИХ, Република Српска, Црна Гора и Франција во машка и женска конкуренција. Шампионатот беше реализиран со поддршка на Федерацијата за училишен спорт, Агенцијата за млади и спорт и Град Скопје.

Read More

Челниците на фудбалскиот состав Торино преговараат за откупување на правата на играчот од средниот ред на Аталанта, Алексеј Миранчук. Првично, сумата за откуп требаше да биде 9,5 милиони евра, плус уште 1,5 милиони во форма на бонуси. Сепак, Торино не е подготвен да плати повеќе од 7 милиони. 27-годишниот Русин може да остане кај „биковите“ до 30 јуни кога ќе му истече договорот за позајмица. Правата на играчот до летото во 2024 година и припаѓаат на Аталанта.

Read More

Играчот од средниот ред на Челзи, Матео Ковачиќ е многу блиску до шампионот на Премиер-лигата, Манчестер Сити. Според двата клуба, постигнат е начелен договор за трансфер на Хрватот за околу 40 милиони евра. Сите детали за трансакцијата ќе бидат разјаснети во рок од две недели. Ковачиќ ги договорил личните услови со „граѓаните“ што во голема мера ќе го олесни комплетирањето на трансферот.

Read More