Author: dino

Тој е најуспешниот претседател во историјата на фудбалот откако ги предводеше „росонерите“ до 28 трофеи за 30 години. Берлускони се израдува на пет титули во Лигата на шампионите, осум титули на Италија, пет европски Суперкупа, шест италијански Суперкупа, два Интерконтинентални трофеи, еден пехар од светското клупско првенство и еден во Купот на Италија. Берлускони се раздели со Милан во 2017 година. Тој до неодамна беше претседател на Монца која успеа да влезе во Серија А.

Read More

Репрезентативецот на Франција, Адриен Рабиот, се повредил на еден од тренинзите и нема да игра во јунските квалификациски мечеви за Европското фудбалско првенство. Селекторот, Дидие Дешам, веднаш на неговото место го повика членот на Астон Вила, Бубакар Камара, кој имаше одличен финиш на сезоната. „Галските петли“  в петок ќе  гостуваат кај Гибралтар додека три дена подоцна ќе ја пречекаат Грција во Париз.

Read More

Фудбалерот на Хрватска, Јошко Гвардиол, не успеа да се опорави од повредата и ќе мора да ја пропушти завршницата во Лигата на нации. „Коцкестите“ ќе се соочат со Холандија на 14 јуни во Ротердам во првото полуфинале додека во второто на 15 јуни ќе играат Италија и Шпанија. Победниците ќе се сретнат на 18 јуни во финалето. 21-годишниот  дефанзивец има истегнување на стомачниот мускул.

Read More

Англискиот фудбалски состав, Брентфорд, ќе се обиде да обезбеди времена замена за првиот напаѓач, Иван Тони, кој отслужува суспензија од осум месеци поради обложување. Според медиумите, челниците на тимот ќе се насочат кон играчот на Стразбур, Хабиб Диало. Тој во сезоната што заврши одигра 38 мечеви во сите конкуренции со ефект од  20 голови и една асистенција. Договорот на играчот со францускиот клуб е до крајот на јуни во 2025. Неговата трансферна вредност е 14 милиони фунти.

Read More

Легендарниот фудбалски тренер, Арсен Венгер, проценува дека Манчестер Сити мора да направи одредени промени во ростерот доколку сака да го повтори успехот и да дојде до повеќе пехари. „Граѓаните“ во сезоната што заврши ја освоија Лигата на шампионите, Премиер конкуренцијата и ФА Купот на Англија. „Сити ќе мора да обезбеди најмалку две до три засилувања за да остане конкурентен“ – потенцира Французинот.

Read More

Ѕвездата на Формула 1 од Ферари, Шарл Леклер, беше меѓу гостите на 91-то издание на 24 часа Ле Ман. Скудерија се врати на трките по пауза од 50 години и ја оствраи првата победа на Ле Ман од 1965 година. „Триумфот на Ферари по толку години е нешто многу посебно. Тоа се случи на трка со која се одбележува 100 години од почетокот“ – вели Леклер. Тој не крие дека во иднина би можел да се натпреварува во трките на издржливост.

Read More

Фудбалерите, Џуд Белингем и Луис Данк, поради повреда ќе мора да ги пропуштат јунските дуели за селекцијата на Англија. Белингем паузира подолг период и не успеа да и помогне на Борусија (Дортмунд) да ја освои титулата во Бундес-лигата додека дефанзивецот на Брајтон не може да се опорави навреме поради повредата што ја заработи во финишот на сезоната во Премиер-лигата. Англија на 16 јуни ќе гостува кај Малта а на 19-ти ќе ја пречека Македонија.

Read More

Македонскиот тенисер, Калин Ивановски, го освои ИТФ фјучерсот кој денеска заврши во Скопје а се играше за награден фонд од 25.000 американски долари. Тој во финалето по еден час и 46 минути, успеа да го совлада Саша Вајенбург од Франција со 2-0 по сетови  7-6 и 6-4. Ивановски е првиот Македонец кој го освојува турнирот во Скопје по цели 15 години.

Read More

Откако Мерцедес и Ферари ги тестираа новите гуми на Пирели за Ф1 на патеката Каталуња надвор од Барселона, Директорот за развој на Астон Мартин, Том Мекалу, вели дека италијанската компанија ќе може да ги постигне саканите цели. „Ние целосно веруваме во Пирели и ја поддржуваме нивната програма. Мислам дека ги преземаат неопходните чекори и воведуваат нови работи само кога се сигурни дека функционираат“ – потенцира Мекалу. Новите гуми на Пирели кои треба да се користат од наредната сезона, нема да се загреваат пред употреба.

Read More

Фудбалерот на Манчестер Сити, Ерлинг Халанд, вели дека пехарот не го очекувал ниту во најлудите соништа. „Тоа покажува дека е можно да успеете и како дете од мал град во Норвешка. Кога ќе спадне еуфоријата повторно ќе го посакам трофејот во Лигата на Шампиони“ – вели Халанд. „Имав шанса и да постигнам гол во финалето, да беше мој ден ќе дадев два“ – нагласи првиот голгетер на „граѓаните“.

Read More