Author: dino

Фудбалерот на Интер, Фредерико Димарко, вели дека неговиот тим одлично му парирал на Манчестер Сити во финалето во Лигата на шампионите и дека не заслужи да загуби. Мечот на стадионот во Турција го реши погодокот на Родри во 68 минута иако „нероаѕурите“ ја погодија пречката и имаа уште две одлични шанси за гол. „Тажни сме бидејќи го загубивме најголемиот натпревар во сезоната. Топката не сакаше да влезе во голот. Горд сум на екипата“ – вели Димарко по вчерашното финале во Истанбул.

Read More

Фудбалерот на Манчестер Сити, Хулиан Алварез, влезе во историјата откако во една сезона успеа да ги освои пехарите во Лигата на шампионите, Премиер-лигата, Фа Купот на Англија и мундијалската титула со неговата Аргентина.  „Величенствена сезона, посебно неверојатна. Беше предизвикувачки да се преселиш од Аргетнина во друга држава. Се плашев а на крајот успеав да освојам се“ – вели 23-годишниот играч на „граѓаните“.  Тој за англискиот тим одигра  49 натпревари и постигна 17 голови.

Read More

Фудбалерите на Манчестер Сити ја покорија Европа. Тие  вечерва во финалето на Лигата на шампионите го совладаа минимално италијанскиот Интер со 1-0 со голот на Родри постигнат во 68 минута. На стадионот – „Ататурк“ во Истанбул, Шпанецот испрати прецизен удар за голема радост на „граѓаните“ и за тренерот, Пеп Гвардиола, кој конечно го добива трофејот како предводник на  англичаните. До крајот на мечот двата тима уште неколку добри шанси но, резултатот не се промени.

Read More

Нашиот најдобар тенисер, Калин Ивановски, влезе во финалето на ИТФ Фјучерсот што се реализира во Скопје за награден фонд од 20.000 американски долари. Тој денеска во тежок меч славеше против Ерги Киркин од Турција со 2-1 по сетови: 3-6, 6-2 и 6-2. Ивановски утре во финалето ќе се сретне со Французинот, Саша Вајенбург, кој претходно во првото полуфинале го победи Вито Тоњец од Хрватска со 2-0 по сетови: 7-6 и 6-1.

Read More

Ракометниот тим Еурофарм Пелистер успеа да го задржи Каспер Кисум и за наредната сезона во која битолчани ги очекува настапот во Лигата на шампионите. Данскиот интернационалец со неговото богато искуство ќе биде еден од адутите на пелистерци. Левиот бек кој пристигна во  почетокот на годинава ја прифатил понудата да игра и во сезоната 2023/24. Претходно, кога станува збор за интернационалците, беше потврдено доаѓањето на репрезентативецот на Словенија, Нејц Цехте.

Read More

Напаѓачот на Интер, Ромелу Лукаку, кој настапува како позајмен од Челзи, вели дека сака да остане во италијанскиот тим. Сепак, работите ќе зависат и од новиот тренер на „сините“, Маурисио Покетино, кој ќе треба да одлучи дали сака да го врати назад на стадионот – „Стемфорд Бриџ“ или ќе му дозволи да остане кај „нероаѕурите“. Медиумите наведуваат дека судбината на интернационалецот од Белгија ќе се решава по претстојното финале во Лигата на шампионите меѓу Интер и Манчестер Сити.

Read More

Фудбалерот, Алексеј Миранчук, ја имаше најдобрата сезона во Италија покажува статистиката. По транзицијата од Аталанта во екипата на Торино, 27-годишниот руски играч од средниот ред ја постигна најдобрата форма. Тој имаше 24 натпревари во стартниот состав на „биковите“ додека претходно за две години поминати во Бергамо имаше само 14 мечеви и тоа во сите конкуренции. Миранчук во Торино играше како позајмен фудбалер а во договорот нема задолжителна опција за откуп.

Read More

Манчестер Сити ќе го стави на трансфер листата фудбалерот, Жоао Кансело, за сума од 40 милиони евра, наведуваат медиумите во Англија. Португалскиот дефанзивец изминатата сезона ја помина како позајмен во Баерн Минхен но, раководството на Баварците нема намера да му го откупи договорот. Во исто време, Арсенал покажува дека е заинтересиран да го добие потписот на Кансело иако 29-годишниот фубалер најавува дека сака да замине во Реал Мадрид или Барселона.

Read More

Давид Де Геа деновиве ќе го продолжи договорот со Манчестер Јунајтед до 2027 година и ќе добива по 200.000 фунти неделна плата. Во исто време, Дин Хендерсон, кој играше како позајмен во Нотингем Форест, ќе го напушти „Олд Трафорд“ и за 25 милиони фунти ќе продолжи да игра во сегашниоt состав. Бидејќи на тој начин се ослободува едно место кај голманите, менаџерот Тен Хаг, ќе се обиде да купи нов чувар на мрежата кој ќе му биде вистинска конкуренција на Шпанецот.  

Read More

Поранешниот фудбалер на Пелистер, Влатко Костов, од денеска ќе седи на клупата на битолскиот состав. Тој ќе има задача во наредната сезона да избори место во прволигашкото друштво. „Мене ми е чест што ја добив довербата од клуб каков што е Пелистер и луѓето што го водат клубот. Заедничка цел ни е пласман во Првата лига и од првиот ден ќе работиме на тоа“ – изјави Костов. Ќе потсетиме дека Костов покрај ангажманот во повеќе екипи во еден период беше дел и од стручниот штаб на нашата најдобра фудбалска репрезентација а работеше и во селекцијата У 21.

Read More