Фудбалерите на Интер на 10 јуни во Истанбул ги чека финалето во Лигата на шампионите против Манчестер Сити предводен од Де Бруин и Халанд на теренот и Пеп Гвардиола на клупата. Иако според проценките англичаните се фаворити на хартија, Извршниот директор на „нероаѕурите“, Џузепе Марота, вели дека италиајнскиот состав нема да истрча со бело знаме . „Манчестер Сити заслужи да се пласира во финалето, тие се еден од најмоќните финансиски клубови. Сепак, убавината на фудбалот е во тоа што предвидувањата можеби нема да се остварат“ – изјави Марота.
Author: dino
Фудбалерот на Манчестер Сити, Илкај Гундоган, ќе добие понуда да се пресели во редовите на Борусија Дортмунд, најавија дел од медиумите во Европа. Тој за „граѓаните“ игра од од 2016 година и има освоено 13 трофеи – пет шампионски титули, два ФА купа, четири Лига купа, два ФА Суперкупа. Претходно имаше најава дека искусниот играч од средниот ред се догoворил со Барселона и дека без обештетување во текот на летото ќе се пресели во Шпанија.
Челниците на Челзи успеале да го купат фудбалерот Кендри Паез кој игра за Индепендиенте дел Вале. Тој ќе се пресели на „Стемфорд Бриџ“ дури во 2025 година откако ќе наполни 18 години. Големиот талент од Јужна Америка имаше блескави настапи на Мундијалот за играчи до 20 години иако има само 16-ет. Тој е најмладиот дебитант и најдобар стрелец во локалното елитно првенство а успеа да дебитира и во Копа Либертадорес.
Првиот напаѓач на фудбалскиот состав Рома,Тами Абрахам, ги искина лигаментите на левото колено и набрзо ќе мора да оди на операција, потврди составот од Рим. Се претпоставува дека брзногиот голгетер ќе мора да паузира повеќе од 7-8 месеци што значи дека ќе го пропушти стартот на наредната сезона. Репрезентативецот на Англија се повреди на последниот дуел од сезоната против Специја и сега ќе мора да оди на долга рехабилитација.
Игли Таре, кој ја имаше улогата на Спортскиот директор во Лацио, ќе го напушти тимот по 18 години, пишува денеска весникот – „Газета дело спорт“. Тој откако ја заврши кариерата во дресот на „римските орли“ во 2009 година, веднаш се активираше во раководните гарнитури. „Тоа беше неверојатна авантура. Одлуката беше претходно донесена,. Никогаш нема да можам да му се заблагодарам на претседателот Лотито што ми ја даде можноста како и на навивачите кои влегоа во моето срце. На сите играчи и персоналот кои беа со мене“ рече Таре.
Македонските одбојкари ја забележаа и втората победа во групата – „Б“ во Златната Лига на СЕВ. Тие славеа против Хрватска со 3-2 во крајно возбудлив и изедначен меч одигран во СЦ Борис Трајковски во Скопје. Првите два сета ги освоивме со 25-17 и 25-22. „Коцкестите“ дојдоа до изедначување откако славеа во серија со 25-22 и 31-29. Во петтиот решавачки сет лошо започнавме но, чекор по успеавме да дојдеме до посакуваната победа со 16-14. Претходно во нашата група Украина славеше на теренот на Белгија со убедливи 3-0. По три кола, Украинците се лидери со максимален фект, Македонија има две победи и…
Илина и Ева Соколовски повторно редат успеси а најубавото е што ќе се натпреваруваат под македонско знаме на интернационални натпревари по ритмичка гимнастика. Илина се квалификуваше за големото германско финале во ритмичка гимнастика на 10 јуни додека нејзината сестра Ева прв пат ќе ја претставува Македонија на интернационален натпревар, кој ќе се одржина 15 јуни Будва. „Во план ми се уште четири интернационални натпревари оваа и следната година. Натпреварите ќе бидат во Полска, Италија, Германија и Португалија. Тие ќе ми бидат како еден вид подготовка за Европското првенство на кое за прв пат ќе ја претставувам Македонија, вели Илина. „Интернационалниот…
Реал Мадрид потврди со соопштение дека ја прекинува соработката со младиот играч, Мариано Диаз. 29-годишниот фудбалер кој потекнува од академијата на „кралевите“, успеа да освои два пехара во ЛШ, три Светски клупски првенства, три пехари во Ла Лига, еден Куп на Шпанија и два Супер-купа. Засега нема информации каде ќе продолжи кариерата на Диаз иако за него се заинтересирани неколку екипи од Шпанија и Англија.
Возачот на Ред Бул, Макс Верстапен, ја обезбеди пол-позицијата за утрешната трка за ГН на Шпанија. Холанѓанецот ги остави зад него Карлос Саинц и Ландо Норис додека Пјер Гасли најверојатно ќе се соочи со казна па Луис Хамилтон ќе ја започне трката од вториот стартен ред. Меѓу првите 10 се најдоа: Ленс Строл, Естебан Окон, Нико Хулкенберг, Фернандо Алонсо и Оскар Пијастри.
Кошаркарот на Денвер Нагетс, Никола Јокиќ, со „трипл-дабл“ ефект од 27 поени, 10 скока и 14 асистенции, беше еден од најзаслужните за победата против Мајами во првиот натпревар од финалето на НБА. „Знам дека не треба да постигнувам многу поени за да имам влијание врз играта. Значајна е само победата“ – потенцираше центарот на Денвер. Неговиот тим на 5 јуни ќе биде домаќин и на втората средба од финалната серија која ќе се игра до 4 победи.
