Author: dino

Половичен успех на нашите одбојкарски репрезентации во двојната програма во СЦ Борис Трајковски во Скопје. Мажите ја совладаа Белгија со 3-1 за прва победа во Златната Лига по стартниот пораз од Украина додека одбојкарките загубија од Летонија со 3-0 во рамките на 2 коло од Сребрената Лига. Двете селекции в сабота повторно ќе бидат во улога на домаќини на истата локација. Одбојкарите ќе излезат на мегдан со Хрватска која има два пораза во групата додека сениорките ќе играат против Естонија која е главниот фаворит за првото место.

Read More

33-годишниот фудбалер на Реал Мадрид, Начо Фернандез, започнал преговори со луѓето од Интер, тврди денеска весникот – „Марка“. Наводно, тимот од Италија ќе му понуди на бекот договор за три сезони. Тој треба да биде замена за Милан Шкриниар, кој ќе оди во Пари Сен Жермен. Начо е дел од Реал повеќе од 20 години откако и се приклучи на школата на „белите“ во 2001-ва.   Претходно се појавија информации дека за дефназивецот  се заинтересирани Вилјареал и Рома.

Read More

Селекторот на нашата У21 репрезентација, Драги Канатларовски, повика 25 фудбалери за пријателските мечви со Ерменија и Малта кои ќе бидат одиграни на тренинг центарот – „Петар Милошевски“. Голмани: Марко Алчевски (Академија Пандев), Иван Николоски (Беласица), Васко Василев (Рио Аве, Португалија), Стефан Тасев (Македонија Ѓ.П.);Одбрана: Марио Ричков (Шкупи), Стефан Деспотовски (Работнички), Андреј Стојчевски (Жилина, Словачка), Имран Фетаи (Гостивар), Решат Рамадани (Динамо Киев, Украина), Виктор Крстевски (Гостивар), Методи Максимов (Шкендија), Михаил Димитриевски (Брегалница);Среден ред: Мартин Талаков (Подбрезова, Словачка), Иван Николов (Брегалница), Хамза Рамани (Силекс), Алекс Златков (Шкупи), Димитар Тодоровски (Работнички), Димитар Трајков (Академија Пандев), Ване Крстевски (Академија Пандев), Берат Калкан (Касимпаша), Бехар…

Read More

Екипата на Астон Вила потврди дека фудбалерот, Ешли Јанг, ќе си замине откако ќе му истече договорот на 30 јуни. Тој во сезоната што заврши одигра 32 меча или собра вкупно 250-ет во текот на неговите два периода кај англискиот тим. 37-годишниот фудбалер најдобрите моменти во кариерата ги имаше во Манчестер Јунајтед кога успеа да ја освои Премиер лигата, ФА Купот, Лига Купот и Лигата на Европа.  Треба да се потенцира дека ветеранот успеа да дојде и до пехарот во Калчото со Интер со што стана само третиот фудбалер од Англија кој се израдувал на титулата во Серија „А“.

Read More

Фудбалерот, Диого Далот, денеска го продолжи договорот со Манчестер Јунајтед до 2029 година, објавија дел од медиумите. Дефанзивецот пристигна на „Олд Трафорд“ пред пет години од Порто за скромни 19 милиони фунти. Тој во сезоната што заврши одигра 42 меча во сите конкуренции. „Да се ​​игра за Манчестер Јунајтед е чест – една од најголемите што можете да ги добиете во фудбалот“ – потенцираше искусниот фудбалер.

Read More
NBA

Кошаркарите на Мајами ќе се борат за титулата во НБА лигата откако во седмиот решавачки натпревар од финалето на Источната конференција го совладаа Бостон Селтикс со 103:84. Џими Батлер имаше 28 поени, седум скокови и шест асистенции и сосема заслужено ја освои МВП наградата за најдобар играч во финалето на Истокот. Мајами влезе во историјата како вториот тим што стигнал до крајот а бил осми носител. Тоа претходно го направи Њујорк Никс во 1999 година. Големото финале за пехарот на НБА започнува в петок во Денвер во 2:30 часот.

Read More

Челниците на Реал Мадрид сакаат во летниот трансфер период да го ангажираат фудбалерот на Еспањол, Хоселу. Бидејќи неговиот тим испадна од елитата на Шпанија, 33-годишниот напаѓач ќе може без проблеми да си замине иако има тековен договор. Преговорите меѓу Реал Мадрид и Хоселу наводно, се во напредна фаза. Искусниот играч има 38 настапи за Еспањол во сите натпреварувања. Тој постигна 17 голови и направи 3 асистенции.

Read More

Шефот на Ф1 на Ферари, Фредерик Васер, потврди дека му се извинил на Шарл Леклер за недоразбирањето меѓу него и луѓето од боксот за време на квалификациите за Големата награда на Монако. Леклер заврши на третото место во квалификациите но, беше казнет со три места затоа што го задржа Ландо Норис во тунелот во третиот дел од сесијата. Во целата ситуација тимот е виновен за тоа бидејќи луѓето од боксот не го предупредија Леклер за движењето на Норис .

Read More

Принцот Алберт Втори е уверен дека Големата награда на Монако има иднина во Формула 1 и дека треба да се направат одредени промени во преговорите за новиот договор.  „Стефано Доменикали и Грег Мафи ми кажаа како ја гледаат иднината на Формула 1. Тие сакаат да ги направат трките подинамични и поатрактивни“ – рече принцот. „ Трката во Монако има договори кои не можеме да ги откажеме. Во 2025 година  ќе разговараме за прашањата околу спонзорите, ТВ преносите и други комерцијални прашања“ – вели Принцот Алберт.

Read More

Фудбалерот, Ерлинг Халанд, пред финалето во ФА Купот со Манчестер Јунајтед (3 јуни) и големото финале во Лигата на шампионите со Интер (10 јуни), вели дека Пеп Гвардиола, му помогнал да се наметне во дебитантската сезона. „Јас и сите играчи ги составувавме малите делови. На крајот сè се сведува на фактот дека треба да го слушам бидејќи тој е најдобриот тренер“ – вели Норвежанецот. Халанд одигра 51 меч во сите конкуренции со ефект од 52 гола и 9 асистенции.

Read More