Кошаркарите на Мајами ќе се борат за титулата во НБА лигата откако во седмиот решавачки натпревар од финалето на Источната конференција го совладаа Бостон Селтикс со 103:84.
Џими Батлер имаше 28 поени, седум скокови и шест асистенции и сосема заслужено ја освои МВП наградата за најдобар играч во финалето на Истокот. Мајами влезе во историјата како вториот тим што стигнал до крајот а бил осми носител. Тоа претходно го направи Њујорк Никс во 1999 година.
Големото финале за пехарот на НБА започнува в петок во Денвер во 2:30 часот.

