Author: dino

Гар Лејшон кој му е тренер на еден од најдобрите десетобојци во светот во последната деценија, Демиен Ворнер, верува дека Канаѓанецот во тековнава сезона може да го собори  светскиот рекорд. Во исто време и 33-годишниот атлетичар кој го освои олимпиското злато во Токио а не настапи поради повреда на Светското првенство во Орегон одржано во изминатиот јули, нагласи дека се чувствува подготвен. „Веруваме дека ги имаме вистинските дисциплини да го нападнеме светскиот рекорд. Тоа не значи дека ќе биде лесно“ вели Ворнер.

Read More

Ирина Сабаленка, вели дека ја разбира одлуката на Марта Костјук, да ги прескокне ракувањата кога игра против руски и белоруски тенисерки. Украинката пред Отвореното првенство на Франција, изјави дека нема да се ракува со ривалите од Русија и Белорусија по „специјалната воена операција“ што Москва ја спроведува во Украина. „Разбирам зошто не ни пружаат рака. Можам да замислам ако ни подадат рака каква ќе биде реакцијата од украинската страна. Разбирам дека тоа не е лично“ – рече Сабаленка.

Read More

Возачот на Ред Бул, Макс Верстапен, победи во седмата сезонска трка во Формула 1 која беше возена на улиците на Монте Карло за Големата награда на Монако.  Холанѓанецот победи во драматична трка која беше проследена со дожд. На второто место заврши Фернандо Алонсо од Астон Мартин додека третото место на подиумот го пополни  возачот на Алпин, Естебан Окон.  Членовите на Мерцедес, Луис Хамилтон и Џорџ Расел завршија четврти и петти додека Леклер заврши како шести. Бодови уште освоија и Гасли, Саинц, Норис и Пјастри. Кај возачите лидер е Верстапен пред Перез и Алонсо. Наредната трка ќе биде возена за седум…

Read More

Третиот викенд на ТЦР Европа се вози на легендарната патека Спа Франкоршамп во Белгија. Новиот формат во борбата за светската титула предвидува ТЦР Светската серија да се вози заедно со повеќе различни ТЦР првенства. На крајот од годината да се направи посебен настан на кој што право на учество ќе добијат 60 најдобри возачи кои ќе се борат за светската круна. Меѓу нив е македонскиот возач Виктор Давидовски, кој на квалификации го освои петтото место во конкуренција на возачите на ТЦР Европа додека меѓу сите 23 уесници е рангиран на 13 место. Првата трка се вози денеска со почеток во…

Read More

Македонскиот фудбал оди по вистинскиот пат, посочи Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија,Муамед Сејдини,на денешното редовно Собрание на ФФМ. „Мило ми е што на секој Конгрес на ФИФА и УЕФА, гледаме почит за ФФМ, тоа е нешто што ни ги полни батериите и ни дава мотив. Реализиравме огромен број на проекти. Досега вложувавме во терени и трибини. Не бегаме од предизвиците и горди сме на сите селекции, на нашите клубови“ рече Сејдини. Претставникот на ФИФА вети два милиона долари повеќе од Форвард-програмата што значи дека ФФМ ќе располага со осум милиони.Финансискиот извештај вели дека федерацијата за 2022 година е во…

Read More

Советникот на Ред Бул Ф1, доктор Хелмут Марко, потврди дека проблемите на светскиот шампион, Макс Верстапен, на првиот слободен тренинг во Монако, се должат на неговата подготовка на симулаторот. Верстапен го заврши денот со одличен вториот тренинг но, во првата сесија имаше значајни проблеми со болидот посебно во свиоците. „Проблемот беше во поставките префрлени од симулаторот. Сега сме на вистинскиот пат а работите изгледаат многу добро“ – вели Марко.

Read More

Фудбалерот, Роберт Левандовски, објасни како се чувствувал кога низ улиците на Барселона масовно се прославуваше титулата обезбедена во Примера Дивизион. „На улиците во градот разбрав што значи за поддржувачите да ја освојат лигата. Беше многу посебно, доживеав неверојатни емоции“ – вели голгетерот на Каталонците. Репрезентативецот на Полска има реална шанса да ја освои наградата за најдобар стрелец во сезонава. Тој на две кола до крајот има 25 голови или 5 повеќе од членот на Реал Мадрид, Карим Бензема.

Read More

Менаџерот на фудбалерите на Лидс, Сем Алардајс, верува дека неговиот тим може да се спаси од испаѓање од Премиер-лигата. Неговиот тим утре ќе го пречека Тотенхем со единствена цел а тоа е победа. „Ми се допаѓа расположението. Трениравме на централниот стадион затоа што тука в недела или ќе живееме или ќе умреме во однос на конечниот пласман“ – вели искусниот тренер. Три екипи се вклучени во борбата за единственото место што дава опстанок. Евертон го има сега со 33 бода додека Лестер и Лидс заостануваат за два.

Read More

Тренерот на Абердин, Боби Робсон, откри детали за повредата на нашиот фудбалски интернационалец Бојан Миовски. „Првиот скрининг покажа дека има помали проблеми од претходно. Се надеваме дека не е лошо како што се стравуваше. Повеќе ќе знаеме по специјалистичките прегледи кои се закажани за в понеделеник“ – вели тренерот на шкотскиот состав. Тоа значи дека по два дена ќе се знае дали Миовски ќе може да настапи за нашата селекција на средбите со Украина и Англија закажани за 16 и 19 јуни во Скопје и Манчестер.

Read More

Челниците на фудбалскиот состав Милан се обидуваат да ја засилат средината и затоа се подготвени да испратат понуда за играчот на Челзи, Рубен Лофтус-Чик. Тој има договор со „сините“ до 2025 година а „росонерите“ се надеваат дека ќе успеат да дојдат претходно до неговиот потпис и да ја спуштат цената под 20 милиони евра. Не треба да се потцени фактот дека двата состава имаат одлична релација која претходно им овозможи на Бакајоко, Томори и Жиру да заиграат за тимот од Милано.

Read More