Возачот на Ред Бул, Макс Верстапен, победи во седмата сезонска трка во Формула 1 која беше возена на улиците на Монте Карло за Големата награда на Монако. Холанѓанецот победи во драматична трка која беше проследена со дожд.
На второто место заврши Фернандо Алонсо од Астон Мартин додека третото место на подиумот го пополни возачот на Алпин, Естебан Окон. Членовите на Мерцедес, Луис Хамилтон и Џорџ Расел завршија четврти и петти додека Леклер заврши како шести. Бодови уште освоија и Гасли, Саинц, Норис и Пјастри.
Кај возачите лидер е Верстапен пред Перез и Алонсо. Наредната трка ќе биде возена за седум денови на патеката- „Каталуња“ покрај Барселона.

