Советникот на Ред Бул Ф1, доктор Хелмут Марко, потврди дека проблемите на светскиот шампион, Макс Верстапен, на првиот слободен тренинг во Монако, се должат на неговата подготовка на симулаторот.
Верстапен го заврши денот со одличен вториот тренинг но, во првата сесија имаше значајни проблеми со болидот посебно во свиоците.
„Проблемот беше во поставките префрлени од симулаторот. Сега сме на вистинскиот пат а работите изгледаат многу добро“ – вели Марко.