Author: dino

Фудбалерот на Баерн Минхен, Садио Мане, кој има одредени проблеми во клубот, може да добие понуда да се пресели во шампионот на Саудиска Арабија, Ал-Хилал. Сенегалецот очигледно не се адаптираше на условите во Германија и затоа може да биде ставен на транфер-листата, посебно доколку Баварците ја загубат титулата. Од друга страна, Ал Хилал е амбициозен да донесе големи ѕвезди од Европа и затоа дури испрати и понуда до Лео Меси но, аргентинецот ја одби.

Read More

Фудбалерот, Жил Кунде, не е задоволен што постојано го форсираат на позицијата лев бек и затоа најавил дека ќе си замине од редовите на Барселона. Дефанзивецот иако е класичен стопер, Чави најчесто го става по страничните позиции. Затоа Кунде се заканил дека ќе побара преселба во друг состав. Медиумите наведуваат дека тренерот на Каталонците не сака да го загуби и му ветил на Кунде дека ќе игра во срцето на одбраната и дека ќе му ја исполни желбата.

Read More

Фудбалскиот ветеран, Џејмс Милнер, откри дека менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп, сакал да го има и понатаму во клубот но, челниците на „црвените“ не се согласиле со неговото мислење. „Клоп е добар менаџер, рече дека можам да останам и тоа ме направи среќен. Сепак, клубот донесе друга одлука“ – вели 37 годишниот играч. Милнер кој во осум сезони на стадионот – „Енфилд“ освои три титули, во текот на летото ќе го облече дресот на Брајтон.

Read More

Напаѓачот на фудбалскиот состав Рома, Пауло Дибала, тешко се опоравува од повредата. Тоа се лоши вести пред  финалето во Лигата на Европа против Севилја. Аргентинецот нема да игра на мечот со Фиорентина во текот на викендот во Серија „А“, тврдат медиумите во Италија. Според нив, искусниот напаѓач веројатно нема да игра и на 31 мај во финалето на Лига Европа против шпанскиот тим кој патем кажано е „специјалист“ за трофеи во таа конкуренција.

Read More

Менаџерот на англискиот фудбалски шампион Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, имаше многу пофалби за Роберто Де Зерби и неговиот Брајтон. Италијанецот за прв пат во историјата ги однесе „галебите“ до европски турнир  во случајов до Лига Европа. „Роберто е меѓу највлијателните менаџери во последните 20 години. Неговиот тим  е уникатен и создава 20-25 шанси по натпревар“ – вели Гвардиола.

Read More

Тренерот на фудбалерите на Баерн Минхен, Томас Тухел, најави дека ќе остане на кормилото на Баварците без разлика дали ќе ја освои титулата во Бундес-лигата икао шансите за тоа се речиси еднакви на нула. Неговиот тим во текот на викендот загуби дома од РБ Лајпциг додека Борусија Дортмунд славеше на теренот на Аугсбург и го презеде челното место на табелата со два бода предност. Во последното коло „милионерите“ ќе играат дома со Мајнц додека четата на Тухел ќе гостува кај Келн. „Не бегам од одговорност. Раководството ми даде до знаење дека ќе продолжиме да работиме заедно“ – искоментира Тухел.

Read More

Напаѓачот на Барселона, Роберт Левандовски, ги искоментира најавите дека Лео Меси може да са врати на „Камп Ноу“. Голгетерот вели дека ќе биде среќен доколку игра со Аргентинецот.  „Меси многу го промени стилот во последниве години. Полесно е да се игра со играчи кои го разбираат фудбалот “ –вели Левандовски. „Тој има уникатно чувство. Дефинитивно би имале корист од него. Сакамда играме заедно“ – потенцираше напаѓачот на Каталонците.

Read More

Лучано Спалети кој по цели 33 години го однесе Наполи до титулата во Серија „А“, на крајот на сезоната ќе си замине бидејќи не е задоволен од односот на првиот човек на клубот, Аурелио де Лаурентис. Искусниот тренер проценил дека не може да има добра релација со челниците и дека тоа може да влијае врз фудбалерите.Затоа донел одлука да си замине од Неапол. „Треба да размислувате вистински и да донесете одлука. Работата е завршена. Тоа не е одлука која падна од небо“ – рече Спалети по вчерашниот триумф во дербито со Интер.

Read More

Светскиот шампион од 1978 година Марио Андрети ја коментираше ѕвездата на Ферари во Ф1, Шарл Леклер. „Не го потценувајте. Тоа што ми се допаѓа кај него е што работи многу напорно иако во моментов нема доволно добар болид“ – потенцира Андрети. „Леклер е многу вреден возач и многу вешт. Тој може да биде светски шампион ако го има вистинскиот болид“ – вели некогашниот возач во Формула 1.

Read More

Серхио Љуљ кој успеа да погоди во последниот шут и да му донесе титула на Реал Мадрид во кошаркарската Евро-лига, вели дека на тајм-аутот добил наредба од тренерот да се обиде да поентира. Шпанците доцна синоќа во крајно интересно и неизвесно финале на Фајнал-фор турнирот во литванскиот град Каунас, го победија грчкиот, Олимпијакос, со минимални 79-78. „Кога тренерот ја нацрта акцијата за последниот напад, ми наложи да шутирам. Ударот беше тежок но, верував дека ќе погодам“ – рече Љуљ кој успеа да се израдува на четвртата титула во неговата кариера.

Read More