Енди Мареј кој има три титули од Грен Слем тунририте нема да настапи на тенискиот собир на Ролан Гарос за да може максимално да се подготви за сезоната на трева и турнирот на Вимблдон. Британецот откако претрпе порази во воведните мечеви во Монте Карло, Мадрид и Рим одлучи да го „скокне“ турнирот во Франција. 36-годишниот ветеран во годинава освои само еден Челинџер на земјена подлога.
Author: dino
Тренерот на фудбалерите на Реал Мадрид, Карло Анчелоти, крајно изнервиран се осврна на вчерашните случувања на теренот на Валенсија кога домашните фанови на расна основа го навредуваа напаѓачот на „кралевите“, Винициус Жуниор. „Не сакам да зборувам за фудбал. Цел стадион извикуваше дека Винисиус е мајмун, Ла Лига очигледно има сериозен проблем“ – вели Италијанецот. „Судијата тогаш ми го објасни протоколот. Тоа е смешно бидејќи со тоа не се спречуваат такви работи“ – изјави Анчелоти.
Шефот на Ред Бул, Кристијан Хорнер, вели дека 23 трки се доволни во една сезона во Ф 1 иако договорот предвидува до 25. „За мене 23 е горната граница, имаме неколку последователни викенди а тоа е многу напорен распоред. Посебно е тешко за фановите кои ќе треба да одвојат повеќе време и пари за да ја гледаат целата сезона“ – објасни Хорнер. Кон крајот на минатата година Светскиот совет на ФИА одобри рекорден календар во Формула 1 за 2023 година во кој се вметани 24 трки.
Кошаркарите на Денвер во текот на ноќта го совладаа на гости Лос Анџелес Лејкерс со 119 спрема 108 и направија голема предност 3-0 во финалната серија во Западната конференција во НБА лигата. Џамал Мареј со 37 поени, седум скокови и шест асистенции беше лидер во победничкиот тим додека Никола Јокиќ постигна 24 поени, имаше шест скокови а додаде и осум асистенции. Мечот го одбележа и моментот кога Леброн Џејмс без намера се судри со судијата Скот Фостер и му ја раскрвави устата па мораше да интервернира медицинскиот тим.
Фудбалерите на Ливерпул вчера ремизираа со Астон Вила и практично ги загубија шансите да обезбедат место во Лигата на шампионите за наредната сезона. Нивниот менаџер, Јирген Клоп, не е задоволен од резултатот. „ Се боревме за место во Лигата на шампионите но, ривалите собраа повеќе бодови. Ќе се бориме во Лига Европа. Да видиме што можеме да направиме таму“ – изјави Клоп. Ливерпул има три бода помалку од Њукасл и Манчестер Јунајтед кои имаат натпревар помалку и ќе им требаат најмалку нерешени резултати за да обезбедат пласман во елитата на Европа.
Фудбалерите на Баерн Минхен вчера загубија на домашен терен од РБ Лајпциг во 33 коло во Бундес-лигата и влегоа во ситуација да останат без титулата за прв пат од сезоната 2011/12. Тој пораз го натера извршниот директор на Баерн (Минхен) – Оливер Кан, да ја искоментира состојбата во клубот. „Се чувствувам како се да се распаѓа. Како што одминуваше играта имав чувство дека не можеме да го направиме тоа. Длабоко сме разочарани што ја пропуштивме можноста“ – изјави Кан. Доколку Борусија (Дортмунд) победи на денешното гостување кај Аугсбург, тогаш „милионерите“ ќе избијат на првото место на табелата со два бода…
Фернандо Алонсо вели дека Луис Хамилтон имал многу среќа кога го напушти Мекларен и се пресели во Мерцедес. Британецот со новиот тим освои 6 титули во Формула 1, направи 82 победи, имаше 77 пол-позиции, 143 подиуми и забележа 47 најбрзи кругови. „Мислам дека тој е еден од најдобрите возачи во историјата на спортот и во исто време, имаше среќа да има толку силен болид многу години“ – рече Шпанецот. „Имам голема почит кон него. Низ годините често се среќававме на патеката. Во Австралија во текот на трката бевме на две секунди разлика“ -изјави Алонсо.
Фудбалерите на Македонија ЃП го одбранија пехарот во Купот откако на пенали со 2-0 или со вкупни 3-1 го совладаа составот на Струга Трим Лум на тренинг центарот „Петар Милошевски“ во Скопје. Мечот во регуларниот дел и продолженијата заврши 1-1 откако Македонија ЃП поведе од пенал со голот на Филип Мишевски во 28.минута а стружани изедначија со погодокот на Фатјон Јусуфи во 77.минута. Во пенал-рулетот Таири и Мишевски не погодија во почетокот а потоа Радевски ја погоди пречката. Личина успеа да го совлада Ќосевски а Незири повторно ја погоди пречката. Филип Алексовски не реализираше а Стевковски го одбрани шутот на…
Кошаркарите на Мајами со победа го започнаа финалето на Источната конференција откако триумфираа во Бостон со 123-116. Џими Батлер уште еднаш ја презеде лидерската улога во екипата од Флорида. Тој даде 35 кошеви и направи седум асистенции. Го следеше Адебајо со 20 поени и осум скокови. Во таборот на Бостон се издвоија Тејтум со 30 и Браун со 22 коша.Вториот меч повторно ќе биде одигран во салата на Бостон в сабота во 02.30 минути по наше време.
Градските ривали од Манчестер, Сити и Јунајтед, ќе се обидат да дојдат до потписот на дефанзивецот на Баерн Минхен, Алфонсо Дејвис, објавија денеска дел од медиумите во Германија. 22-годишниот лев бек има трансферна цена од околу 70 милиони евра што не претставува проблем за фудбалските гиганти од Англија. Канаѓанецот кој може одлично да игра и во фазата на напад има договор со Баварците до 2025 година
