Кошаркарите на Мајами со победа го започнаа финалето на Источната конференција откако триумфираа во Бостон со 123-116.
Џими Батлер уште еднаш ја презеде лидерската улога во екипата од Флорида. Тој даде 35 кошеви и направи седум асистенции. Го следеше Адебајо со 20 поени и осум скокови. Во таборот на Бостон се издвоија Тејтум со 30 и Браун со 22 коша.
Вториот меч повторно ќе биде одигран во салата на Бостон в сабота во 02.30 минути по наше време.