Фернандо Алонсо вели дека Луис Хамилтон имал многу среќа кога го напушти Мекларен и се пресели во Мерцедес. Британецот со новиот тим освои 6 титули во Формула 1, направи 82 победи, имаше 77 пол-позиции, 143 подиуми и забележа 47 најбрзи кругови.
„Мислам дека тој е еден од најдобрите возачи во историјата на спортот и во исто време, имаше среќа да има толку силен болид многу години“ – рече Шпанецот.
„Имам голема почит кон него. Низ годините често се среќававме на патеката. Во Австралија во текот на трката бевме на две секунди разлика“ -изјави Алонсо.