Author: dino

Медиумите во Италија открија детали од новиот договор на Рафел Леао кој се согласи да ја продолжи соработката со фудбалскиот состав на Милан. Тој ќе остане кај „росонерите“ до 2028 година и ќе добива годишна плата од 5 милиони евра плус дополнителни бонуси. Неговата откупна клаузула ќе биде подигната на 175 милиони евра. 23- годишниот репрезентативец на Португалија беше купен од Лил во 2019 година за 29,5 милиони евра.

Read More

Фудбалерите, Алекс Окслејд-Чембрлен, Роберто Фирмињо, Џејмс Милнер и Наби Кеита, ќе си заминат од Ливерпул во текот на летниот трансфер период. Тие дефинитивно нема да добијат продолжување на договорите, објави доцна синоќа тимот од „Енфилд Роуд“. За Фирмињо се знае дека преговара со Барселона додека Окслејд-Чембрлејн влегува во радарот на неколку екипи од Премиер-лигата.  

Read More

Менаџерот на фудбалерите на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, не ја криеше радоста по вчерашната победа против Реал Мадрид со 4-0 и пласманот во последниот сезонски меч во Лигата на шампионите. „Најдоброто што можете да го направите е да одиграте неверојатен меч против Реал во полуфинале во Лигата на шампионите. Ја чувавме целата енергија за овој меч“ – вели Гвардиола. „Граѓаните“ во финалето на 10 јуни во Истанбул ќе излезат на мегдан со Интер кој успеа во полуфиналната серија да го елиминира градскиот ривал Милан.

Read More

Тренерот на фудбалерите на Реал Мадрид, Kарло Анчелоти, по вчерашната елиминација од Манчестер Сити во последниот филтер пред големото финале во Лигата на шампионите, вели дека никој не се сомнева во неговата иднина во клубот. „ Претседателот беше јасен пред 15 денови кога имавме приватен разговор. Ќе бидам тука наредната година, ќе се вратиме и ќе бидеме подобри“ – изјави Анчелоти. Ќе потсетиме дека италиајнскиот стратег се споменуваше и како нов селекторот на Бразил, но, очигледно тоа нема да се случи.

Read More

Фудбалерот на Милан, Исмаел Бенасер, кој се повреди потешко на првиот натпревар со Интер во полуфиналето во Лигата на шампионите, бил успешно опериран, објави денеска тимот од Милано. Според наведеното, репрезентативецот на Алжир кој имаше операција на коленото во болницата во Лион, ќе биде надвор од терените најмалку шест месеци. Операцијата е успешно изведена од д-р Бертранд Сонери Коте во присуство на клупскиот лекар на Милан, Стефано Мацони. Одличниот фудбалер од средниот ред во сезонава се појави на 40 натпревари во сите конкуренции и постигна 3 гола.

Read More

Легендарниот фудбалер на Милан, Андриј Шевченко, верува дека „росонерите“ можат да направат пресврт против Интер во полуфиналето од Лигата на шампионите. Нероаѕурите го добија првиот натпревар со 2:0. „Тактички, тренерот ќе го избере вистинскиот начин на игра. Мој совет е да го чека вистинскиот момент“ – вели Шевченко. „Ако Милан подготви шема како да го изненади Интер, тоа ќе помогне. Еден гол нема да биде доволен“ – вели поранешниот фудбалер.

Read More

Тимскиот шеф на Тојота, Јари-Мати Латвала, зборуваше за трансформацијата на Светскиот шампион во рели, Кале Рованпера, коj ја забележа првата победа во сезоната во WRC шампионатот за 2023 година . Финската ѕвезда на Тојота кој беше најдобар во Португалија и се проби на првото место во поредокот, немаше победа 7 месеци односно од релито во Нов Зеланд во изминатата година кога стана светски шампион. „Кале имаше промена по митингот – „Кроација“ бидејќи повторно не успеа да се качи на подиумот. Тоа многу го налути. Во Португалија неговата мотивација беше видлива“ – вели Латвала.

Read More

Антонио Касано, поранешниот напаѓач на Милан и Интер, изјави дека „нероаѕурите“ мора да играат со седум младинци за да бидат елиминирани од „росонерите“. Интер на денешниот реванш од полуфиналето влегува со предност од 2-0. „Интер мора да игра со седум младинци за да испадне. Со или без Леао, тоа е многу мала промена бидејќи Милан е едноставно слаб“ – вели Касано.„Мора да има некаква катастрофа за Интер да испадне. Можеби давам погрешно предвидување“ – изјави Касано

Read More

Малерозниот фудбалер, Пол Погба, повторно заработи потешка повреда и ќе мора да паузира најмалку три недели, објави клубот од Торино. Тоа значи дека за него е завршена сезоната. Францускиот репрезентативец откако имаше подолг период на рехабилитација успеа да се врати во форма но, на мечот со Кремонезе беше принуден да излезе од игра кон средината на првиот дел. Погба најверојатно нема да добие повик да настапи за „триколорите“ во јунските мечеви од квалификациите за Европското првенство.

Read More

Фудбалерот , Ким Мин – Јае, кој успеа со Наполи да го освои Скудетото во Италија, од наредната сезона ќе настапува во Премиер-лигата на Англија во Манчестер Јунајтед. Централниот дефанзивец се согласи во текот на летото да му се приклучи на 20-кратниот шампион на Англија. Екипата од „Олд Трафорд“ ќе плати 48 милиони евра за да го добие неговиот потпис. Репрезентативецот на Јужна Кореја и претходно нагласи дека има голема желба да настапува во англиски состав.

Read More