Author: dino

Ракометарите на Вардар  продолжуваат да се подготвуваат за мечот со Фленсбург во Лигата на шампионите иако еден член на „црвено-црните“ е ставен во изолација откако бил позитивен на ковид-19. Според последните информации заразениот ракометар се наоѓа во добра здравствена состојба. Вардар в четврток ќе се сретне со Фленсбург во Лигата на шампионите а пред дуелот сите играчи повторно ќе бидат тестирани согласно протоколите на ЕХФ. За Вардарци мечот со германскиот состав ќе биде само вториот во тековнава сезона во ЛШ откако поради ковид-19 им беа одложени средбите со Елверум и Пик Сегед.

Read More

Македонскиот фудбалски репрезентативец, Стефан Ристовски, може да замине во Динамо Москва, најавија португалските и руските медиуми. Според нив, трансферот на Ристовски е пред реализација а Динамо Москва и Спартак Москва се клубовите кои се заинтересирани за неговиот потпис. Останува дилемата дали членот на Спортинг Лисабон ќе замине на позајмица или ќе му биде откупен договорот за околу 3 милиони евра. Преодниот рок во Русија трае до 17 октомври.

Read More

Македонската фудбалска репрезентација до 21 година утре на терените на ФФМ ќе се сретне со Израел во дербито на 9 коло во групата 6 за пласман на Европското првенство. Нашиот играч, Јани Атанасов, вели дека тимот е подготвен за големи успеси. „Ни преостанаа уште три меча. Одработивме добро во Казахстан, се надеваме дека ќе продолжиме така.Израел е добар тим“ – вели Атанасов. „Заедно со селекторот, одиме на три бода. Имаме квалитет. Подготвени сме за предизвикот“ – вели Атанасов.

Read More

Селекторот на нашите најдбри фудбалери, Игор Ангеловски, мораше да направи неколку промени во ростерот за мечот со Грузија во рамките на 4 коло од Ц Лигата на Нации. Тој го ослободи од обврските Ферхан Хасани и повика замени за Енис Барди кој има жолти картони и Стефан Спировски кој се жали на повреда. Репрезентативнито дрес сега ќе го облечат: Љупче Дориев и Енур Тотре од Шкендија, Томе Китановски (Македонија Ѓорче Петров) и Дарко Мицевски од Вардар. Четворицата веднаш ќе и се приклучат на селекцијата бидејќи доаѓаат од домашното првенство. Средбата со Грузија е закажана на 14 откомври од 20.45 часот…

Read More

Македонскиот фудбалски репрезентативец во Наполи, Елиф Елмас сè уште е позитивен на ковид-19, објавија денеска медиумите во Италија. На новите тестирања кои ги направил италијанскиот состав, само Елмас и Пјотр Зиелински имале позитивни тестови на ковид 19. Тоа значи дека нашиот интернационалец и натаму останува во самоизолација и нема да може да му се стави на располагање на селекторот Ангеловски за мечот со Грузија.

Read More

Играчот на Милан, Тео Хернандез, по доаѓањето од Реал Мадрид покажа дека е еден од најдобрите на бековската позиција во Серија А. Тој вети дека ако неговиот клуб се пласира во Лигата на шампионите ќе ја офарба косата во црвено-црна боја и ќе го истетовира грбот на Милан. „Се пронајдов тука и се чувствувам како дома. Сакам да останам што подолго во клубот. Наша главна цел е да се пласираме во Лигата на шампионите, ако го оствариме тоа ќе ја офарбам косата црвено-црна и ќе го истетовирам грбот на Милан“ – вети фудбалерот. „Росонерите“ за да ја остварат целта и…

Read More

Уругвајскиот напаѓач, Единсон Кавани, ќе има шанса да настапи со неговиот далеку помлад сонародник, Факундо Пелистри, во редовите на Манчестер Јунајтед. 19-годишниот фудбалер за 8,5 милиони евра беше купен од Пењарол додека Кавани дојде на „Олд Трафорд“  откако му истече договорот со Пари Сен Жермен. „Пелистри е млад типичен играч од Јужна Америка кој ужива во играта. Тој во Пењарол покажа за што е способен. Тој доаѓа во клуб како Манчестер Јунајтед исполнет со желба да учи и да созрева како фудбалер“ – вели Кавани за неговиот сонародник.

Read More

Медиумите од Шпанија тврдат дека тренерот на фудбалерите на Барселона, Роналд Куман, побарал од челниците во јануарскиот преоден рок да му обезбедат врвен голгетер. Најреална опција е ангажман на Мемфис Депај од Лион иако главна цел на Холанѓанецот е фудбалерот на Интер, Лаутаро Мартинез, кој сеуште ја нема продолжено соработката со калчо-лигашот. Иако постои можност Каталонците да се насочат и кон друг фудбалер, медиумите веруваат дека Депај и Мартинез се приоритет.

Read More

Кристијано Роналдо, еден од најдобрите фудбалери во историјата откри дека планира да се повлече од репрезентацијата на Португалија во 2022 година веднаш по Мундијалот во Катар. Голгетерот кој тогаш ќе има 37 години не планира да продолжи да игра во репрезентативниот дрес на Европското првенство во Германија закажано две години подоцна. Бидејќи Роналдо има договор со Јуве до крајот на јуни 2022 година, најверојатно по тој термин ќе се пресели во шампионатот на Соединетите Американски Држави.

Read More

Претседателот на фудбалскиот состав Интер, Стивен Жанг, преговара со неколку компании од Кина за спонзорски договори. Според „Кориере дело Спорт“ , екипата од Милано сака да го замени сегашниот спонзор  – „Пирели“ чие лого стои на дресот на „нероаѕурите“. Наводно италијанскиот состав има неколку добри финансиски понуди за спонзорство кои доаѓаат од Истокот. Се претпоставува дека станува збор за компанијата  – „Hisense“ која е активна во бизнисот со електрична опрема.

Read More