Денеска во салата „Билјанини извори“ во Охрид ќе стартува завршниот Ф4 турнир во ракометниот Куп на Mакедонија во машка и женска конкуренција.
Во полуфиналето кај мажите од 17.30 часот Еурофарм Пелистер ќе игра со Пролет додека од 20.00 часот Алкалоид ќе излезе на мегдан со Вардар.
Кај ракометарките утре Вардар ќе игра со Ѓорче Петров додека Металург за противник ќе го има Куманово. Финалните натпревари во двете конкуренции ќе бидат одиграни в сабота.