Симоне Инзаги не крие дека е презадоволен со вчерашната победа на теренот на Милан во првиот меч од полуфиналето во Лигата на фудбалските шампиони. Неговиот тим Интер успеа да постигне два гола во перидот од 8 до 11 минута преку Џеко и Мхтаријан и да си обезбеди добра предност за реваншот во вторник. „Презадоволен сум, одигравме извонредно прво полувреме и можевме да дадеме повеќе од два гола. Сега нѐ чека меч пред нашите навивачи и сите сме свесни дека ништо не е готово“ – вели тренерот на „нероаѕурите“.
Author: dino
Нашите најдобри ракометари ќе играат со Франција, Германија и Швајцарија во Групата „А“ на Европското првенство 2024 година кое ќе се одржи во Германија. Во групата „Б“ влегоа: Шпанија, Хравтска, Австрија и Романија. Во групата „Ц“ ќе играат Исланд, Унгарија, Србија и Црна Гора. Во групата „Д“ ќе бидат: Норвешка, Словенија, Полска и Фарски Острови. Групата „Е“ ја преводи бранителот на тронот Шведска, тука се и Холандија, БИХ и Грузија. Во групата „Ф“ се сместија: Данска, Португалија, Чешка и Грција. Eвропското првенство во Германија ќе се реализира догодина од 10-ти до 28-ми јануари.
Ракометната федерација ја прекина спогодбено соработката со селекторот на жените, Љубомир Савевски. -Ракометната федерација на Македонија ја известува јавноста дека македонската куќа на ракометот и г. Љубомир Савевски, на 05 мај 2023 г., взаемно се спогодија да ја прекинат соработката околу ангажманот на женските македонски ракометни категории – се вели во соопштението. Савевски ја предводеше Македонија на Европското првенство а потоа доживеа неуспех во баражот со Украина за место на Светското.
Џенсон Батон, шампион во Формула 1 во 2009 година, вели дека Луис Хамилтон ќе остане во екипата на Мерцедес и ќе се бори за осмата титула. Договорот на 7-кратниот светски шампион истекува на крајот од сезонава. „Мислам дека Луис нема да ја напушти Ф1. Кога победувате толку долго а потоа сте надвор од игра, дефинитивно сакате да се вратите на врвот“ – вели Батон. Британецот неколку пати изјави дека нема намера да ги напушти Формула 1 и екипата на Мерцедес, но, досега не потпиша нов договор.
Трката ХалкЕко Скопје трча 10км, ќе се одржи на 7ми мај (недела), со почеток во 09:00 часот. Стартот и целта ќе бидат на булеварот „Илинден“ кај фонтаната „Лотос“. Организатор на трката е Сојузот на спортови на Скопје во соработка со А.К. Работнички и Триатлон федерација на Македонија а главен партнер е Халкбанк АД Скопје. Покровители на трката се Градот Скопје и Агенцијата за Млади и спорт. За првите 5 места во машка и женска конкуренција, ќе има парични награди. Пријавените тркачи стартните пакети ќе можат да ги подигнат на 5ти и 6ти мај (петок и сабота), од 11 до 19…
Актуелниот спортски директор на ФК Барселона, Матео Алемани, ќе го напушти клубот на крајот од сезоната и ќе замине во Астон Вила. Тој во Англија ќе добие многу поголема плата. Алемани заработува 1,4 милиони евра од каталонскиот гигант но, се очекува Астон Вила да ги зголеми неговите примања на 5-6 милиони евра. 60-годишниот Шпанец како причина за разделбата со Барселона го наведе „новиот професионален проект“.
Челниците на фудбалскиот состав Тотенхем размислуваат да испратат понуда за тренерот на Спортинг Лисабон, Рубен Аморим. 38-годишниот Португалец исто така сака да се пресели во клубот од северен Лондон. Поранешниот репрезентативец на „европските бразилци“ седеше на клупата на Бенфика од 2008 до 2017 година а потоа беше тренер на Каса Пиа и Брага. „Спарси“ по заминувањето на Антонио Конте, улогата на времен тренер му ја доделија на Рајан Мејсон.
Кошаркарите на Реал Мадрид доцна синоќа го совладаа Партизан во Белград и се изборија за мајсторка. Последниот меч во Мадрид ќе го даде патникот за Каунас на завршниот турнир во Евро-лигата .Во преполната Арена шпанскиот тим успеа да триумфира со 85-78 и да изедначи на 2-2 во победи. Тренерот на „црно-белите“, Жељко Обрадовиќ, изјави дека еден скок го одлучи победникот.„Еден скок. Еден скок одлучи! И кошот на Таварес. Ги промашивме отворените шутеви и бевме брзоплети“ – изјави Обрадовиќ.
Тренерот на фудбалерите на Манчестер Јунајтед, Ерик Тен Хаг, го критикуваше судијата за досудениот пенал за Брајтон кој практично го реши победникот. Домаќините погодија во самиот финиш и му го нанесоа осмиот сезонски пораз на тимот од „Олд Трафорд“. „Јасно е дека за пеналот имаше играње со рака но, не сум лут за тоа. Лут сум за прекршокот кој беше досуден пред корнерот кој заврши со пенал“ – вели Тен Хаг. Неговиот тим остана на 4 место на табелата со 63 бодови и со реални шанси да се избори за место во Лигата на шампионите.
Финалето од плеј-офот во НФЛ лигата во кое Канзас Сити ја совлада Филаделфија со 38-35, е најгледаниот – „Супербол“ во историјата покажуваат новите податоци. Иако беше објавено дека бројката е 113 милиони, сега агенцијата „Нилсен“ ја ревидираше и таа е 115.1 милион. Со тоа е надминат рекордот од 2015 година кога просечната гледаност на мечот Њу Ингланд – Сиетл беше 114.8 милиони.
