Џенсон Батон, шампион во Формула 1 во 2009 година, вели дека Луис Хамилтон ќе остане во екипата на Мерцедес и ќе се бори за осмата титула. Договорот на 7-кратниот светски шампион истекува на крајот од сезонава.
„Мислам дека Луис нема да ја напушти Ф1. Кога победувате толку долго а потоа сте надвор од игра, дефинитивно сакате да се вратите на врвот“ – вели Батон.
Британецот неколку пати изјави дека нема намера да ги напушти Формула 1 и екипата на Мерцедес, но, досега не потпиша нов договор.